Кој те лажел дека си? Баш убаво објаснуваш и дефинитивно доловуваш момент. Мислам дека сите успеваме прилично сликовито да ти ги замислиме случките Патем, додека ја читав случкава за приземјувањето на Елена јадев леќа. После половина чинија добив вкус дека џвакам нешто што нема вкус на леќа Дали беше инсект или нешто со примеси на мувла не можев да откријам. Веќе беше касно кога го осетив вкусот Се чудам зашто до тој залак се си беше во најдобар ред. Пијам кока кола и продолжив со сомнеж, но нели морам да проверам што сум голтнала. Ништо брате. Трагата е изгубена. Пак леѓата си е леѓа. Баталив чинијата! Кој знае што сум ингестирала.. Совет: Гледајте си во чиниите кога јадете! ( А богами советов може и во метафоричка смисла да се применува ) Ваша М,
Нека им е вечна слава на македонските херои! Нека почиваат во мир! ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ... Вечно во нашите срца. Ми се плаче секогаш кога ќе се сетам на 2001 година. Да не се врати тоа време никогаш.
Ми падна во очи твојот одговор. Незнам низ шо имаш поминато низ живтото, незнам со каква болест се бориш или си се борела.. Само сакам да ти кажам дека се пронајдов во твоите зборови. Со та разлика шо јас претрпев огромни психички болки. Огромни, една по друга континуирани.. Работи шо ниедно мало дете не треба да ги види. Јас ги видов. И пораснав и бев храбра и силна. Недопирлива. Баш оти како мала сум видела се и сешто. Мислев не оди полошо од то. Ама тука не застанва животот. Си носи нови болки, нови страдања.... Толку станав слаба и ранлива шо неможев да се препознам. И решив дури да одам на психолог. И одев 4-5 месеци... И знајш шо научив? Дека понекогаш е доволна една капка да ја прелие чашата. Дека понекогаш најхрабрите луѓе во светот се најисплашени. И така треба и да биди. И знам дека мислиш оти ќе се предајш. Сто пати сум го помислила истото. Ама нема! Знам и јас, а и ти дека нема! Се гледа дека си паметна и разумна девојка, дека имаш семејство шо те сака, негде низ мислењата твои прочитав мислам дека и дечко имаш... Не си сама За денес, биди предаена... Лежи си, плачи си, тажи си... А од утре пак со нови сили напред.... Пак!
Денешниот ден е прекрасен . Се околу мене е прекрасно . Немам зборови со кои ќе можам да опишам колку сум среќна Само што си дојдов од физер и морам да се пофалам , имам нова фризура и сум многу среќна . Почнав да верувам дека и фризурата може многу да ти го подобри расположението . Конечно ја имам долго посакуваната фризура . А и сум на тренинг денес па и поради тоа сум уште посреќна . И од денес ќе променам многу работи во мојот живот кон подобро .
Благодарам. се надевам дека оваа слабост во мене е само знак на големата болка која што ја издржам , и јас се се надевам дека одкако ке помине болката ке бидам пак онаа старата но незнам несум сигурна веке дека некои работи пак ке можам да ги издржам. Ова беше премногу за еден краток период ...Премногу што понекогаш мислам дека и ова што се предавам е доста што го издржав, мислам дека да беше на друг место сепак одамна ке се одкажеше... Доволно беше што и до тука издржав. Сепак се гордеам и до сега се што поминав. Но како што велиш тоа немаше да биде возможно без овие луѓе околу мене , можеби баш они се виновниците за мојата храброст упоорност и издржливост.
Живеј денес! Ризикувај денес! Дејствувај денес! Не се оставај да умираш полека! Не заборавај да бидеш среќен!
