Која иронија. Цело време да спомнуваш трети лица кои не се присутни,а од друга страна да потенцираш дека не сакаш оговарања.
После секое збогување ништо повеќе не е исто,оној кој заминал некаде,се враќа променет,а исто и оној кој останал да чека. Само се прашувам на кој му е потешко?!
Вие што труете животни спиете ли мирно?!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Св.Петар ве чека со кандилото нема бегање од таму. Да не биде не сум кажал Може и некое дете да отруете,а што е најболно ваша роднина да биде бар на тоа помислете
Еден по еден, сите си заминуваат. Поздрав со рака и насмевка, со желби за подобра иднина... ова навистина боли.
Денов го мислев за просечен, ама... мина дечко под балкан. Цел занесен, пее ли пее момакот. O, well, let's pretend дека за мене беше Значи, значи... се почна и со серенадите Никад не е доцна.
На тема "Доверба", јас би додала - ниту на сопствената сенка. Честопати, имаме очекувања различни според она што другите го прават мислејќи дека го направиле најдоброто и со најдобра намера, но ние сме очекувале нешто друго и пак сме завршиле разочарани. Затоа, доза на резервираност и без преголеми очекувања, можат да ни заштедат доста нерви и главоболки. Е сеа.. кој го може тоа...
Кругот на луѓе во кои имам доверба, од вчера е за 2 личности потесен. На една рака можам да избројам и дури “вишок“ прсти да ми останат. Од љубомора, какви ти не сцени и драми биле способни луѓево да направат. Постов од вчераутро стои напишан, ама не го пуштив.
Дали среќата ги следи храбрите не знам, но знам дека храбрите се тие кои што живеат, останатите само егзистираат. Треба да си храбар за да ја оставиш својата рутина и комфорна зона и да пристапиш кон нешто ново. Треба да си храбар за да се соочиш со она од кое се плашиш или она во кое се сомневаш. Треба да си храбар за да прифатиш некои вистини. Треба да си храбар да се жртвуваш себеси понекогаш и да си храбар за некој друг да ставиш пред себеси. Ако немаш храброст за ништо од тоа, зошто постоиш?
Како стојат работите кога истите не се преувеличуваат? Просто, реално, без никакви дополнителни компликации. Па тогаш, зошто се прави од мравка- слон?
За мене се` е или црно или бело, или се` или ништо. Не знам за средина и не знам за умереност. Кога сакам, сакам до бесвест и до лудило. И не, не ми е жал. Жал ми е за оние до кои ништо не допира. Подобро силни чувства, отколку никакви.
Си претрпела стрес затоа што некој ти украл нешто, а замисли каков стрес претрпува тоа дете во такво семејство. Има психолози, социјални служби... треба соодветно да се пријави и да се работи со него. Од дете не смее да се откажат учителите и психолозите. Да го отпишат од училиште па да остане на улица. Едноставно не смее да се откажат од него.
Од денес па натаму, можам опуштено да прелистувам страници и да бидам во тек со најновите јазични случувања како одраз на современата состојба На Саемот на книга ја завршив потрагата по второто издание, а не очекував ажурноста на институциите да биде во согласност со најавата. Но, ете, за поздрав е кога истражувачката дејност, средствата и временскиот период се во согласност со нормите на јазикот наш насушен. Во чест на македонцките работи осовременоста има нов назив. Правопис на македонскиот јазик... Блескам од среќа што е во мои раце. Спојлер: .