Од Априлски резолуции: 1. Престани да пиеш Мартини.... од чашите за пудинг!!! 2. Купи чаши за Мартини!!!!!!1 #празницисеближат
Мило мое , летнаа три години откако прв пат те зедов во раце .. Ееех , време .. Лета додека се свртиш .. И ти го прославивме и третиот роденден .. Нека ти се множат до 110 и назад илјада пати . Најсреќен да ми бидеш , и секогаш да те прати се најубаво и најдобро во животот . Секој ден да ти е посебен . Ние со татко ти ќе сме среќни само ако те видиме како смело одлучуваш за себе и храбро го постигнуваш она што те исполнува . Ако можеме да помогнеме , секогаш сметај на нас . И знај , колку и да ти се лутиме кога ќе направиш беља , ти се лутиме за твое добро . Да научиш да се справиш со грешките , да се извиниш и да извлечеш поука од таа грешка . Уште еднаш , најсреќен нека ти е овој трет роденден .
Многу луѓе си минуваат така низ животот не замарајќи се да донесат било каква одлука. Одлучуваат да го препуштат тоа на некој друг кој за нив ќе ги носи сите одлуки и ќе им го одредува текот на животот. Секогаш го имаат тој став "Сеедно ми е!„ за се. Некогаш тоа го прават од љубезност, мислејќи тој другиот што ги носи одлуките ќе се осеќа посреќен, дека нели по негово би било и тој би имал контрола. Но има разлика меѓу тоа да бидеш љубезен и да бидеш слаб. Отпрво може на секој ќе му биде убаво да е по негово, но цело време ти да одлучуваш за се и да нема никој што ниеднаш ќе ти се спротистави, по извесен период станува досадно- самиот ти му стануваш досаден.
Јас мислам дека сфатив која е причината за моите неуспеси во љубовта. Под еден, налетувам на гејови. Под два, гејовите ми пуштаат водичка. Под три, ќе ги убијам. Се зезам за третово, има уште пострашно, дечките од другата страна мислат дека јас сум лезбејка. Пример број еден. Летоска запознав еден дечко, абе ми се засвиѓа инстантно, заедно бевме на журка... и се тргаме нешто на страна и овој ми вика и ти бисексуалка си? Јас зачудено, не викам. Аха, значи лезбејка си. Правам тука некои фаци, не бре што ти е. Мхмм, добро вика типот, а он уствари да ти опипувал ситуацијата.. пошто, нели геј, па да си бидеме другарчиња. Е, сега следи интересното. Типот почна да ми се пушта! И зборел на другарка ми и другар му како јас добар впечаток сум му оставила, ме вика следниот ден да се видиме, не знам кај да одиме. Јас тука уште толку се затрескувам, дури се смував со него .. кога другаркава ми кажува муабет после некој ден, абе не е овој за тебе, летоска бил на Миконос... и како да ти кажам, убав провод имал. На страна што испадна геј, беше и психопат така што фино што се откачив.. Пример број два. Одам на журка, и еден дечко така крупен, висок, абе грамада човек се нешто се вртка околу мене, и доаѓа и ми шепка на увце: "Многу си убава" и јас само го погледнав, си викам боже сачувај што му е на овој. Туку, го загледав после малку поубаво и си викам машала, не е овој лош, и го фатив нешто муабет да му правам, во полусвесно стање. Тука следи моментот кај што ми вика, стварно си многу убава, да БЕВ стрејт одма ќе ти се пуштев. Да останеше на ова, ќе беше супер, арно ама јас го разбрав дека ми вика јас да сум БИЛА стрејт одма ќе ми се пуштел, и фатив да му се објаснувам како не сум лезбејка хахаха. Овој се смешка, и ми вика не, не ме сфати ти. Се вртам, што да видам... се лапа овој со дечко му, а пустиов, едно ниско, мало, и ме гледа попреку, абе во земја ќе пропаднев, си викам аман Блу, кај ти се очите, уште врската ќе му ја расипеш на човекот. Пример број три. Исто на журка, приметувам јас еден тип, така убаво фраерче, и застанувам до него да играм, овој ми вика може ли цигара, му давам, и овој не ме есапи два посто. Морам да напоменам и дека другарката беше до мене, и играњето и беше буквално мешај куковима, ама уште малку ќе фатеше да се трие од мене ко што ми беше блиску и играше накај мене. Го гледам уште дечково, и сфаќам дека ми е од негде познат, ама озбилно сега и му викам абе познат си ми од негде, и се нешто го потпрашувам, а овој ништо, мртво пувало. И наеднаш ми се врти, и ме тапка по рамо со блага насмевка, се врти накај другарка ми и ми вика: "А ова девојка ти е?" ЛЕЛЕЕЕЕ, човече нели гледаш дека цела вечер ти се пуштам, девојка ми била, ох бре глуп еден. Му викам не, од кај таков впечаток, да не е нешто дека имам кратка коса? И почна да се извлекува, ама не не, не е заради тоа, туку онака ми заличевте, што знам... И така. Можда треба во скоро време да дознаам нешто во врска со мојата сексуална ориентација, што очигледно не сум го знаела до сега.
