Еј зашто толку досадно на форумов во последно време. Ќе треба да почнам да отварам контроверзни теми изгледа. Или Сашко да го вратам назад.
Колку само добри мисли за довербата прочитав во темава, одлично напишани затоа како се заслужува довербата, како се гради, како се урива, во кого се има доверба. Од една страна драго ми е тие што имаат убави искуства со довербата и што веруваат дека таа постои. Сите овие претходно испишани статуси за довербата беа моја молитва кога имав 15 години, кога мислев дека животот е бајка , не постојат злобни луѓе и дека секогаш победува добрината Кој би рекол дека толку многу ќе се променам на лошо, кој би рекол дека ќе ја изгубам довербата во секој еден кој ми бил близок, кој би рекол дека никому нема да верувам, кој би рекол дека ќе бидам сведок на предавства за да ја согледам реалноста. Каде ги наоѓате такви луѓе со добра и искрена душа? Од кога ме издадоа сите единствено во што верувам безрезервно е само Бог.
Јас живеев 22 години без доверба во никого, но едноставно некогаш никнуваат од нигде никаде луѓе кои ги чувствуваш како да ги знаеш цел живот, буквално ништо што си им кажал не те издаваат, ти се наоѓаат и во 3 после полноќ да им се јавиш нешто да ти треба, а ништо не бараат за возврат Има...и тоа како...но,тие луѓе не можеш да ги најдеш ако ги бараш...сами си доаѓаат
Ех камо да имав контакт со него :/ Може некој што има контакт со него ќе му пренесе... Саше ми фалиш. Те мислам.
Му велам на овој мој дечко: „Не сум Гијом Мисо, ама навистина не знам што би правела без тебе.“ Ме гледа сиромашкиот, ми клима демек ме разбира и ми збори нешто од претходно, а уствари му познавам по бледиот сумничав поглед дека врска нема ниту кој е Г.Мисо, ниту што е што. Се воздржувам да не прснам од смеење и му велам: „Не се секирај, не ми е швалер од странција, туку само уште еден од низата писатели за нови генерации. Нешто ко што беше Пауло Коелјо додека бевме по пет-шеснаесет...“ И ми одекна во глава она „пет-шеснаесет“; поминале речиси десет години. Време, мораме да поразговараме на сериозна тема. Многу брзаш.
Еден час до полноќ, се мислам... кога градиш едно пријателство, како куќа, нели треба двајца да ја градат? Па ѕидаш и ѕидаш и ѕидаш и кога ќе видиш, ѕидот нема потпора Ете така јас изгледа измислени пријатели имам Нека е со среќа... Ве молам не ги тепајте децата во јавност. Т.е. не ги тепајте воопшто, ама во јавност ептен само се навредувате себеси пред сите дека сте неспособни како родител. И петокот заминува. Кога бев помлада имав прецизни желби, тоа и тоа сакам. Како кога стискате желба на дното од филџанот. Да го сметам ли како недостаток на амбиција во овие моменти? Треба да се има конкретен план, добро ми рече Моира, план си е план. Мојов план моментално ми ги урива сите желби за патувања, како светлина на крај од тунел, ништо не се гледа лево-десно. Како ловец. Не знам што ми текна на онаа играта со кучето, со птиците што требаше да се пукаат Многу насилни филмови гледавме, многу насилни игри игравме па еве не... барем мене Ви имам ли кажано колку е важно да бидете добри едни со други? Ќе повторам по милион пати, нечии домови, соништа, животи се рушат во моментов. Стварно дечки, бидете добри едни со други.
Сѐ е џабе, кога родителите се невоспитани и исти. Ако родителите цело време го бранат своето дете, залудно е друг да зборува со него, нема да го насочи кон правиот пат. (За овој случај што е сега, дополнителна информација-детето е Ром). Да можело со разговор со психолог да се реши проблемот, до сега ќе се решел, бидејќи сите вработени во тоа училиште се запознаени со проблемот и родителите се повикувани во училиште, ама тие се карале со наставничката и со другите вработени (директор, педагог, психолог) и си го бранеле своето дете - тоа значи и тие се такви. Ако родителите така го учат детето, никој не може да му влијае позитивно на тоа дете. Сите што крадат (без разлика кои се и што се) треба да си ја добијат заслужената казна и да бидат пример за сите останати што ќе им се случи ако крадат. Ни еден крадец не треба да биде сожалуван. Многу добро знам како е кога некој нешто ќе ти украде имам осетено на своја кожа и само јас знам каков стрес претрпев, а крадецот не се откри, успешно го заташкаа целиот случај. Затоа и сум толку иритирана кога ќе слушнам дека некој краде, знаат кој е крадецот, а сепак поминува неказнето (читај му даваат зелено светло да продолжи така да прави).
Има ноќи многу долги, го гледам небото и ги барам најсјајните ѕвезди. Тука се - си велам, ме следат во секој чекор, ми го осветлуваат патот. Ми даваат надеж за новото утро. Ама камо да не ги барав на небото тие ѕвезди... камо да си ги имав покрај себе и да можев да ги гушнам... Бато и мајка моја фалите секој ден се повеќе... Луѓе сакам да кажам нема поголема болка од загубата на најсаканите, а има луѓе се замараат ако се здебелиле и ако им се скрши ноктот или раскинат со дечко-девојка... тоа е толку неважно другари, единствено што е важно е семејството и саканите... тркнете сега да ги гушнете, пошто јас моите не можам... и не им се лутете ако не ви го купиле мобилниот што сакате да го имате...
Толку многу ме фасцинира поезијата на Петре М. Андреевски, мислам дека можам цел свет да го прошетам со неговата книга во рака. И сегде да читам по некој стих, сегде да чувствувам топлина. А не ни сакам поезија.
Ај, дoдекa сум тукa дa ти кaжaм декa тaa фoрa дa не ми стигaaт мејлoви oд феминa функциoнирa. Фaлa ти нaјмнoгу. Вaкa пoлеснo е. Едит: зaбoрaвив еднa гушкa дa ти прaтaм.
Раната секогаш останува времето може само да ти ја намали а никогаш нема да може целосно да ја оздрави...
Ај погодете од прва кој би можел ,, спонтано ,, да става отров по целиот град, со години наназад, баш во овој период од годината? Ајде, ве молам, ве молам! Ти се плукнам во Државата...