Да точно сите заслужуват втора шанса,ама што кога добиваш повторно разочарување? Сваќаш дека не заслужуваат.
Кога ми е хаос во главата, сама си го правам и животот хаотичен, секојдневието бурно, емоциите каша попара за да на крај сватам што всушност сакам, кога веќе знам што точно не сакам...
Сега од моја положба се што знам е дека ако ја добијам таа некоја шанса, знам дека ке бидам подобра личност и многу подруго би се поставила. Ја чувствувам празнината па веруј ми дека би направила се да не дојде до разочарување од моја страна. Но кога би ја имала...
Има разлика меѓу - да дадам јас некому втора шанса, или некој да добие втора шанса во животот. Поточно, - ме изневери и му простив, му дадов втора шанса. - ме изневери и го избришав, ама си најде нова љубов и тоа му е животна нова шанса. Јас на вторите алудирав Секој заслужува втора шанса, и животот секогаш ја дава!
Кога ќе биде достигнат врвот на дрскоста, најубаво 2 чекори наназад и тресни и ја вратата пред нос... Храброст треба ..голема храброст
Можи сум будала ама многу сакам да живеам во куќа на дрво. Негде кај шо има мир тишина далеку од луѓе... А јас живеам во град во зграда каде шо шљавки прават на секое уфилмани во брзи бесни филмови со диви луѓе такозвани комшии и негативно ми е се кога се нервирам... Можи сум глупа... То ест не знам...
Има нешто што се вика интима,приватност,нешто што е само за себе.Никако да се научите до кај ви е границата и што се може да прашате.
Ми се разбуди креативност заедно со сонцето и пролетта. Да ви кажам нешто на поверение, овде ниту еден цвет не мириса на онаа пролетно љубовна комбинација, не знам како е во Скопје, сигурно слично покрај толку сообраќај заборавивме на убавините што ги носи природата. Чат пат седнам и наеднаш ми излегува фикс идеа за "направи сам". И почнувам. Де ќе се занесам со малечки шишенца, декорирам па ставам цвеќе, де ќе соберам од ливадата камчиња, гранчиња и ситници и пак ќе склопам нешто . И ми се разубавува душата и денот ми се разубавува. Обожавам цвеќиња, сакам да ги имам во голем број низ соба, ме релаксираат и умеат да замешат прсти во расположението. Ми фалат ситници за да ги скоцкам и бидам комплетно задоволна. Е не ќе давам пари за китчиња низ маркети во тегли и шишиња кога можам самата да си направам креација и мотивација за едно убаво попладне.
И еве ноќ кога пак заспивам после посакана "добра ноќ" но не е исто. Откако еднаш ќе ги изгубиш тие зборови т.е.личноста која ти ги кажувала и пак ќе ги добиеш некако посебни се. Повеќе вредат. Поубаво заспиваш после нив.
Секојдневно за разни потреби и цели ги лажеме другите,се лажеме и себеси,само што многу потешко е кога човек се лаже самиот себе.
Не можам јас со безгрешните,со оние кои ја испиле сета памет на овој свет и секогаш се во право..Не ми дозволува мојата грешна човечка природа и свеста за тоа што знам дека ништо не знам.
Преку глава ми е од луѓе што мислат дека знаат се, па ќе се контраат до бесвест и наткажуваат за својата мудрост. На крај има и иронична насмевка. На таквите не им докажувам туку де смејам и игнорирам, најпрвин муабет па после и самата особа. Ете им нека зборуваат сами со себе до надоглед, но грам осет да немаш дека и некој друг умее да каже збор, да искаже став и да си има свое мислење е претеризам.
Уморан сам... Отишао бих некуд далеко и не бих се осврнуо. Отишао бих некуд у жуто лишќе, ко зна куда; а кад би неко плакао за мном, ја бих написао карту: "Збогом, идем да оздравим." М. Црњански
Што и да се случи, каде и да сме, сепак нашето засолниште, нашиот мир, спокој, и љубов, ги наогаме во нашиот дом
Кога е досаден животов бараш да ти се случува нешто а па кога се е фул дешавки луѓе ситуации па бараш мир и монотонија иди па разбери се
Kako nemam edna priatelka kako Maja Volk. Stvarno me voodusevuva vo sekoja smisla na zborot. Маја Волк (Београд, 1959) је српски драматург, сценариста, писац, фадо музичар, доктор наука и универзитетски професор. Ima li nesto sto nemoze zenava, a kakov pozitive duh ima.......
Колку и да ви е лошо, тешко, преку глава од се', ви се чини нема излез... сепак,никогаш, ама никогаш, не почнувајте ги своите реченици со - мразам -ме нервира -ми смета -не сакам.... Пробајте со - би сакал/а - ми годи -ми треба -посакувам -ќе постигнам... Само една мала промена, води кон големите! Би сакала секое утро да ми почнува вака, ми годи она што го гледам кога ќе се разбудам, ми треба само малку за и во најтмурниот ден да ме огрее сонце, посакувам само позитива во целиот ден и ќе постигнам да биде така, и денес и секое наредно утро