Мене ми е убаво бебето. Туку друга ми беше мислата. СДК кој не го запознал мојот шеф не знае што е диктатура и мобинг на работно место! Груевски, Ердоган и други политичари треба да учат од него.
Ме заинтересира еден филм пред неколку дена, ама прочитав дека е како продолжеток на серијал од пред 10тина години и како секоја нормална личност решив дека прво морам да ја изгледам серијата за да го гледам филмот. И бидна. Не знам како сум ја пропуштила серијава на времето, aма се закопав пред лаптоп Енивеј... се најдов во една состојба, чудна. Ми излетаа некои зборови пред една личност, нешто во кое верувам, ама можеби погрешно го кажав па се навреди. И се извинив нормално, иако ништо не излажав и тоа е моето размислување на темата, зборовите кои ги изустив можеби можеа поблаго да звучат. Како и да е, сфатив дека често се извинувам. Не, не правам често глупости ама некако пропратно ми доаѓам да спомнам, за да некој случајно од некаде за нешто не се навреди. Ама изгледа на останатите тешко им оди тоа извини. Земете си и ден, два, размислете, оладете глава и сфатете колку повеќе вреди да се има тој однос после тоа извини и дали вреди да си го носите во себе со години. Луѓево денес знаат често да се фалат со тоа дека се директни и затоа "влепуваат вистини" во фаца. Јас мислам дека воопшто не е особина со која треба да се фалат, затоа што во најголемиот број од случаите се безобразни и звучат љубоморно или како да патат од завист, ниска самодоверба и слично. Особено затоа што знаат да се замешаат кај што не им е место или да се јават кај што никој не ги прашал. Итс нат кул пипл. По не знам кој пат ќе кажам, не е лесно да се биде добар со луѓе, особено ако сте мрзеливи. Хммм, звучи како нешто што јас би го напишала. Ама сепак стануваш и пак пробуваш и продолжуваш и си пакуваш спомени.
Денес бев во една фотокопирница, копирав материјали за колоквиум. Дури чекав да ми ископираат, дојде повозрасна жена од околу 50тина години, со листови во рака и и вика на вработената: Дали ќе може овие да ми ги ископирате помалечки? И, вработенава, малку збунето ја прашува: За препишување? Да, да - одговара жената. Ископираа, средија работа. Се чудам, што време дојде... Мајката изгледа им вика на децата - ученици/студенти: Оди ти на кафе, мама ќе ти ископира ливчиња за препишување за утре, не се секирај, ќе положиш - гордост мајкина
И јас истото сакав да го пишам. Професорка на факултет кажуваше како дошла некоја од оној проектон 30/35 цела на нозе под сукња испозалепена со селотејп ливчиња и ја фатила како препишува. Професорката вика да беше некоја на ваша возраст ај ќе сфатев, ама таа возрасна жена не и личи на годините.
Сакам да кажам дека ... Имам уште 40 страни за учење, време 2 часа, мотивација 0 и заинтересираност -1, грижа на совест 85. Кога ќе го анализираме ова се добива заклучок дека јас утре на полагање нема да постигнам ништо и соодветно на тоа е да си паднам на полагање. Да видиме дали математиката го потврдува тоа, 40 страни за учење 2 часа 0 мотивација -1 заинтересирансот грижа на совест 85 Прашање: Во која насока оди веројатноста дека јас ќе се подготвам целосно за колоквиумот !? Одговор: Дел 1: [ ( Страни за учење / време ) x -1 ] + грижа на совест = [(40/2)x -1)]+85 = [ 20x (-1) ]+85 = (-20)+85 = 65 Дел 2: 65х мотивација = 65х 0 = 0 Решение: Нема никакви теоретски шанси да се спремам за колоквиумот Keep it real, Body. Mind, Soul ПозЗ3³ ®
СДК немам концентрација да учам, се надевам дека ако се частам слободен ден нема да изгубам на желба наредните денови.
