Довербата е како стаклена чаша со години ќе внимаваш на нејзе и само миг да падне и да се искрши во парчиња кои неможеш повторно да ги составиш...
Луѓето се лоши.Можеш да им веруваш само на своите.Понекогаш само на себе.Ти и твоето срце сте најдобри пријатели.Затоа што веќе долго се чувствувам како тишината да ми е најдобар пријател.Ми донесе многу одговори без да ја прашам.Ми ги отвори очите,се изнаплакав.Што да кажам,човек со време учи да живее и со тагата.Важно е да соработуваш со неа,но не и да и се предадеш.Нека биде добредојдена барем три дена,како гостин..
Видов штркчиња дошле па ми текна на една вистинска приказна што ми ја кажа баба ми. Кога била млада баба ми, одма во близина на нивната куќа, на една бандера, секое лето доаѓале да си живеат штркови. Еден ден имало големо невреме. Силен дожд, грмотевици, се споиле небо и земја. Седеле сите засолнети дома, кога одеднаш гром удрил во близина на нивната куќа. Исплашени, излегле полека надвор да ѕирнат што се случува, кога виделе громот удрил кај штрковите. Се било во пламен. Двете мали бебиња штркчиња биле усмртени и паднати долу, а мајката почнала да лета наоколу. Сите се чуделе што прави. Летнала многу високо во небото, па почнала да паѓа надолу со голема брзина... Наеднаш ги собрала крилјата и силно се удрила во земја, одма до малите штркчиња... Умрела на лице место... Се самоубила до нејзините мали... Сите околу останале подзинати. Ете што ти значи мајка... И кај животните и кај луѓето, мајка е мајка. Мислам не постои посилна љубов од онаа на мајката кон детето.
Мислам дека после толку долго време почнав да мислам на себе. Наместо да трчам наоколу и да им угодувам на сите, одлучив да се фокусирам на себе и на она што сакам да го правам. Не дозволувам повеќе да ме обесхрабруваат и да ми велат „нема да можиш“, само им се насмевнувам и помислувам „гледај ме“. Ми се смачи од токсични луѓе околу мене, кои гледаат само маана да најдат. Чувствителна сум, многу се повредував кога ме игнорираат оние што ги сметам за пријатели, кога почнуваат кавги мислејќи дека лошо им мислам. Ама сега сум „whatever“, „fuck it“. Па еден е животот, ако сега не се посветиме на себеси, кога? Жал ми е што се оддалечија од мене, дали со дечковците или со другите пријатели кои им станаа поблиски, ме боли тоа, но не ме запира. Продолжувам напред. Се фокусирам на учење, на моето тело, на она што сакам да сум. Сама сум била, не се чувствувам како да припаѓам во друштвото, па што? Немам дечко, па што? Долг е животот. Сакам да сум малку себична после долго време. Да ја потиснам анксиозноста која цел живот ме прати. Да најдам нови пријатели еден ден. Да постигнам и јас нешто. Имајте убав ден.
Нема ништо поубаво од тоа да имаш доверба во човекот со кој сакаш целиот живот да го поминеш заедно. Според мене довербата е оној стабилен столб кој што може да ја задржи и страста,љубовта,среќата сите оние работи кои не туркаат напред во животот. Најубаво е кога имаш доверба и без размислување можеш да се пропуштиш без никаков страв да продолжиш да чекориш напред.
