Ниедна лузна и повреда не боли колку збор кажан во нервоза...Макар и 1000 извинувања да добиеш после тоа. Кога некој ти прави чест за нешто (ти честита роденден, нова работа, или диплома), тогаш насмевни се и возврати му со убав збор што се сетил на тебе, а не да изигруваш лудило....Па дури и да не ти е мил човекот...Сети се дека некој одвоил време и ти го посветил тебе.........Но за жал толку им е културата на некои. Домашна култура во минуст...Ама старите како викаат: Теле се учи, а не вол. #разочарана #од #луѓето #засекогаш #не знам #да користам #хаштаг #попот #тропнал дома #заВелигден #ама #никој #не го слушнал #сега е #во минус #за #100 денари
Број 152 имаш посета Стазата не кеј тоа црвеното е за точаци,ролери не за корзо по сред стаза,лево,десно треба нешто да се почитува пред друг да биде виновен.Утре со сирена од воз ќе возам точак. Одиме по невестата дал ќе ми ја дадаааат
Колку сакам само бар да избегам за ден два од ова секојдневие. Таа меланхолија во себе што ја држам со месеци и покрај се да ја збогатам со нешто ново, нешто што не сум го можеби и толку посакувала наназад.. Нешто што ќе ме смири и ќе ми даде енергија, воља, воља за себе и за малото.. за нас. Да се намсмееме од срце, да се погледнеме додека ќе ни сјајат очите од задоволство и утеха.. да се бакнеме и силно да се гушнеме во името на животот. Колку сакам да ме фати сонцето, да испијам кафе некаде или може некој коктел покрај некој базент додека ме пече сонцето, да ставам очила и да гледам палми.. заливи и бранови. Да облечам купаки и да дремам.. да дремам онака поштено без да станам да правам ручек или да средувам банални работи низ домот. Со денови ги набљудувам купаките.. ама. Ама не ми требаат сега. Колку само сакам да отидам и да здивнам со малото покрај луѓе што ми значат, да шетам и да разговарам.. Ама.. И вака ми е супер.. убаво. Поубаво од мене него и малото немам на овој свет. Мир, спокој и тишина што ми вредат милион долари со многу љубов. Убаво ми е и вака.. но.. Ме турка сепак авантурата, сонцето и промената. Ќе биде. Се ќе биде во свое време и на свое место. Се додека не се изборам со огромната тежина на душата нема да запрам, нема да избегам и нема да си заминам. Ќе го достигнам она што треба, животот, радоста и поткрепата. Знам дека ќе успеам, ќе успееме.
...злото никогаш не спие. Ничии солзи не останале ненаплатени. Но, дали тој што ги пролеал ќе е тука да го види причинителот како ги лее?
Жените се како мачки викни им еднаш и не се вракаат повеке, а мажите се како кучиња, секогаш се вракаат.
Еволуција. Па се раѓаш, те хранат од цуцла, вршиш нужда додека седиш, лежиш, шеташ... Се развиваш, зборуваш, пишуваш, учиш... живот. И таков возрасен после години развивање и учење и воспитување, се возиш во кола со стапалата низ прозор. Демек кул. Интересно. Sigh И звуци на бранови. И мирисот на море во ветерот. И вода во нос, па потоа соленото море ти стои во грло. Ќе си отворам посебна сметка за штедење наречена Куќа покрај море. Посакајте ми успех
Кога патувате со автобусите на јвниот гратски превоз носењето на чантите на рамо не е пропишано правило според последните модни случувања од кое не може да отстапите за да ги држите покрај себе. Не прекршувате закон, не дај боже (иако одамна се е отидено во неповрат) само ќе покажете доблест и култура останатите да стигнат до излезната врата наместо вкочането да стоите во место небаре погледот околу себе значи дека правите нешто. Не... Не е мрчење. Постот е апел да проработи чувството наречено осет и да се разбуди заспаната свест ако станува збор за (не) постоечка свест. Во спротивно владее дебилност.
И покрај лошите работи кој ми се случуваа во текот на животот,губев блиски луѓе со смрт,губев родители,губев роднини,избегаа сите буквално како од ѓавол од мене,али јас никогаш не се исплашив од самиот себе,никогаш не дозволив да ме надвладее депресијата,никогаш не се исплашив од оние кој ме оставија,кој ме избегнуваа и ми се потсмеваа на тешкиот живот.Јас полека но сигурно станав,се исправив,застанав повторно на нозе,но овој пат многу посилно од било кога,ги погледнав сите во очи и им реков,јас не ви посакувам ништо лошо Господ нека суди,Господ е најголем.Денеска си го сакам животот,каков е таков е мој си е,да мој и само мој,а јас чекорам полека но сигурно,чекорам со исправена глава и горд на својте постапки,горд на она што сум денеска.Чесен човек,човек кој сака да е хуман и да помага колку што му дозволува животот,дружељубив,фин,културен,и позитивно насмеан и покрај сите препреки,знам дека еден ден ке стигнам до мојот сон,а дотогаш чекорам само напред и го оставам минатото онаму каде што му е место.
СДК дека ова е и ќе биде многу тежок период за мене, и едноставно нема друго решение освен да бидам посилна од било кога и да издржам. Морам да се сконцентрирам на колоквиумиве, а не можам воопшто заради скорешните случки. И душава ме боли, срцето ми се корне и кога спијам и кога сум будна... Ама морам да бидам силна, овој пат за себе. wish me luck
Имам една особина што најмногу си ја мразам. Кога сум затрупана со обврски, се ќе средам и кога ќе дојде крајот, последното нешто е тогаш ме фаќа мрза и го оставам. Е така и сега, сите тестови, испрашувања за тромесечие пројдоа, наредив 5ките, загреав столчето, остана уште утре, последен тест, е баш за тој ме фаќа мрза и книга не пипам. Ова чист пример ама секогаш ми се дешава за што и да е.