Опсесивно почнав да се подновувам со обувки, различни модели и бои на чизми и чевли и секогаш иста мисла ми минува низ глава , сама на себе си велам: кога веќе минам низ пеколот барем да бидам во убави обувки!
Ете тоа сме ние, феминки мои......... Модератор: Ве молиме твитовите ставајте ги во темата „Најдобрите твитови“.
Уште колку страдања во овој свет поради некои болни умови и алчни уште колку мали и невини душички ќе страдаат.. Боже исчисти ја омразата низ светов нека живее секој во мир и нека ја почувстуваат твојата казна сите кои прават нечесни работи во твое имее !!
Баш се радував што утре ќе уживам. Прво сум на факултет, после си ја чекам другарката и шетаме цеееел ден. Ама ете, ми се расипа денов во последен момент! Зошто бе толку дозволувам да ми влијаат на целокупно расположение вакви мали глупости?! И ете сега, ни расположение за утре имам, ни енергија имам, ништо... само ми се спие.. некои добри 15 саати.. иако ќе спијам прелу сила 6
Изгубената доверба може повторно да се изгради, но кога ќе изгубиш почит кон некого, веќе ништо не е исто.
Деновиве се повеќе и повеќе се слушам себе си како зборувам дека клучните чекори до успех се упорност, позитивни мисли и истрајност. И се повеќе и повеќе се обидувам да внесам кураж кај луѓето кои ми се мили, а сметам дека им треба некој да ги поттурне, да им даде ветер во грб. Всушност, кога ќе размислам подобро, ова и ми е целта во животот на некој начин. Сакам да ги правам луѓето поведри, сакам да помогнам ако можам некако, а најчесто зборовите се најголем поттик и мотивација, само ако се правилно речени. Зборовите се небаре оружје. Наше е дали ќе го употребиме оружјето за убиство од похота, убиство од нужност или самоубиство. Периодов се слушам себе си како велам, се губам себе си на некој начин и ми треба одмор. Неусогласеност помеѓу физичкото и духовното јас, и двете сакаат се повеќе и повеќе да работат ама биологијата си го зела своето и заморот стапува на сила. Не знам да сопрам понекогаш. Свесна сум дека треба да си земам време и да одморам а уште повеќе си натоварувам работи на грб. Ама не е во ова проблемот, заморот лесно се ублажува на мои години. Проблемот е што понекогаш се губам себе си затоа што премногу се давам на луѓе кои не ми го заслужуваат вниманието. Луѓе на кои можеби сум им потребна, ама луѓе кои ми шират таква негатива во животот што заборавам на ведрата и секогаш насмеана јас. Време е за промени. Не којзнае колку драстични, ама после месец дена цицач на енергија време е да се повлечам, да се тргнам.
Денес е Благовец и Светски ден на здравјето. Облеката не може да го покрие тоа што се случува внатре. Нема ништо повредно и позначајно од вложувањето во сопственото тело. Колку повеќе придонесуваме за себе толку подобро се рефлектира на нашата сосотојба. Одговорноста кон себе значи навремена превенција. Чувајте се и грижете се секојдневно. Во здраво тело може да опстои здрав дух.
Денес темата е доверба ? Кога сме веќе кај довербата... СДК дека да има некој доверба во мене е поголем комплимент отколку да ме сака.
Колку повеќе удари ми дава животот,толку повеќе ме прави силен,фала ти животе и за убавите и лошите работи.
Довербата тешко се стекнува Многу лесно се губи. Добро утро бар за мене е утро имајте убав ден,и јас исто Шмрккк
Сакам да кажам дека вчера не го зграпчив денот, со задоволство и се препуштив на ноќта и еве ме сега како воз да ме цивнал...
Денес на дневен ред довербата... Поседувањето нечија доверба е најскапоцен дар. Им веруваме на оние кои умеат да ја видат тагата зад нашата насмевка, љубовта зад нашиот гнев, бурата зад нашата тишина... Слушајте внимателно, оној кој ви ги кажува своите проблеми, не сака само да се жали,туку ви верува! Но, пред да се отворите и се предадете во нечии раце изговарајќи и делувајќи "ти верувам" , внимавајте! И најмакотрпно,најискрено, најтопло стекнатата доверба може да биде под лажна, манипулаторска маска! За крај - верувајте им на вибрациите кои ги добивате - енергијата никогаш не лаже!! И сепак - можете ли 100% да верувате,барем на себе си?? Ма ни јас Не
Кога сме кај довербата, да чкртнам и јас збор два, да не останам покуса Често ми се случува да ми кажат рандом луѓе дека начинот на кој разговарам со нив (во тој некој даден бош момент), начинот на кој ги гледам и самиот говор на моето тело влевале доверба во нив. Како? Не не, зошто? Го делам истото мислење со Рефка, дека многу повеќе ми значи одредени личности кога ќе ми кажат дека имаат доверба во мене одколку кога ќе ми кажат дека ме сакаат, НО тоа одредени личности Тешко ми е да се носам со довербата од рандом фаци кои нит ми значат нит ништо... Само ми го зголемуваат товарот кој веќе го носам. А дали верувам јас во луѓето? Па... На прв поглед им давам до знаење дека имам доверба во нив (блефирам) и ги оставам да се покажат или пак докажат, за да на крај ја склопам целосно сликата и заклучам до кој степен можам да им верувам. Потполна доверба ни во сама себе.