Додека се фативте за кучињата,што правиме со собрајќајките и брзото возење во Скопје и пошироко заборавивте на тоа нели Кучињата се криви и за жртвите прегазени од луди шофери.(утре може следен да бидам јас а и вие) Мене ова повеќе ми смета што секој ден сум очевидец на луди шофери како ќе згазат некој алоо Секој ден влагам во конфликт со татини Скопски п... што глумат шерифи по градов па ако застанам на пешак или свири,пцуе,или ме тица(А ПЕШАКОТ)што јас затанав на пешачки прелаз зебрите да ги бројам луди сме ние што возиме нормално. И све за тоа криви се Б.Ц и кучињата ахх Македонијо земјо мила тешки копуци те газат. Секогаш невините се виновни Читам,слушам се родила голема желба да се отрујат/успијат уличните кучиња. А шоферчињава што дивеат со коли,мотори кога ќе дојдат на ред све ги прерипуваме нив? Кога веќе труете прво нив Ај добра ноќ мене нема да ми биде ќе ме акнеше едно теле ми влезе во моја лента му сметав во влагање макази(цик-цак)се брзал да купи отров можеби.
Тече времето. Минува животот. Се губат луѓето. Се забораваат случките. Избледуваат кажаните зборови. Но секогаш, остануваат емоциите кои ги предизвикале тие. Затоа, не потценувајте ја моќта на вашите зборови кон личноста на која ги упатувате!
Сакам да кажам дека ти жено не си од оваа планета како знаеш да утешиш човек како знаеш толку добро да ги изразуваш емоциите што ги чувтвуваш значи секоја честт ти симнувам капа до под ♡BuBaLe♡
Ова инсомнијата била страшна работа. Ама незнае човек, дур не осети на своја кожа. И еве си дремам, а сабајле сум на работа. Ќе бидам зомби цел ден. Со подочњаци до земја.
Многу сакам да се променам, многу. Преку глава ми е да бидам воспитана, културна, фина, да имам време и да се грижам за сите. Како да се ставам јас на прво место, како да ги ставам моите потреби и желби на прво место? Како да им покажам на луѓето дека сум свесна дека ме искористуваат? Зошто им дозволувам на луѓето со нивните постапки да ме повредуваат? За се сум свесна, ама не сакам да се расправам, па се повлекувам. Така сум воспитана. А, не сакам да е така.
Во глава толку многу планови за иднина.. Што после ова? Ама нема решение.. Како да се реализира се што е замислено. Тешко е.
Да чекориме напред,да живееме секој ден полни со позитивни мисли и среќна,да не дозволиме минатото да владее со нас и да се навраќаме назад,дури и плановите за далечна иднина се лоши. Живееме сега во овој момент,да уживаме во животот заедно со нашите најмили.
Кога и да помислиш да се откажеш... само сети се колку труд и време си потрошил за да дојдеш до тоа место на кое што се наоѓаш...
Читам статус на фб: - Денес ми беше досадно. Случајно во кујната видов мравка, па зедов неколку зрна шеќер и и ги оставив пред неа. Таа замина да ги викне други мравки на помош. Ги гледам од далечината доаѓаат повеќе мравки за да го соберат шеќерот.... Пред да се приближат ги тргнав зрната шеќер........ Другарките мравки нека ја мислат за лажга таа мравка што ги викна. Колку сме креативни при досада
JollyGirl мравките и ден денес ми се мистерија и многу ги сакам. Како мала со деца од маало си зимавме мравчиња и ги стававме у некое плитко вирче. Да научат да пливат де. Им стававме лушпи од сончоглед у близина на домот нивен, да не се мачат да пешачат толку многу.
СДК дека ми беше потребен овој одмор. Денеска се разбудив со полна снага, наспана, одморена. Вчера се прошетав на планина малку, се одморив од градот, од луѓето во него и се вратив свежа. Да можам секоја недела би си идела на некоја планина за да наполнам батерии.
..дека на форумов има МНОГУ исфрустрирани, искомлексирани, неостварени, злобни, недораснати итн. жени, девојки, мајки, краљици... СТРАШНО!
Денеска ги видов најубавите мили детски очиња, крупни, сини со убав сјај, полни со надеж, среќа, верба во оној кој ја држи нејзината рака, кој е нејзин заштитник, полни со љубов, смиреност. Ми го освои срцето со само еден поглед, толку убава невина душа, со прекрасна насмевка ми ја стопли душата, ме разнежни. Посакав да е моја ќеркичка, да ја гушнам, да ја шетам, да ја чувам, да ја гледам како расте. Посакувам засекогаш да биде среќна и спокојна како денес, никогаш да не почувствува болка и разочарување, никогаш да не пролеее солза. Ми ја стопли душата со тие свои очи, таа убава насмевка и тие мали рачиња.