Колку само брзо поминува времето,лета животот година по година,а јас сеуште стојам во една мртва точка.. Пред 5 години кога вадев нов пасош и лична карта,си реков овие ќе ми бидат последни со моето презиме,ама не било така,ете утре ќе одам да аплицирам затоа што им изминува важноста и погодете што,не сум мажена и се плашам да не излезе на крај и по 10 години новите документи да ми бидат на моминсково презиме
Сдк конечно се решив во четврток да одам да се шишам благодарение на сестра моја која ме натера иначе немаше да одам ја
Во животот си се водам според едно мое правило,со добрите добро,со лошите лошо. Не е напразано измислена онаа: Брза кучка,слепи кучиња раѓа.
Колку е убаво чувството кога не си спиел хиич Вампири не спавају Што убав ден иако ќе врне убав си е пак,мора да биде ако така сакаме ние Имајте убав ден
Откако знам за себе, повеке сум се грижела за другите отколку за себе. Нормално не сите врвтиле во иста мера, но мене ми било мило што сум помогнала(или сум била спремна да сослушам). Сегс е сеуште истата ситуациja, сите останати (оние наjбитните) да бидат во преден план. Како викаат дека со годините ни доага паметот,мене очигледно не. И да се разбереме, со тек на време научив, коj треба да е присутен во моjот живот кoj не На краj, секогаш jас сум била крива што се грижам. Се надевам еден ден ке ми доjде памет.
Денот и животот се иста приказна, во различен размер. И денот се раѓа... И денот знае да е тежок и напорен.. И денот знае да има светли моменти но и темни дамки останати од претходниот.. И денот има период кога си орен за работа а има период и кога си уморен од се.. И денот има време кога стемнува и заоѓа.. И денот има свој крај...после кој потонуваме во сон...длабок сон..
Се можете да купите со пари, се можете да промените со пари, се можете да измислете со пари и да го палсирате за пари, НО никогаш не можете да додирнете со пари чистата природа, дрвјата, падините и рамнините, водата и тие магични облици низ светот создадени само и само од природата, вулканите, цвеќињата и свежиот воздух.. НЕ можете да ги промените вашите чуства, емоции и љубов, спокој и мирот во душата со пари.
@shz да се надоврзам со тебе... ..те тера и да дружиш личности кои во ситуација да не си сам , не заслужуваат да бидат ни близу тебе. Подоцна кога ќе се сетиш за тоа, ти доаѓа сам бокс да си удриш
Кога зависиш од некој што треба да те носи негде со кола, па ќе ти откаже во последен момент, па мораш да се влечеш сама по подолгиот пат со мењавање 4 автобуса и поише од 12 саати.... е тоа! Пакувам куфер, пијам кафе и пробувам да пцујам. Какви фејлери од обиди се тоа... Повеќе е смешно отколку трагично.. Нејсе.. Битно новчаник, пасош, купаќи и креми за санбат средено. Јас викендов ќе пливам па макар останала без јајници. И да, слободно кажете ми отпосле "ти реков немој". !!!!
Верувањата во вишата сила на бабите била "ако се појават брунки кај бебето тоа значело дека дошла некоја "нечиста" жена со крв". Лекот бил во коритото на бебето да се стават менстрални гаки со крв па така бебето да се избањало за да му поминат брунките. Жално, гадно и ненирмално. Но има жени што ова го почитуваат и прават
Купувам кесички за пакување од еден чичко од Зелено Пазарче што продава на земја, не на тезга и додека го ставав новчаникот во ташна слушам и вика на таа до него што продава: Ете, за две мекички извадив пари. Животееее имаш ли душа?
Им љубоморам на луѓето што не се замараат со ништо. Сакам да сум таква. Да видам бос човек на улица и да си свртам глава, да видам гладно куче и да си поминам ко да не сум видела. Ама не, мене се ме погодува. И се преоптеретувам после тоа. Сакам да променам, ама како единка неможам. Затоа мора да се менувам јас. Ама како?