Колку и да имам пријатели, на крајот на денот најдобар и вистински пријател ми е перницата.. никогаш не ме изневери
Ако наjдете некоj потрапав од мене да ми кажете. Толку да бев лева во раце и нозе. Милион пати на скали сум паднала, на прав пат ич не прашуваjте. Памтам случка од средно, каде купив поклон за роденден на другарка. Нешто украс беше, собравме пари три другарки, jас да купам нешто. На пола пат ми падна од раце и се искрши. Туку сонцево ептен убаво ми доага, штета ако не се искористи денот.
Колку што песната може да те расположи и насмее,толку може и да те наврати во некој тежок период низ кои си минувал.
Да не ме мрзеше ќе се направев молив за маскенбал. Всушност имам еден куп идеи, ама ме мрзи дури и да излезам. Ама ми се трча по ливада по пеперутки и бубамари и слични слатки инсекти. Кога бевме деца немавме страв, или пак не знаевме колку многу работи можат да ни наштетат. А да си направам јас едно летало змај? Или костум змеј? Чуда можам да направам, ви велам, еве си седам и пишувам и инспирации, фантазии вау. Па на крај краева, кај сите таму и јас, можам барем една книга да напишам Времето било за шеги? Е тоа не ме мрзи Одам да испратам неколку чудни пораки, многу ми е гајле што мислите и дали е недораснато или ватевр
Сакам да напишам книга. Такви некои мисли почнаа да ми се вртат. Сакам да се изгубам во свет само на мене познат, да се дружам со ликови кои јас ќе ги извајам. Ми пливаат зборови во главата и сакаат да се излеат. Да испишам страници кои ќе допрат до други луѓе, ќе ја земат книгата и ќе се внесат во свет што јас сум го креирала. Се надевам ќе добијам некогаш шанса да ја изреализирам оваа желба.
Катастрофа ден. Излегов да купувам чевли, ја свлечкав и мајка ми со мене иако знам дека скоро секое излегвање се враќаме раскарани.И не бендисав ништо.Добро, зошто сум толку го*но карактер? Толку пребирлива, толку никаква, еве не знам.На се маана наоѓам. Толку продавници поминав, едно нешто не ми фати окце, барем едно.Му блазесвам на другарка моја која и во ѓубриште да ја пикниш ќе си најде нешто асолно.А јас, јас сум ѓубре. Исто и за алишта.Киснам со постари алишта наместо да одам да си купам нешто ново.Ама што да излегвам, знам дека ништо, ништо нема да најдам што ќе ме бендиса. И така, се искарав со мајка ми, дома и со татко ми оти на секое негово прашање враќав пре саркастично.Ама што да правам, таква сум кога сум нервозна, и обично, најобично прашање ме вади од такт. Вечер не ми се мрда,а морам да излезам ветив. Единствено што сакам е да се отвори Земјата, да ме голтни и да ме плукни на некое место кај што ќе бидам сама.Ми доаѓа да одам и да го испразнам цел фрижидер од нервоза, ама нема да биди така овој пат. Сега ќе учам за да ми помини нервозата, она што ќе го правам преку целата недела ионака.Ќе поправам, ќе учам за да поправам, ќе одам по приватни часови да го поправам кецот математика, ќе трошам пари за предмети кои ги мразам и не ми одат а морам да ги учам оти едноставно МОРА да се учат по некои правила глупави.И така. Одјава.
