Денес ги отворив албумите... Никогаш не е лесен денот ко ќе ги отворам албумите.... Се убив од плачење, се убив од смеење... Од спомени, од тага... Мајка ми <3 Лепотица. На сите слики насмеана, а зад нив јас знам шо се случваше. После албумите ги отворив споменарите и дневниците јас шо ги пишев.. Е тука уште поќе плачев. Такви работи пишани....Сама себе си се изненадив. Сега знам како сум силна, како од секогаш сум била силна. Горда сум на себе. Горда сум на мајка ми. Мислам дека некогаш ќе успеам да и простам целосно, што од добрина и љубов си умре. Ахх мајкоо... Треба да одам на гробишта овие дена, време е.
Еднаш и мене планетите да ми се наклонат и се што ми треба да е на акција во Зегин. Ете среќна сум за тоа иии едни дечиња продаваа алки и колку беа учтиви и воспитани им купив и веднаш се насмевнаа нивните лица. Инаку ништо посебно обични алки од пластика по 10 денари. Ме потсетија на мене и брат ми кога така како мали продававме цреши од двор и со парите си купувавме глупости. Имало умни дечиња, не им се врти во глава на сите интернет и социјални мрежи. Плус важна е упорноста и досетливоста .
По некое време ја учиш суптилната разлика помеѓу држењето нечија рака и оковувањето нечија душа. И учиш дека љубовта не значи привлечност и друштвото не значи сигурност. И почнуваш да учиш дека бакнежите не се договори и подароците не се ветувања. И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази со главата горе и очите отворени со достоинство на жена, не со очај на дете. И учиш да ги градиш твоите патишта денес затоа што утрешннината е премногу несигурна за планови а иднината има начини да те изневери на половина пат. По некое време научуваш... Дека дури и сонцето гори ако го има премногу. Па си ја копаш градината и си ја украсуваш душата, наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња. И учиш дека навистина можеш да истраеш... Дека си навистина силен И дека навистина вредиш И учиш, и учиш... Со секое збогум нешто научуваш. Хорхе Луис Борхес
Некои луѓе не се свесни кои се посебни. Со неколку реченици ти даваат позитивност и мотивација која во моментот ти е потребна. Како светулки во темен тунел.
Читам читам и ништо не ми влегува во главаа паметот ми иде на се само на тоа што треба да го доучам не го прифаќа и немааа каков ли мрзелиив период ме фатии
Ахххх, секогаш кога ќе прочитам пост во темава во кој некој се жали оти имал за учење и колку животот не бил фер поради тоа, реакцијата ми е , а потоа си велам ах златни млади деца, коку се наивни, нека си уживаат во годините во кои ова им е нај голем проблем... Од друга страна, еве листа на зборови кои ги мразам од дното на петниве жили луѓенца ; теќиње; каЧкаваЉ ( стварно Србија, стварно ?! Иначе на кашкавал се мисли... ). А, и вие луѓе кои секогаш зборувате со деминутиви, па уште и во работна средина...Зарем нај сериозно мислите деека некој ве сваќа сериозно? Ама стварно?
Пред неколку дена ја изгубив најдобрата другарка...Изгубив и еден огромен дел од себе...Иако и порано знаев, но сега уште повеќе сфаќам кога го осетив тоа на моја кожа, дека најважно во животот е најблиските да ти се здрави и живи..Се друго може да се заборави, да се смени, да се преболи..Ама вакво нешто никогаш не се заборава и преболува...Штета што мораше да ми се случи ова за потполно да сфатам дека е така.. И понатаму сум позитивна и насмеана, некои дури ми се чудат како можам така после толкава загуба, но јас си знам како ми е..Насмевката ми е иста како порано, но во душата не е исто... И после плачат немале дечковци, раскинале ова она...А бе уживајте додека најмилите ви се покрај вас, другото се ќе си дојде на свое !
Зошто на тие реклами како "Марихуана филм ви прикажува..." на крајот понудените велат НЕ наместо Не, благодарам? Кај е културата?
Луѓе никој не ви кажал дека е непристојно и грдо јас по вас да ги берам пикавците од цигари? Сериозно ова,ми здосади да ги берам по двор вашите лигавици. Бљак,бреј основна култура да се немало.