Проста раја бре.... ццц Толку голема некултура немам видено,тешко на тие што им е дома... Потоа зошто сум го исфрлила од дуќан? Па нормално бре,нема да дозволам недолично однесување... Дебил
Ах Македонија во што ли те претворија некои други. Како се дозволи ова. Како? Денес е таков денот Ве молам за разбирање. Се надевам нема да ми го избришете постов. Емоциите ме обзедоа што да правам, како вчера да беше се. Јас од Западна Македонија некои работи никогаш нема да ги заборава, некои стравови и ограничувања од тоа време. Да им одадеме почит на нашите херои барем и на ваков начин. Државата наша не ја интересираат некои работи, битно е денеска да се слави победа на изборите кои вака или онака на ништо демократско не наликуваа. НИКАКВО ДОСТОИНСТВО НЕМА МАКЕДОНИЈА. Никаква почит спрема никого, се почитуваат олошите и бивши терористи. Од тие проклетници зависи цела политика на оваа држава. За државна власт им се умилкуваат македонците на сите оние кои и донесоа на Македонија болка и тага. Жално и страшно е ова. Не го гледајте видово ако сте многу осетливи или имате слабо срце. Содржи вистинити слики од масакрот на овие македонски херои, кој никој достоинствено не ги почитува денес и кој сите ги заборавија. Животот го дадоа за Македонија. Жално. Зошто мора да загинат на ваков начин. Зарем заслужија. Македонијо треба да се засрамиш, предавници постоеле и ќе постојат. Кој ги предаде овие бранители? Кој ги издаде и предаде во рацете на ѓаволот? СТРАВОТНА ГЛЕТКА. Моја длабока почит. https://www.youtube.com/watch?v=yLAokUQNz2s https://www.youtube.com/watch?v=RfORDeUeA3g
Пред 5 минути мислам дека доживеав срцев удар! МИ стигнаа долгоочекуваните зелени леќи, коа се видов на огледало господ во пижами го поздравив... Јбг цел живот терам со моите кафенки очиња и одеднаш бум зелени ко терминатор се осеќав..Морав се испразнав некаден да ја споделам фобијата
Дека те сакам и ти верувам! Но кој сака, секогаш ке го држи по малце страв од изгуба. Затоа немој да ми замеруваш, иако знам понекогаш самата на себеси да си го расипам денот. А знам дека ме сакаш, чувствувам. Најубаво ми е после отворен муабет со тебе..
Два збора, вечно актуелна тема - ненајавени гости. Не дека не сакам гости, напротив, дома сите сакаме пријатни моменти со семејни пријатели, смеење, муабети и се тоа. Јас баш уште од мала сум се радувала на гости, и ден денес ми е мерак да ги зазборам и пречекам како што треба. Ама навистина постојат исклучоци, луѓе без усул што се вика, од коишто не можеш а да не промрчиш. Барем ѕвонете пред да планирате да отидете на гости кај некого, ги гледаш иначе по цел ден не тргаат глави од телефоните, а сега за ова не им текнува да кренат слушалка. Јас еве сега повеќе на Марфи ќе се жалам - досега секогаш ме фаќаа во недела, во хибернација со пижами низ дома и најопуштен стајлинг или довршување на обврските за понеделник, а сега ме затекнаа на попладневно спиење после школо, после прва смена и тоа седење до 8ми час. Во понеделник бе. Уникат. Плус мајка ми и татко ми моментално не беа дома, на кратко беа излезени по работа нешто, и јас требаше да ги пречекам. А јас во десетти сон, слушам ѕвонче и гледам познати фаци, не се од оние за откачување, анкети, презентации или политички програми и слични. И земам со брзината на светлината облекувам тренерки, средувам каучот (пошто попладневна дремка не ми е вистинска попладневна дремка ако не е во дневна). Добро што не се лупнав негде во брзање и со оглед на тоа дека, се знае, после afternoon nap ти треба време да сфатиш која година е. И уште подобро што не им реков на врата дека треба да одам на школо, мислејќи дека е сабајле, како што ѝ одговорив еднаш на другарка ми на телефон. Па, значи да не се жалам, добро сум поминала. Туку, уште нешто уз пут да спомнам, на ова времево аларм му пуштам да се оправи пошто више време им е на јакните да ги бутнеме подлабоко во плакар. Чудно или не, полесна облека и одма и јас како полесно да се чувствувам, освен што топлото време ме развеселува. А иначе, без разлика дали имаш 5, 7, 15 или 17 години, мајка не би била мајка ако успееш да ѝ објасниш дека не мора тебе да ти е студено ако и нејзе ѝ е, и притоа да ја убедиш да те пушти некаде без јакна. И така, доста јас сум се расприкажала, за денеска толку за тие пари. Ајт поздрав и ариведерчи.
Ејјј што имам една напната вујна, кога и да ми се јави ко божем да ме слушне, така подло и суптилно ми го наметнува она прашање од кое моментално ми се променува физиономијата на лицето... А, кога свадба? Ајде кога ќе те мажиме? Ќе ме мажите во Недела на 4ти Мај, еве јас решив тој ден да правам свадба! А вие штом сте запнале да ме мажите, имате време до недела да најдете некој кандидат да ме земе ваква, ако не ништо, го испуштивме возот, бреј ви останав свената булка и растурикуќа! Јас во принцип сум многу мирна личност... Полека, смирено, сталожено и хармонично кршам се што ќе ми дојде при рака кога ќе ме изнервирате!
