Месец март е во залезот... И оваа година не пропушти да не потсети на неговите девет ума. Распространи облаци, ни испрати ветер, го повика сонцето и вклучи енормно висока температура за неговата моќ. Ни покажа дека време е да ја кренеме рачната и да ја намалиме брзината затоа што така не се стигнува до целта. Во полн ек одлучи да ги повика студените утра и да не обвитка во топлата облека за да ни покаже дека променливоста во расположението е непредвидлива особина. Изненадувачки зачудувачка е кога таквата карактеристика ја препознаваме кај оние што најмалку очекуваме да ги видиме во поинаква епизода од серијалот наречен живот. А ги има во секој ред се повеќе т.н. личности подготвени за непријатни изненадувања...
Милион пати имам филозофирано за самодоверба, за љубов, за болка, а баба ми велеше „тој што се криел цел век од болката не пораснал, не создреал...“ и ете ме, жив сведок на бабините зборови.... Пред некое време, здрава, права, насмеана, со сјај во косата и соништа рој одев со главата наведната, верувајќи на погрешните очи дека не вредам....дека сум ништо битно... А сега...е сега со пола здравје, со бескрајни болки низ телото, со непроспани ноќи, со гладен стомак и видливи отоци на лицето ете одам со главата горе.... со спокој во градите, со мир, со љубов спремна да ја споделам со сите оти вредам, оти можам, оти треба... СДК сакајте се себе, кога најмногу боли....и тогаш ете тогаш главата најсилно горе!
Гледам некои везени кошули во мода, па цветче, па ружичка, па што ти знам, уште малце и миленце Сега кога ќе се фатам да везам, сите кошули до една ќе ги навезам, по најнова мода. Не, се шегувам, ниту знам да везам, ниту сакам да носам везено. Тоа за во чеиз со се јамболиите Угрхнгњ Понекогаш навистина не сакам луѓе. Напорни ми се. Овие денови ми се такви. Треба да ми се даде медал за трпението и насмевките и тапшањето по рамо што го пружив. Всушност луѓето секогаш се напорни, не, всушност односите со луѓето се напорни, и за да функционира мора да вложиш од себе. Можеби затоа не сакам да се дружам со познаници, или подалечни пријатели. Напорно ми е. Ама овие денови се ми е напорно. А најнапорна сум си самата на себеси. Енивеј, се прашувам на кого му текнало прво да ги црта бактериите по рекламите за средства за чистење. И зошто баш мора да изгледаат речиси секогаш слични или исти. И каква врска имаат пајчињата со тоалетната хартија. И зошто речиси секогаш мора да се жени тие во рекламите што ќе зборуваат за детергенти за перење. Или што ќе им даваат храна на децата. И зошто постоиме и дали ќе потонат континентите и цела планета ќе остане една голема водена топка и слични прашања што секому му текнуваат во вторник навечер. Чекај...вторник сме така?
Во Италија се разгледува предлог закон за на секоја вработена жена, месечно да и се даваат по 3 ПЛАТЕНИ слободни дена, кога има менструален циклус. Кога има отворен ден за предлози кај нас? Кај нас ова нешто би дошло за 50тина години
Сдк секогаш кога и да имав пари во мене знаев многу убаво да ги штедам, и чувам ете си ги собирав во шише, никогаш не се знаеше за што ке ми требаат, и на што ке ги потрошам, и што ке купам, таква си бев научена од мала нога, да си штедам, и еднаш дедо бог да го прости ми рече парите не се за чување, парите се за трошење, да во право бил, не викам не, ама јас знаев да му речам секогаш дедо барем неколку дена нека ми постојат во новчаник, па ке ги потрошам ке ми речеше браво дедино мое, затоа секогаш ке имаш пари, право домакинче си ми ти. Научив дека животот е многу краток, да не треба да ги чувам парите, како што си знаев јас да ми стојат, по 2, или 3, месеци, ама ете си штедев, за да си имам секогаш, небитно за што. Ама денеска си реков, ке штедам пак, ама не до толку многу. Ако ми затреба нешто, без оглед дали за дома, или за моите, или за мене ке одам одма ке си го купам, пошто секогаш парите ги трошам највеке за мајка, или за дома, или за цвекиња а и си тргам на страна за искачање секогаш, мајка, како мајка ке ми рече, керко ај купи си за тебе нешто, доста само за дома купуваш и за мене, ааа не секогаш си ми ти на прво место мајко моја па после јас, ама ич да не се секираш за мене, знаев да речам дедо боже ке даде повеке...биди ми ти жива и здрава, па парите не се битни ама ич, на што ги трошам, и каде. Ете толку имав да кажам.
