Ko можел Луј 14ти или 16ти незнам кој беше да не се тушира, а цар бил зошто да не и ти (па не си ни царица ). Мала шала, без љутиш . А, за „раката“ следниот пат добро закачи ја на закачалката за да не те допира и да не си имаш хорори.
Аман веќе со тие ваши селфи дак фејс,ги научивте и децата да се сликаат со напрчени муцки,кренати веѓи и чело,се изгуби природноста на децата. И не сте поубави ако додека позирате се кревате на прсти,прчите задници и сл П.с во контекст на муабетов "Сликај си една нормална слика место дак фејс за кога ќе умреш да има што да ти стават на надгробна плоча" Го прочитав некаде
СДК верувам дека луѓето што ги гледаат само црните страни кај останатите и што немаат верба во никого и ништо,лошото минато им ги затворило 'чакрите'. Додека не се ослободат и не го отворат умот,додека не се исчистат од минатото,за нив секој ден ќе има облаци. Погледнете околу себе. Не се сите огорчени!
Мојот сон е еден ден да ги прашам мама и тато што сакале да бидат кога ќе пораснат, а миг потоа да им овозможам да го работат тоа.
А пак мојот сон драга @Florenсе е еден ден да ги прашам мама и тато што сакале да бидат кога ќе пораснат, а миг потоа да им го скратам тоа.
Денес... немојте да се ограничувате во доживувањето на 'денес' како еднина и целина. Препуштете им се на сите најситни 'молекули' на 'денес - атомот' и доживувајте ги парцијално сите секвенци, сите минути, сите секунди...секоја сама за себе... Зошто, сепак, се сеќаваме на моменти, не на денови!
Пред една година на овој ден се роди едно прекрасно мало бебенце бев најсреќна на свет кога ми соопштија дека се родило моето второ внуче. Среќен роденден слатко бебенце, биди ми здраво и живо
Еден добро познат хит, на чија мелодија одлично 'легнуваат' неговите раце на нејзиниот стук и ритам на кој две тела во синхонизирано движење се пресликуваат како една силуета на ѕидот низ одблесокот на огнот...чии зборови носат силна порака, ме води во најтешките мигови и дури и кога сум сама, немоќна да создадам една силуета која се движи на ритамот во недостаток на нечии раце на мојот струк, внимателно слушам, замижувам и пејам...а пред се' - верувам! Now we are not afraid Although we know there's much to fear We were moving mountains Long before we knew we could, There can be miracles When you believe Though hope is frail Its hard to kill Who knows what miracles You can achieve When you believe somehow you will Верувам!!
Денес мајка ми ми го исполни сонот Сонував цела вечер како работам низ дома, бришам, мијам, палам и гасам со правосмукалката...абе лудило.... Па станувам сабајле и мајка ми вика ајде ќе правиме генералка! Земај ја правосмукалката Ми го исполни срцето...сонот ми го направи реалност. #една#е#мајка #едно#име#имаме#во#душата#го#носиме
Едно не ми било јасно,што е поентата да го следите туѓиот живот притоа да не се интересирате за вашиот? И таа личност која ја пратите да не се интересира за вашиот? Мене ми се може се, вас изгледа ви се може само за пикање носеви. Жално бе. СДК ова ќе ми биде прв Велигден што нема да бидам дома со најблиските,што нема да си го видам внукот. Сепак некогаш морам да се одберам себе си. Уште малку и готово со остварување на моите соништа,остана уште една цел и тоа е тоа. После можам да размислувам за се остало. Лето иде,се разгледуваат аранжмани. Кој како си ја наредил и колку му е долга чергата. Убав ден.
На некој животот му е бајка, на друг му е трагедија. Сте се прашале зошто? Нашиот живот е во наши раце. Сами градиме, сами рушиме.
Се сложувам со тебе, и самата велам - животот пишува драми но за трагедиите сме најчесто виновни сами. И обратно - за успесите и среќата сме најчесто заслужни сами. Сепак, го потенцирам она најчесто!! Некои нешта, ма колку и да се трудиме ние, факт е дека не зависат од нас. Како е 'одговорен' оној кој го загубил партнерот, жената која доживеала спонтан, родител кој загубил дете..!?
Ако се чувстувате лошо, без енергија и се наоѓате во безизлезна ситуација, погледнете го ова видео и присетете се на тоа што беше кажано !! - Не е се црно како што изгледа во моментов !! Имаме светла иднина !!
Не сите работи и ситуации зависат од нас, ама наше е како ќе се справиме со тие ситуации кои ни ги сервира животот. Многу пати е тешко и болно, но, сепак, мора да продолжиме напред и да се бориме.
Дали сум јас единствена на која ретко кога и успева да погоди поклон? Од толку што имам ќеф да поклонам нешто некому, грешам.Дали во големина, дали во изглед. Баш денес сакав да го подновам брат ми со нова блуза, демек поклон од сестра му да биди. И блузата му ја зедов мала.Од толку што ја меркав, мислев дали ќе ја погодам и мала на крај ја одбрав. Толку ми беше криво, уф. Исто и на екскурзија му зедов кошаркарска топка.Ова беше пред 2/3 години можеби, помал беше и кошарката му беше нааајголема љубов.. И ајде, си реков ќе го израдувам и на крај ја заборавив во хотелот кај што преноќивме.Тиква смотана. За осми март се убив од мислење каков новчаник да му земам на мајка ми.Тоа беше мозочна тортура.Се мислев ко да беше прашање за живот или смрт. На крај го погодив, го пребендиса. Имам некоја фобија од купување поклон за другите од страв да не им го утнам, баш заради тоа што мене многу ретко ми ги годат. Од што имам толку заебан карактер и нешто што јас сум го бендисала на почеток и сум го купила ми станува одвратно и грдо со тек на време, а не па некој друг што ми поклонил.
Успех = 50% Судбина + 50% Наш труд Ако сакаме да успееме не смееме да чекаме успехот да ни падне од небо, а да не вложиме ни малку труд. Судбината нѐ донела еден чекор пред целта, ние сме тие кои мораме да го направиме тој уште еден чекор. Од друга страна некогаш колку и да се трудиме не можеме да го оствариме тоа што го сакаме, едноставно судбината ни става толку големи ненадминливи пречки, што ако сама не ги тргне, нашиот труд не е толку силен да ги совлада тие пречки.
Животот е круг, еднаш си горе еднаш долу. Ако паднеш од горе боли, корне... ако паднеш од долу боли помалку. Зависи каква ти е среќата.