Сакам да кажам или поќе како сакам да се жалам дека мислев се знам за денес за колоквиумот ама никогаш не провервам одговорите. Ама на неќење повторувајќи по последниот предмет сфатив дека голем дел од одговорите ги пишев према таа книга (има една заедничка тема, многу се слични предметите). И сега ме јади нешто не знам дали ќе положам и ако да како ... Ех еден памет колку лесно се мешаат слични работи.
Понекогаш сакам да се растоварам од сите идеи, желби и врзувања за светов. Да пододморам на подолго, да спуштам вреќите... Да лебдеам без ум, да висам без тело. За да се присетам брзо- без жедта, нема цутење во животот. Му се враќам на сопствените мечти и шолјата чај.
Ти го замислувам лиценцето...очичките,буцкасти обравчина,ти го смислувам името....те замислувам во лилави шпикознина,јас и ти на тераса,сонцето не гали,мене душата полна,ти опсипана со љубов....се разнежнувам ....смеам ли да сонувам?????
Денес ништо ми нема вкус, го нема сонцето да ми ја стопли душата и јас овенувам како цвет кој е зависник од топлина и светлина. Кафето, храната ми е кисела, чоколадата ми горчи....ништо ми нема вкус...некој малер ме бие , нека заврши денов веќе еднаш. уште од вечерва се спремам психички да го започнам утрешниот ден кој ќе биде уште потежок и ќе започне со викотниците на шефот, ќе ми вика ко да е моја вина што се трга наопаку оф леле Господ нека ми е напомош. Мојата колешка е вистинска среќница затоа што има колешка како мене која го крка за двете среќен е и секој друг што има златни колеги и добар шеф. Времиња ме фаќа носталгија по старите колеги кои ме чуваа како капка вода на дланка, со нив денот беше поубав и тагата беше помала, кафето и појадок со нив ми беше највкусен. Тие точно знаеа кога не ми е денот и знаеа како да го разубават, ги знаеа моите омилени песни, мојата омилена чоколада, знаеа дека сакам шеги, вицеви, знаеа кога треба да молчат да ме остават сама со себе, со своите мисли, знаеа кога треба да прозборат и кога што треба да кажат. Сум ви пишувала и порано но пак ќе речам тие луѓе ми беа ко лек на рана за душава.
Како што може болеста да го уништи човека ништо друго не може. Затоа и само од неа се плашам,се друго ќе се издржи.
Драго Време Те молам подзапри малце, каде се брзаш толку многу? Чиниш и тебе преку глава ти дошла самотијата па со полна брзина иташ во прегратките на љуботвта Себичност е присутна, мислиш само на себе. Да можам да те допрам, да те запрам во оние мои мигови на радост и среќа, да потраеш подолго, сонце и мене душа да ми згрее
Добро како може некпј да повреди куче, маче или било кпе друго суштество? Денес обесени, деновиве масовно отруени. Абе како можете бе како можете не можам да разберам? Во кој век сме, каде сме? Каде ви е човечноста? Уф не сакам да колнам ама на сите да им се врати и ќе им се врати. Не може тоа така да помине
СДК дека моментално сум среќна, среќнааааа, најсреќна малите работи навистина биле значајни! нека трае ова чувство долго, долгооо, најдолгооо
Ме иритира и жал ми е што многу девојки и жени погрешно го сфаќаат феминизмот. Феминизам не е: жените се најјаки, жените владеат со светот, позади секој успешен маж стои успешна жена, две работи го вртат светот - парите и жените... Баш напротив, не треба да ги користите овие деградирачки „поговорки“, бидејќи воопшто не пропагираат еднаквост, што е суштината на феминизмот. Во овој свет треба да се бориме за еднаквост на половите, до степен воопшто да не е важно на кој пол припаѓаме за што било: од најпрости работи како облека и шампони до претседателски позиции. Друга работа е што наоколу се вртат некои си „џентлмени“ кои ги „почитуваат“ жените, ги опсипуваат со подароци, ги „заштитуваат“, ги третираат како царици, ги разгалуваат... Не, девојки, ова не треба да ви биде целта во животот. Треба да ја заслужите почитта поради она што го правите, а не поради обичниот факт што сте жени. Еднаквост не е „никогаш не би кренал рака на жена“, еднаквост е „секако дека би кренал рака на жена ако ми се заканува дека ќе ме убие“. Зборот ми е, девојки, заслужете си ја почитта, никој не е должен да ви оддава почит само поради тоа што сте се родиле како жена, исто како што ние не сме должни да почитуваме некој само бидејќи е маж. Еднаквост.
Некој од детството ќе ги понесе само успомените,некој ќе ги сочува во очите,во ушите и во срцето ке остане уште малку од онаа радозналост и немир,па ќе умее да игра и да се радува и на најмалите работи.
Во последно време опкружена сум со луѓе кои слушаат за да слушнат, а не за да разберат и на крајот пак се враќаме на нивните проблеми зошто јас секако ги "немам".. Ама нив им е тешко... ама јас не знам како е... немам коментар
Жалам за ова шо ќе го кажам ама сфатив дека е така. Откако ќе ги отстраниш негативните работи, се ќе ти оди кон подобро. Јас отстранив една личност и многу работи почнаа да се средуваат. Жал ми е бидејки ми беше блиска и ја сакав. Но, не ми треба таа негативност, тој малерозен поглед кој уништува што и да погледне. Подобро да изгубиш една личност, отколку се друго поради неа.
Она чувство вака доцна во ноќта кога ти фали премногу,сакаш да го бакнеш, да заспиеш во неговите прегратки
Силуваат, убиваат, палат лебеди, бесат кучиња... И како да не ги мразиш после? Најголемата грешка на природата, Господ, вонземјаните или како и да сакате - луѓето...
Ете тоа го мислам. Се нервирам кога ќе видам такво нешто, па цел ден ми се расипува. Какви г...а има ова е ненормално.
Сакам да.. прашам уствари. Како се одредува она двосмислено чувство во нас кое од една страна е толку топло и возбудливо и желно за она што се наоѓа пред нас, а од друга страна како да ѕвони со предупредување кое исто така не може да се одреди дали е претпазливост поради претходни искуства или е сепак интуицијата која вика застани, ова е можеби истиот тој трнлив пат кој го изоде неодамна. Горчливо сладок филинг. На крајот од денот секогаш остануваме со вистинската рефлексија на самите нас соголена и ранлива пред грубите шепи на вистината.
@ceca-1 добри се помали од вашиве, ама едвај ги спасивме претходната недела Добро утро фемина. Денес ќе се правиме дека не постои денов. Нека се изгуби некаде, нека го нема. Не знам колку лимон треба да ставам во кафево за да биде барем малку подобро. Бидете добри едни со други и сакајте ме мене фаламногупријатно