Се би дала, само да не го изгубам него. Се би дала, само да го имам лекот и да го излечам. Се би дала, да го гледам здрав и насмеан. Ама, секогаш постои тоа ама Нема лек, само времето ни преостанува. Не знаеме ни дали се денови, недели, месеци, па и година дури. Ништо не знаеме ! Многу е тешко кога знаеш дека некој умира, ама не знаеш кога ќе биде тој момент. Чекајќи го тој момент, демек се подготвуваш за тоа, ама никогаш нема да си подготвен. Спојлер Те мразам лоша болест, Ти си болест со остри заби што силно гризе и не попушта.
Убав е градскиот парк за време на сончев викенд. А уште поубав е за време на сончев работен ден, а ти си заглавен(а) до гуша со обврски.
Луѓето што најмногу ти значат, излегуваат од твојот живот прерано,додека оние помалку важните никогаш. А давежите се постојано до тебе! Преземено е од една страна не се секавам која беше.
Дека сакам да си легнам во мојот кревет е сосема очигледно. Ваквото променливо време ме убива, ме прави да се чувствувам старо. Изгледа топло а всушност тешко време. Баба Марта уште малку и те испраќаме.
Тешко ми е. Можно ли е? Со два збора да ми го уништиш денот? И ти ли си човекот за мене? А јас, по кој пат ќе верувам на сите срања како "те сакам" и "засекогаш" ? Не. Не сум среќна со тебе. И многу пати бев повредена. Ужасно ми треба некој да ме ислуша. Нека не зборува ништо, само нека слуша. Ужасно сакам да се исплачам пред некого. Не затоа што животот ми е лош или нешто слично туку затоа што се потпирам на многу погрешни луѓе. Затоа што верувам на таквите. И затоа што не знам да се сменам.
Се што сакам е твоето внимание. Се прашувам дали некогаш ќе го добијам во онаа количина во којашто го сакам? Дали е себично ако очекувам за возврат исто онолку колку што ти давам?? Изгледа е. Можеби треба и јас да почнам да правам се што сакам без да се замарам со тебе и на крај тебе да те обвинувам за се, па да видиш малце и ти како е човек да е во врска со некој како тебе. Ама јас никогаш нема да успеам да се однесувам така кон тебе, колку и да сакам. Мразам што имам премногу за учење, а јас се што мислам е дали ќе ми се јавиш побргу, каде си, со кого си и што правиш... Е баш сум глупава бе... Едноставно имаш далеку посилен карактер од мене. Тоа е тоа. Се правам многу силна со сите, а кога си ти во прашање паѓам за секунда.. Мислев дека сум многу емотивно стабилна и силна, затоа што имам храброст да се соочам со другите, не се плашам да си го кажам мислењето јасно и гласно, не се плашам да се борам и да се спротивставам... Ама сега, сега сфаќам колку сум само слаба... Не се покажува силата во односот со оние за кои немаш никакви емоции, туку со оние за кои срцето те боли...
Едвај чекам да дојде Мај да си идам на патување да се ослободам од учењето од здодевните секојдневиа кои ми идам на живци
Понекогаш се плашам од среќата. Исто како што по дождот доаѓа сонце, дали по сонцето доаѓа нова бура? Дури кога станувате смртно исплашени од загуба, сфаќате колку некоја личност всушност ви значи. Се` што сакам, се` што барам е да остане до мене. Во моментов ништо друго не ми е потребно.
Имам пишувано дека имам многу убав однос со очувот мој, но знае да биде апла напорен. Не знам дали му се прави муабет или стварно е напорен. “Како си? Зашто така се осеќаш? Што ке правиш сега? Па како така? Мислам дека не ти е добро, можеш да ми кажеш. Како тоа ништо не ти се прави? Добро ли си? Сигурно ли? ....“ А не смеам да повишам тон јер брзо се лути, па морам смирено онака збор по збор да објаснам зашто ништо не ми се прави вечерва
@Minnie 1 Јас го деактивирав денеска баш од таа причина..Знаев дека ќе напнат, а мене болка за ушите ми е таа Цеца Ќе чекам некој ден да им помине еуфоријата па пак ќе си го активирам Инаку СДК дека многу ми се спие, а сон не ме фаќа..Пак ќе ме раздени и пак во темно ќе станам.. Втора работа, си слушам македонски евергрини и ми се враќаат убави спомени од едно преубаво време 
Знаеш дека по добар пат си тргнал кога на Facebook немаш пријатели што биле на концертот од Цеца и немаш проблем со скролање на почетна. А добро што ги нема веќе ни оние кои пишуваат статус штом заврне снег.