@kravce Ме изнасмеа . Фала ти и добро ти утро и на тебе и на сите феминки/ци. Наздравје кафето. Иначе за денес рецептот ќе да е: "кафе во лимунот" Времево ни вакво , ни вакво .
Прво, морам да го напишам ова: она што го пишувам во темава, го пишувам според моето лично искуство, ако се согласувате океј, ако не се согласувате не мора да ме цитирате и поправате па да се објаснуваме тука беспотребно. СДК: Навечер, на крајот од денот, можам да им простам се на сите кои што ми згрешиле и она што се случило да го оставам таму, во вчерашниот ден, зад себе. Утрото да го почнам со нов труд, нови дејствувања, нови мисли. Вчера е вчера. Минато. Денес е денес. Сегашност. Така се живее.
Сдк...денес во 2ка ми се деси твитот....Бабава има изедено толку многу лук од сабајле што сите во автобусов ќе бидеме здрави!
Ситната душа не го разбира моќниот дух.За да бидете големи, бидете спремни да ве мразат,да ви се потсмеваат и во повеќето случаи да не ве разбираат.
Сите во одреден момент од животот, со сите напори, се трудиме да бидеме Дон Кихот во борба со ветерниците, но некогаш, едноставно треба да се опуштиме, да се препуштиме и да уживаме во ветрот во нашето лице и да дишиме со полни гради! Често, најубавото што ќе го видиме е она виденото со затворени очи.
Не ми требаат ни пари,ни власт,ни моќ.Само Господ да ми го чува здравјето,моето семејство и најблиските.
После толку нервозно деноноќие одлучив да си ја изладам главата и да почнам да делувам смирено веќе. Затоа ја отворив темана со бебиња, секогаш ме разнежнуваат, некоја топлина ме облева од нивните фациња слатки, од очињата кои сјаат живот и од насмевките кои несебично ги споделуваат. Толку им се невини душите, толку спокој носат во себе, дури и тогаш кога се намрштени. Ми требаше дел од нивниот спокој за да успокојам и јас сама. Потоа отворив слики од моите кога беа бебиња. На секоја слика по неколку спомени ми навираа непрекинато, час насмевка, час солзи ми се редеа по лицево. Станав носталгична. И по малку тажна. Ама како сликите преминуваа од година во година, тие стануваа се поголеми и поголеми, јас имав уште неицрпени спомени. Сфатив дека секој поминат миг со нив е спомен и среќа, а не тага. Одлучив да не тажам по тоа што поминало, туку да го искористам секој миг со нив за да создавам нова среќа.
Моментот кога чекорите до саканата личност, си поминувате прекрасно и знаете дека ништо друго не ви е потребно за среќа
Сабајлечки низ град. Не знаете која тортура е да станеш од кревет и да ја напуштиш домата без претходно пиено кафе. Секој што ќе го узминеш по пат е потенцијална жртва на неиспиеното кафе ако само попреку те погледне... не дај Боженце да ти прозбори.. Хирошима што?! Се налевам со кафе и мечтаам за подобри времиња и потопли краеви. Копнеам по ѕвезди и месечини.. по височини и длабочини, по се што преставува мистерија за човечкиот ум. Она добро познатото "толку многу книги, толку малку време" ви текнува? Некогаш обожавав англиска книжевност и германска филозофија. Денеска го читам Stephen King. Ејјјј људови.... јас погрешно стареам...
Сакам да кажам дека вчера се приклучив на форумов,и сакам да ве запознаам сите и дека воопшто не сакам да влегувам во конфликти со некоја поради различни мислења а и воопшто за било што,нели ќе е поубаво ако шириме љубов и позитивна енергија? mwah
Прво ќе му простиш некому, па потоа ќе направи да се покаеш и да не можеш да си простиш себеси што си му простил
Кога ќе ми стигни известување од фејсбук дека Фиљан Фиљан некој си го лајкнал постот е исто ко да ми стигна известување дека фиљан си го излижа газот....(пардон)
СДК дека колоквиумската за мене конечно заврши! Не ми се верува дека немам ништо за учење. Денес се изнашетав, времето не беше баш најубаво, ама толку бев расположена и ведра што тоа воопшто не ми пречеше. Бев на саем на книги и буквално бев како дете во игротека Мислам дека нема нешто што сакам повеќе на светов од читање! Си купив две книги, едвај чекам да ги прочитам.. сега и онака имам повеќе слободно време, конечно! П.С Утре конечно ќе го видам после скоро две недели...срцево ми е полно со среќа, среќа, среќа!