СДК дека животот е режисерот и тој ги доделува улогите. Секогаш кога САМ ќе си доделиш улога, па и ќе се соживееш со неа, знај дека си во филм со жанр комедија. Само што сите се смеат а ти си сериозен
Денес како некој друг да живее во мене..многу несвојствен ден за мене Сакам да се борам за правдината Да заборавам стари спомени И да ширам позитивна енергија затоа што прво ние а и второ секој околу нас заслужува да биде среќен
Ми се крева коса од тоа колку има сељачана во Скопје (без разлика дали се родени во Скопје или дојдени). Сто пати (се погласно и погласно) им викаш ако може да ми направите место да се симнам (на ЗАДНА ВРАТА во преполн автобус на ЈСП), не бе како на камења да им збориш, а не на луѓе, па морав на следната станица да се симнам и тоа со туркање, не знаат да се однесуваат. Толку сум нервозна, што ми иде следиот пат во таков случај некој и за коса да го фатам... Несвојствено за мене, ама преку глава ми е од тешка сељачана. Нека одат во некоја пуста пустелија, па таму како сакаат нека се однесуваат, нека не ми го креваат притисокот!!!
Ако имате блиски роднини или пријатели во Стокхолм исконтактирајте ги. Попладнево имаше напад, според полицијата терористички. Препорачано им е на сите да седат дома. Дури и во градот каде што живеам има полиција низ град. Страшно е ова што се случува.
Еј значи кое дно сме го допреле со оваа политичка партија што е на власт овие 10 години. Ова што сега се случува, порано кај смеело да се случи. Еј дете 6-7 годишно да му украде телефон на друго дете од друго одделение, на својата наставничка од ташна да и украде пари, а да помине без казна иако има сведоци. Тоа е ужас, ни полицијата не презема ништо, ниту училиштето. Наместо родителот да одговара пред Законот, а детето да биде отпишано од училиштето и да нема право да се запише веќе во друго училиште, иако е задолжително образованието. Никој ништо не презема, при очи слепи се прават. Немаме власт, немаме полиција!!! Порано знаете ли што се случило кога мајка ми била ученик. Некоја од друго одделение ѝ ја украло јакната на некоја соученичка на мајка ми. Таа што ја украла јакната знаете како поминала? Била веднаш избркана од училиштето и во книшка и се ставило печат дека нема право во друго училиште да се запише. Е тоа е правда, а не ова денес што се случува. Да мора наставничката да биде под штрек цело време да не ѝ украде пак нешто, цело време да мора да ја носи со себе ташната, а и другите деца да пазат да не им украде и нив нешто. А истото дете крадец кога сака иде на училиште, има голем број неоправдани изостаноци и по ниеден основ не преземаат ништо против него, упорно го чуваат во тоа училиште. Со еден збор УЖАС!!!
Грешат цела година,сега ќе постеле за Бог да им ги прости гревовите... Душите ни Вардар не ви ги пере.
СДК1 дека толку уморна не памтам кога сум била. Времево не беше баш нај нај, ама на крај ни се разубави Цело Скопје го свртевме со другарка ми. Ми требаше ваква долга прошетка за релаксирање после колоквиумскава. Како и да е, се си положив, со оглед на тоа дека учев далеку помалце отколку за минатиот семестар, пресреќна сум со резултатите! На вторите колоквиуми се надевам на уште подобри резултати а сега шетање, искачање, читање книги, гледање филмчиња и многу многу спиење Кој вели дека животот не е убав? СДК 2: Денес во градски случајно се загледав во еден згоден дечко и како што седеше пред мене му ѕирнав во телефонот и гледам на форумот од фемина си седи! си викам кој може да е сеа од форумџииве Ама штета, на следната постојка морав да се симнам, па не видов на која тема пишуваше А баш ме интересира
Едвај чекам да дојде летото... да олабавам малку од овој стрес, од секојдневни обврски, ми се седи на плажа, на песок, на сонце, ми се пие пиво или некој коктел, ми се оди на кубанска забава...
Детето не треба да биде отпишано од училиштето, туку да биде испратено на психолог. Има причини што влечат вакво однесување, треба навреме да го советуваат. Со таква казна - бркање, само го осудуваш да биде деликвент цел живот, сам од себе тоа ќе почне да го очекува. За девојчето што украло јакна... многу ми падна жал.
Чест на исклучоци, ама кога видов кој се станал член на тимот на форумов ... Не дека активна бев, амаа чао Фемина !