Ме мава некој депресивен период, исполнет со страв но и со промени. Си купив книга денес, си ја посветив на самата себе. Ке ви ја пишам тука посветата, п.с. посветите што ги пишувам па и за други ми се сите како есеи... јбг сакам да пишувам Идеме: Од мене за мене: “Секој крај е нов почеток. Крајот не боли туку лажните надежи што ги гаиме во нас. Учи од грешките, во спротивно ке ти се повторуваат. Промените не се болни, напротив, тие се убави и интересни. Пред тебе имаш бел лист и се креираш таква каква што сакаш да бидеш, затоа и служат промените. Ти си битна и потребна. Задржи си го ставот а смени само тоа што не чини. Запомни дека ниедна болка не е вечна, дур да трепнеш ке ја снема. Сврти се кон нешто убаво, како на пример кон тебе. „ Ова нека не биде само посвета за мене, туку нека биде и за секој еден од вас што се чувствува лошо. И вам, кои поминувате низ некаков лош период, ви посакувам што побргу да ви мине и да излезете сменети кон позитивно. Со нови и позитивни искуства. Секој еден од вас го сакам.
Наидувам на песна на youtube што не сум ја слушнала со години. И си се смеам зашто сум глупава што сум дозволила таков бисер да го заборавам. Слушалките на уши, ја пуштам до крај и експресна промена на расположение. Оној момент кога песната те гаѓа во срце и солзи идат на очи Ова е тоа..
1. Никој не е за жалење.. 2. Не верувај никому ... 3. Не простувај ... Доста лекции за март сум научила... СДК...
Супер ми е учебникот.. Но сепак..и супер е релативна работа Секоја планина, своја тежина...ниту ќе ги решам сите проблеми во светов ако ги жалам сите со маките нивни, ниту некој ќе се поправи ако простам и продолжам понатаму.. Едноставно... простувам само во себе и за себе. Не и за другата страна..
Го знаете она чувство кога имате добра вест која што сакате да ја соопштите, а личноста со која што сакате да ја споделите не е повеќе во вашиот живот? Да, тоа грдото чувство... Со тврда грутка во грло, душа полна со гнев, а срцето се стега. Човек кој е меѓу живите, а всушност не постои. Солзите сами течат како и секогаш. До кога вака?
Оној што е научен да се упикува-пика,ке се напика сегде. Под туѓи пазуви,во туѓи гаки,на туѓа маса,во туѓа куќа... Способност. Не секој ја поседува. Ама колку мирно спие? Само сам си знае.
Чудно ли е што повеќе сакам кучиња од луѓе? Животна желба ми е некој стационар за животни, место каде што би ги згрижила уличните животни и би им пружила нега на загрозените, за да на крај се вдомат во некое семејство, но само кај искрени, вистински љубители. Живеам во заблуда, знам, тоа кај нас не е можно, но поентата ми е - животните се искрени, те сакаат искрено, чисто и со цела душа, едвај чекаат да си дојдеш дома да ги погалиш, да си поиграте, те следат секаде како најдобар пријател и се неизмерно благодарни за се' што им пружаш. Луѓето, од друга страна, веќе се се' освен луѓе. Друга работа, смачено ми е веќе да се смеам од култура и да слушам празни муабети на работа. Се препознав во постот на @kravce тотално, не сум за меѓу луѓе периодов, не сакам да ги гледам и слушам, сакам да се изолирам некаде, окружена со моите кучиња, да впивам чист, свеж воздух и да се отсечам од се' што ме поврзува со човечкото. Трета работа, не можам да поднесам луѓе што не се бањаат и не водат основна хигиена за себе! Не мора скапи парфеми, средства за капење и слично, сапун, вода и шампон луѓе, аман! И стик/дезодоранс/антиперспирант. Четири работи се, како си дозволувате на луѓето да им се згади кога поминувате покрај нив, кога работите со нив секој ден? Нели ви е срам??? Доаѓа на работа во 08.00 сабајле и смрди на манџи, пот, небањато.. Се' измешано Гадно е, грозно е и непочитување е спрема сите околу вас, а најмногу спрема самите себеси. Освестете се, побогу! Средава сум наоштрена нешто, се' ми смета, ама не можам да поднесам луѓе веќе. Ми треба одмор, така подолг малку