Конечно ден каков што ми фалеше во овој досаден период се осеќам толку среќно и убаво и полна со енергијаа
Кога треба да донесам важна одлука се двоумам. Долго размислувам и се напнувам. Прво е прво,после има второ па трето и така во круг. Многу размислување ми го оптеретува мозокот и не заспивам пред 5. Ноќна медитација ми е вака "отпушти се,не мисли,спиј".
Леле леле што видов!!!! Она старото, античко "користете кирилица" предупредување, бек он лајф на фемина Елајте си при мене да ве избацкам сите , арно ви текна !! Има надеж! Има светло на крајот од тунелот!!! Македонија вечна!!! ****************************** Туку луѓе мои, како нескафе фанатик, прв пат пробувам Нескафе Голд... и што да ви кажам... ПЕР-ВЕР-ЗИ-ЈА!!! Одма да одите и да си го купите! 3 испив до сеа, срце ќе ме акне. Ако не пишам ништо до вечер.. да знаете толку е... веројатно праам којзнае кое по ред кафе и неам време да ви пишам!
Појако не е. Ама има некоја убава специфична арома и е некако по-лесно, по-питко не можам да најдам соодветен збор да го опишам, мене многу ми е вкусно. Го меркам одамна, посебно амбалажата ја сакам, во оние убави стаклени тегли на нес е во сите поголеми маркети го има, а јас секогаш претпочитам веќе пробан вкус. Ама сега го земав за проба вакво на акција во Жито маркет, 2 за 199 денари.
Кога гледаш како одвнатре зрачи некоја личност, кога успева со убав збор и насмевка и без трошка негативност и нервоза да зборува со тебе, сфаќаш што значи една личност да е навистина УБАВА. Убавина во вистинската смисла на зборот. На таквите личности не им е потребно да се истакнуваат и да се фалат, тие сами по себе се уметност, убавина, богатство.
Денес на една далечна другарка и е роденден. Моето прво видео Лајф за неа го креирав и го пратив на чат, во меѓувреме некој од кола ми праќа . Така нека ми е кога на улица ми текнува да се снимам.
Од малечка бев несмасна и таква си останав. Што и да земам да работам мора значи да направам хаотичен неред зад себе,и јас несакам да сум таква,ама ете!
Каква настинка ме фатила , со зборови не се опишува. Фала богу еднаш у 10 год ме фаќа, ама кога ќе ме фати.
Сакам да кажам дека ... Драги мои виртуелни пријатели, членови, постари членови, понови членови, староседелци, оние кои ме познаат, оние кои не ме познаваат, интелектуалци, писатели, студенти, музичари, бизнисмени, лица од научно образовна институција, уметници, родители и деца, политичари, патриоти, приврзаници на која било етничка заедница, верници, атеисти, и сите останати читатели на ова мое мислење Задоволство ми е да ви соопштам дека добив известување од фемина форумот со награда за моето двегодишно активно и помалку активно присуство на овој форум. Во тој контекст да ве почастам за мојот "роденден" тука: Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Позади успешна и силна жена стои домашно воспитување, општа култура, образование и упорност. Спонзор не и треба.
Обично човек го препознавам каков е уште од прва, со тек на време ми се менува мислењето за него и си мислам дека не сум бил во право, но на крај секогаш испаѓа дека првиот впечаток уствари бил точен.
Како што знае песна да те расположи, не знае никој.Едноставно самиот ти оддалечен од сите со омилената книга и песна во природа, е тоа е лекување кој не може никој да ти го пружи.
Човекот во животот може да изгуби се, но никако не смее да ја изгуби својата вер(б)а. Без неа сосема ќе се изгуби самиот себе.