Сакам да кажам .. Не се зезам нешо дека денеска е 1-ви Април али навистина едвај чекам да дојде 4ти и да се отвири саемот на книгата... Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Сакам да кажам дека .. Не знам како да ја почнам реченицава. Понекогаш си велам дали може во една секунда цел свет да биде среќен, позитивен и задоволен. Одговорт е НЕ. Зошто ?! На планетава сме 7 милијарди и секој се соочува со нешто, а бидејќи знаеме дека не може секогаш да е убаво таа варијатна одпаѓа исто како што не може во една секунда сите луге во светот да спијат во исто време ( поради временските разлики ). Смешно де. Јас се чусвтувам убаво ама затоа не сите се чувствуваат исто така. Последниве неколку дена, мојот пијател од средно починал, на татко ми добар другар го изгувил животот во сообраќајна несреќа, и уште пар луге од опкружувањето. Сите тие имаат семејства и се скршени од болка, но некое детенце во африка сега е радосно. Не можат да се поврзат работите но различните околности си носат различни моменти. Човек ништо не е, денес го гледаш утре не го гледаш. А кога ќе го снема сите низ така ќе речат "Добар човек беше" ( не е за сите исто ) но нема потрба од преголема тага, Секако дека ја има, но треба побрзо да се намали. Да извлече поука од моментот затоа што после заминувањето на некого почнуваме да се сеќаваме само на убавите моменти, да тагуваме по некористењето на времето поминати заедно во целост максилано, но тие само предизвикуваат дополнителна болка. И од тој момент вистиски да се ценат моментите со блиските пријатели затоа што може и нив да ги снема. Не велам дека се треба да се прави поради стравот од загуба на нешто, туку од желба за поголемо задоволство и среќа. Светот оди понатаму, како што и детенцето во Африка продолжува да си е весело и среќно. Можеби премногу логично пристапувам кон емотивни моменти, но исто така сметам дека не треба да се издвојува настрана умот од срцето. Ми доаѓа да си поплачам ама не знам зошто. Сакајте се и бидете сакани, а и силни Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Априли лили мили били г... ти свири Добро дојде Априлчо месецот кога штркот ме донесе на светов така ми одговараа моите родители кога како мал ќе ги прашав како се родив Штркот те донесе Ајде да летамеее пуффф кога ме пуштил И уште си верувам дека штркот ме донел априли лили
Доживувањата на Џоли Потер и одајата на тајните. Кратка Хорор Приказна!!!!!!!! Се туширам...Опуштена...Мислите и мозокот исклучени. Сите спијат и се е тивко. Главата ми беше скрос навалена наназад, а погледот насочен кон таванот. За момент ги затворив очите и уживав во топлиот млаз вода, кога наеднаш осетив нечија рака на мојата десна нога... Стотинки беа во прашање...Срецето ми излезе низ уста...1000 мисли ми поминаа низ глава... КОЈ МЕ ФАТИИИИИИ???? ШТО СЕ СЛУЧИ???? Од страв и возбуда не можев глас да пуштам, само нозете ми се лизнаа и паднав...Главата силно ја удрив и во исто време гледам дека на нога ми паднала крпа...Крпата се замотала околу нога...Таа крпа била "раката" што ме фати... Видот ми се замагли...Мислев свест ќе изгубам....Водата тече...Јас гола легната, исплашена и бела мачка не гледам. По некоја минута се прибрав малку, дојдов при себе, излегов од купатило...Не знам ни како се облеков. Решив веќе да не се туширам....Следно туширање ќе се случи за следниот Велигден или Божиќ. Успат барам број од некоја гатачка да ми бае и да ми даде амајлија.
Ој мое црвено рујно... Ој ова е ноќ последна Ој мое црвено рујно Доста се дружевме Ој една година Време е ѕиду да те фарбам утре станува од црвен во друга боја. И така денот убав и јас убава. Време за креветац,лаку ноќ пилиња
Само еден ден во годината, децата избираат улоги на омилените јунаци од серијалите, сериозни пристапуваат во подготовката и достоинствено парадираат низ гратскиот плочник. Возрасните пак, секој ден со поднослива леснотија се маскираат во различни личности во зависност од ситуацијата. Немаат никаков проблем да изберат завидивост, зајадливост, лицемерност, фрустрираност, арогантност. Се е актуелно во секоја сезона. Нема застарени парчиња во плакарот што не можат да се употребат. Прават комбинации од себе и со себе и опуштено ги носат. Понесени од големиот спектар на маски, никој не е во потрага по одговор на прашањето кој сум јас...
Одредена особа на форумов се дрзна да ми каже (индиректно) дека јас сум крива што бебето ми почина во матката. Ми тврди дека има некакви извори на кои секаде било наведено дека лекот кој го испив 5 пати во бременоста довело до смрт кај бебето) Го читам муабетот, го препрочитувам неколкупати и после еден цел поминат ден во читање научни истражувања и секакви извори сфатив дека јас сум идиот, а не она. Идиот сум затоа што и дозволив да си го исполни она што го посакуваше: Да ме натера да чувствувам вина и да потрошам повеќе од 1 цел ден од мојот живот за да си ја исчистам совеста од невистини. И се прашувам, која е таа личност што има право да ми ја разбуричка душата кај што најмногу боли? Да ми го наруши мирот кој btw со судни маки се обидов да го постигнам (а секојдневно се борам да го одржам)? И конечно мислам дека научив една лекција. Обвинувањето секогаш е само-одбрана. Кога ќе обвиниш некого, си го лажеш егото дека ете - во право си, супериорен си над другите, твоите (лоши) акции во споредба со туѓите се ништо, ти си одговорен - другите не се, ти размислуваш рационално - и само ти. Абе налет више од тоа его. А особено од комбинацијата со она црнилото во душата:Отров. Ѓаволска работа. Фала што ме прочитавте. Сега знаете од што да се чувате, така?