Има емисија: Деновиве пред години Или: На денеше ден.. Или: некогаш и сега.. Еве една ,,емисија,, од мене: Први април Ден за лаги.Ден за смеа.Ден за шеги. Некогаш такво значење имаше.Симболика која не упатуваше дека треба да сме повесели, понасмеани.. Денес сите лажат, нема кој вистина да каже. Сите се намуртени, замислени и нерадположени Ретко кој се шегува... не ги разбираат шегите...се љутат кога ќе се каже лесна шега на нивна сметка И маските на децата се вештачки. некогаш бевме куварки, вештерки, баби... Сега прнцези, супермени и спајдермени. Каде е природноста на децата ?!
Моментот кога ќе пробаш нешто од телефон на форумов и ќе се покаеш ... а нема назад ---- Денес видов еден куп маскирани дечиња... Сепак, се прашувам..зошто денес? Зошто да се губи значењето на 1април? Зошто да празнуваме на 31ви наместо на први?! Ајде ако не и први мај да си го славиме и на 1ви мај ама и на 28ми април... да споиме
Среќа шефот ми даде уште работа, многу работа. Фала му. Искрено, без ронка иронија фала му. Ке ми го спаси денот од депресија, ке имам на што да се фокусирам. Ноќ кога ке падне не знам како ке преживеам. Не знам.
Смртта е непредвидлива. Коси, кога најмалку очекуваш. Млад живот коси се храни. Смртта е најстрашното што постои. Убав ден, навидум сончево кога надојдоа облаци, луѓе се збогуваат, млад живот згасна. Се затворија очите,срцето застана. Чест ми беше да те имам за пријател иако не се познававме. Бог да те прости,млад човеку, воздигни се кај ангелите,сега Бог те води. Амин.
Зашто секогаш ние што сакаме, ние сме тие повредените? Зашто неможе еднаш и на нас да ни се посреќи и да бидеме со личноста со која посакуваме и да бидеме среќни заедно? Зар тоа е толку тешко? Зашто оној горе прави да патиме? Нè чува од погрешни избори? Чува некоја подобра личност за нас? Епа јас несакам подобра, јас го сакам него и сакам да сум со него, немора да чува ниту еден подобар затоа што он е најдобар. Сакам да му кажам дека он прави да се смеам и кога не е присутен, убаво ми е времето што го поминувам со него, имам за кого да се надевам дека ќе го видам кога ќе се вратам дома... Ме нервира понекогаш кога не ми кажува што му е, а знам дека му e нешто... ама сите ние имаме маани, нели? Ќе се чуеме потоа и работите ќе дојдат на свое место... Исто така сакам да знаеш и додека не се видиме не губам надеж за нас. Кога ќе ме погледнеш во очи и ќе ми кажеш дека меѓу нас нема да биде ништо, тогаш ќе сфатам дека е готово. А до тогаш, таа мала искра на надеж ќе биде онаа која ќе ме заспива секоја вечер и ќе ме буди секое утро.
Од сите цитати што ги прочитав на Фејсбук, овој ми е дефинитивно цитат на денот. „Кога нешто навистина сакате и кога посветено работите за да се оствари целта, таа нема друг избор освен да се исполни бидејќи Универзумот ќе направи се за тоа да стане реалност.“
Сдк Колку само е убаво чувството и колку убав амбиент ми прават две гугутки,неколку врапчиња,додека кулирам после напорен работен ден,и таман ќе затворам очи брмм кола ќе помине по улица Е нема за инает да ги затворам очите можеби нема кола да помине
Едвај чекам да ме снема 2 дена од форумот па да ме барате по темата Каде е? И ме снемува така повремено а никој не ме мисли. Ич не сте другарки не се договоривме така. Сериозно многу ми е смешно кога некој ќе го снема 2-3 дена па сите загрижени пишуваат во темата, имаме така некои активни теми кои што сами по себе се смешнички. Отдов сега, ако не пишам за некој саат барајте ме во споменатата тема. Целуфкии.