Дали ќе биде подобро? Дали не е предоцна... Не, не за нов почеток, туку за баш оној прв, невин почеток? Дали има време, или пак времето не е опипливо, и е само ментална слика и проекција на нашите сопствени стравови и пречки? Дали на времето воопшто му е гајле што имам 25 години и ништо не сум постигнала во животот? Или пак само мене 25 години ми се многу време, а останатите 50 години, премалку? Или пак е погрешно време за се? Или пак им поминало времето за некои работи, и никогаш нема да се создадат услови за истите? Дали после многу време, ќе ми биде жал за се она што не сум го сторила во она, минато време? Или пак веќе ми е жал уште од сега, за се она што ќе жалам во едно идно време? И дали воопшто и имам време? Не, не се реторички прашања. Потребно е некој да ми каже, да ми помогне. Да ме утеши, или пак да ме дотепа... Сакам да знам... не можам повеќе. Не можам се сама, немам сили, немам волја... Сакам да живеам, а не знам како, затоа што никој не ме научи... Никој не може сам цел живот... Па ни јас. Имам премногу време, за да бидам сама...
Може ли некој да ми ја објасни разликата меѓу машки и женски жилет?! И зошто девојките, залажани од тој маркетиншки трик, се во состојба да сменат 3 локални продавници и да излезат со празни раце, затоа што бричот не е розов?! Друго, кажете некој лек против мрза, деконцентација и крајна немотивираност да се научат (е***и ) 100 страни? 55 стр. ги влечкам веќе 2-3 дена
Преку нејзината фирма си купувал работи за лична употреба. Меѓу остснатите ставки, има ставка "долна облека 500 евра". И народов сеа си прави евтина забава од ова демек гаќите и коштале 500 евра, невиност враќале, прдела во гаќи од 500 евра, дрн-дрн и други "пресмешни" твитови. За гревови сме ( од секоја страна). http://www.libertas.mk/majkata-na-i...mnichenata-kupuvala-dolna-obleka-za-500-evra/ Еве линк
Знаете, луѓето не си одат од државава само ради немање работа и пари. Си одат оти не можат да го поднесат овој менталитет и оваа проста раја. Читам некои теми и не ми се верува кои муабети се вртат, од млади луѓе што треба да се образовани и со отворени умови. Толку огорчени муабети, толку излишни коментари, толку прости сфаќања. Не ми се верува дека во 21 век уште некој размислува како што размислува. Продадени души. Сите се жалиме колку ни е срање државава, ама срање е од нас луѓето, од овците кои живеат овде и кои си ја продале душата по партии и парламентарци. Толку бездушен и себичен народ, толку неинформиран, неначитан, а желен да соли памет и да се прави како демек најачи сме. Ми се повраќа од се, од државен систем, од институции, од партии, власт, газолижачи, од прост народ, од некултура и беда. Може животот така не натерал, ама сепак мислам дека не, сами сме си криви. Додека сме овци ќе не стрижат.
СДК дека од сега па натаму, секое едно денарче кое што нема некому да му го подарам или позајмам, без разлика на кого и да било(со или без "причина"), истото ќе го сметам за повторно и уште послатко заработено
Сакам да кажам дека ... Колоквиумска недела е во тек. Што ако е во тек кога јас не сум во истиот тек. Поголем стрес за мозокот од оваа недела нема. И сега како повеќето си бараат друга занимација за утеха и смирување така и јас. Но јас не барав нешто забавно прејдов на музика. Јас во глобала не слушам музика, а кога слушам ништо друго не правам пошо за мене слушањето музика е активност а јас не сакам мултитаскинг и затоа Муабетот ми беше дека јас не слушам транс, некако мозоков не поднесува али сега каков транс сум нашшл абе уживање еј. Не знам дали е до овој конкретен транс или сега ситуацијава ме прави да го засакам Како на дрога сум, уих шо убав ефект. Полека ги сфаќам љубителите на музикава и конзумерите на дрога РОКАААААМ !!!!! Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
До кога со омаловажувањето и исмејувањето другар пред другари? До кога со отварање болни теми и создавање немир во душата? До кога со правење лице и одење контра? До кога со глупирање за да испаднете интересни и смешни? До кога со гледање под око и смеење под брк? .................. Само јадови и разочарувања знаете да правите. Нормално, за друго и не сте способни.
Сепак постоело временска машина, а тоа е музиката. Доволно е само еден звук, една строфа или стих за да се вратиш во минатото за секунда. Сите спомени, случки и луѓе од минатото, пак ќе ги почувствуваш околу тебе за момент. Магија... Ете мозок како се лаже...
Иако сум дел од возрасниот свет душата ми се исполнува со топлина кога ќе ми кажат дете. Јас волкава кравичка ,одам на факултет, а тие мене дете ... За момент се осеќам толку мала, наивна, баш како дете. На сите ви посакувам убав ден исполнет со насмевки и не заборавајте ако имате лош период, се чувствувате лошо на се има крај. По дождот доаѓа сонце.