Јас имам една порака до Универзумот. А тоа е дека сум спремна за нови искуства и нова љубов во живот. Спремна сум за нови позитивни работи, спремна да ја почувствувам сета негова љубов што до сега не знаев да ја примам. Него го прашувам брат ми дали има девојка, вика да имам се вика Марија. И му викам ај раскажи ми за Марија и вели, абе не, не, згрешив се вика Изабела
СДК дека се чувствувам и психички и физички изморено, истоштено, поспано.. Вечерва од 10 си легнувам. А и меѓу омилените ми е чувството кога знам дека нема да се разбудам со глупиот аларм утре. Лека ноќ
Денеска животот ми докажа дека е ролер-костер.Во еден ден ми се случија и најубавите работи и најлошите.Горда сум на себе што успеав со се да се справам.Многу луѓе ми пружија морална поддршка,им благодарам бескрајно од се срце.Многу ми честитаа на успехот...Од некои добив и негативни критики.Да беа пред мене сите оние кои негативните критики го кажаа од завист,сите оние кои ме зборуват зад грб,би им рекла:Фала ви што празнината во својот живот ја пополнувате со мене.Фала ви што ме мотивирате уште повеќе.Фала ви што ме правите посилна. Добра ноќ hug:
Само тогаш кога ке изгубиш се она што си се плашел дека ке го изгубиш и моментот кога ке колабираш во пепелта од која мислиш нема назад, се случува најневеројатното нешто на светов полн мистерија и горчливо-слатки парадокси. Ново раѓање и издигнување на најневеројатната верзија од нашите битија ослободена од најголемите окови страв што значат !!
Кога се излегува од кружен тек, се дава жмигавец. Другите возачи не ти ги читаат мислите! Не е јака филозофија или поезија, али морав да го пишам
Добро е помина вирусов се оправив,малце и на килажа ми симна одлично.Работната недела за мене од денеска почна,па ајде со добро нека е.
Сакам да кажам дека скоро сум сигурна дека ќе имам еден предмет помалку следниот колоквиум. Ах бизнис, како те ставаат само сопки да ми прајш.
Sdk nadvor sonce I si vikas ohohoh ke ima setkanje I svakjas op nadvor ladno e, bebe nemozes da izneses....
После опасно бурна недела, конечно кафе на мирот со surprise surprise Мирот. (коинциденција?! I don't think so ) Сонце и студ. Јас и тој. Стоиме во тишина. Јас тука, тој таму. По некој поглед упатен во меѓувреме, што укажува на кој до каде му е границата. Најубавото друштво за кафе. Спојлер: Мистер Пис
Не ја сфатив поентата за користење на снепчетот. Која е поентата на зајакот што рипа со лик од вашето лице? Ширење позитива? Ма не, излезете надвор, рипајте, скокајте и ширете позитива.
СДК дека сакам само да ми се јави и да си бидеме добри... ќе ја ценам секоја мала работа овој пат. Ветувам
Во глава ми се вртат едни макарони со сецкани печурки на подравка што се припремаат за 10 минути и само чекам да завршам со работа и да идам дома да си направам. Кога ќе се навртам на нешто, значи нема спас. Како ги открив па до сега мислам дека рафтот со тие макарони во маркет само ја им го испразнив
Убава работа била оваа генералкава. Земеш чистиш непотребни работи исто и со животот. После можеш да си се почастиш во овој случај со генералкава со едно кафенце и тишина.
Сакам да кажам дека .. Ух како чекам да заврпи колоквиумскава недела за да се ослободам од заморов. Инаку исто така по завршувањето периодот сам по себе ќе си донесе потопло време. Искрено да ви кажам едвај чекам да отидам под некоја палма несреќно исушена во центарот на градот да си си го ладам под сенка Знам дека ова што го кажувам нема логика, нели ? - Но видете вака. не ми е мене до сенката толку многу иако знам дека ја нема но поентата е да искорисам што и да е додека веќе се потрошени толку многу пари. Да не одат за џабе, после ќе велат ние сме биле народ кој не почитува услуги од јавен интерес. Така да еден апел до сите, ајде сите заедно да ги искористиме бенефициите од палмите во нашиот град и да присобереме што е можно повеќе додека целосно не се отстранат така исушени. #СкопјеДеМајорка Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Зошто ја немам таа среќа да пијам кафе во 7, 8 сабајле во рандом кафич. Да уживам во свежиот ранобуден зрак и ветер. Времиња.. Се навикнуваме на секоја ситуација но секогаш мечтаеме по она што ни греело срцето .