Не знам дали со годините ја губам решителноста и упорноста, или едноставно добро знам да проценам каде вреди да се вложам, а каде не. Ама сé ми се чини дека многу полесно се откажувам од одредени цели, за разлика од порано. Како дете, летните распусти ги поминував на планина. Се сеќавам на едно летно утро кога се договоривме сите да се искачиме до врвот. Спремени сендвичи, вода и чоколатца, доволни за да ни дадат енергија за наредните 5-6 часа поминати во пешачење. Ги облекувам патиките кога одеднаш ме удира силна болка во левото стапало. Почнав да вриштам и да скокам, за на крајот да видиме дека во патиката сум имала оса која успеала да ме погоди на добро место. Стапалото веднаш ми отече, ме болеше и ме печеше. Ама не се откажав од искачувањето. Бев решителна да одам, иако моите ме убедуваа дека треба да мирувам. Додека пешачевме, татко ми одвреме навреме ми сипуваше ладна вода врз патиките за да ми се смири печењето. Кога стигнав на врвот, левата патика веќе ми беше извалкана. Ама мене ми беше важно дека успеав да издржам. И баш денес налетав на фотка од врвот каде што јас и сестра ми седиме на карпи. Левата патика од бела станала кафена, а десното колено ми е намачкано со бетадине. Којзнае каде сум паднала за да имам таква рана. Кога и да ми дојдат вакви периоди кога имам ниско ниво на упорност, си мислам: Абе јас на 11 години со отечена нога се искачив на врв, па сега за ова ќе му ја мислам! It works!
Ако некоја личност во минатото ви го правела денот убав,притоа вие сте се чувствувале убаво,сакано,почитувано,прифатено никогаш за таа личност не велете дека била погрешна или дека сте изгубиле дел од вашето скапоцено време .Не ви е на арно тоа. Само да си кажам.
Се ќе беше во ред ако не отидев на тренинг . За првпат векво нешто посакувам ама што да правам . Ја кажуваш вистината за некој во очи и после ти си крив за тоа . Тој што го предизвикал тоа поминува неказнето а тој што ја кажува вистината треба ја сноси целата одговорност , така нели ? Епа доста веќе , преку глава ми е . И тренерот треба малце да ги отвори повеќе очите а не да се дере како ненормален само на еден . Навистина некогаш претерува а не ја знае целата ситуација . Па тогаш нека не се меша бре . Или ако вќе кара некој нека прво дознае кој , што , како ја предизвикал настанатата ситуација па после нека се дере на кој требе а не и на кој нетребе .
Ајде..ете ги вистинските пријатели кои ги сакав и си ги сметав за сестри..си ги покажаја вистинските лица..Готово..СЕ е готово..знам дека не можам повеќе да им верувам..колку и да имитирам насмевка..џабе е Сепак некако почнав да се одделувам од нив..и нешто во мене ми кажува дека не ја заслужуваат мојата добрина 10 години смеа,радост,дружење се срушија за 1 минутка..10 години градење едно преубаво пријателство се растури за 1 мин..ее толку било потребно..сега сфатив..само еден збор и цела "градба" се распадна..зарем такви другарки ќе бевме..зарем така живеевме цели 10 год.Срам да тие ..нели BFF бевме..аа сега тоа BFF се претвори во обични странци кои само здраво ќе си викаат..со еден збор ме уништи,ме разочара а јас тебе преемногу те сакав и преемногу ми значеше во мојот живот..Но до тука било..терај по свое..И да успејаа другите деца кои беа љубоморни на нас..успеја да не скарат а ти наивна ги послуша Спојлер само како мие тргнато овие 2 дена..вчера со една денес со друга другарка..Ајде вчера не беше до толку болно а мене..Но денес,денес е сосема друго..Испадна наивна ги послуша..И не само 1,таа изгуби 2 најверни пријателки..Ахх колку било лошо да си наивен..да ја слушаш само едната страна и одма да судиш Доста беше..не можам повеќе да чувам се во себе..па и јас сум човек..и јас имам срце,не сум од камен,А и камен да е ќе се скрши