Веќе преку глава ми се тие девојки што се ФАЛАТ дека ништо не знаеле низ дома да работат. Демек еве модерни сме и се бориме за полова еднаквост, па затоа домашна работа не знаеме да извршуваме... Ќе се мажиме за богат и куќна помошничка ќе имаме. Тоа за гордеење е? Не знаела јајце да испржи и се радува на тоа не знаела правосмукалката каде и била, и горда е. Тоа нема врска кој пол си... Тоа е домашно воспитување пред се. Да имаш 20+ години и да не знаеш едни макарони да направиш или крпа немаш фатено, па тоа за срамење е, а не да се радуваш. И машко ако не знае ништо да прави, е глупо , ама барем тие не го кажуваат тоа со фалење А овие демек јаките дами модерни уште да се фалат се Секој човек треба барем основни нешта да знае да работи низ дома, колку да преживее. а не да се фали дека ништо не знае.
Извини што ке те цитирам,само сакав да се надоврзам на муабетов. Јас како МАШКО ми е мерак и ќеиф дома да ми биде чисто и средено,од мој 13 години дома чистам,сам си правам јадење,сам си средувам буквално све,сакав да им олеснам на мојте во оваа обврска.Пред неколку години ми се промени целиот живот,од тогаш дури и сам перам,пеглам,ама буквално све затоа што живеам сам и све е оставено на мене. Никогаш не сум можел младите од 20+ да ги разберам кога ке ми кажат,јас дома не фаќам ништо,мајками го средува тоа,или родителите ми го средуваат тоа,никогаш не сум ги разбирал девојките и жените кој незнаат да направат ручек,основни работи во животот кој незнаат да ги завршат без помош на некој.Се согласувам потполно со тебе дека све е тоа од родителите,мојте родители ме тераа уште како мал памтам,да си диплам алишта,да си чистам низ соба,затоа што беа свесни дека еден ден нив ке ги нема и ке неможам да се снајдам ако не ми створат навика уште како мал. Жално е и срамно за малдината која овие работи ги мисли за срамни,и за понижувачки. Повеќе пати ми се има случено,некоја девојка со која ке почнам да се гледам или запознаам и кога ке зборуваме на оваа тема,ми се чудат како сум можел како машко да ги правам овие работи.
Бaш пред некoј ден мислев зa oвa. Денескa е некaкo ин дa не знaеш дa згoтвиш, дa рaскренеш пo дoмa, дa фaтиш прaшинa дa избришеш, a дa ги знaеш сите кaфичи вo грaдoт и дa се пијaнчиш кo стoкa и фрлaш тешкo зaрaбoтени пaри нa твoите рoдители. СДК: Пoнекoгaш и мaјчинскaтa љубoв не е дoвoлнa.
Посветено внимание од било кој убаво годи,ама онаа внимание од најважните личности во нашиот живот е вистинско уживање. Го давам онаа што сакам и јас да го добивам,само кога вистински осеќам кажувам. Глума и лицемерие,забивање нож во грб на било кој начин во оваа време-невреме на никој не му е потребно.
На светот нема поубав мирис од оној на мало,невино детенце,нема ни помили очиња од оние детските... Тој спие како ангел,а јас лежам до него и го гледам и се прашувам дали ќе дочекам вакви денови за мое дете?! Ги сакам најмногу на свет моите внуци,и му благодарам на Господ што не ме лиши барем од ваква љубов...
Стално кога ја слушам песнава се задлабочувам во текстот, и сликовито му доаѓа нешто вака ... Podsjeti me sto to bjese ljubav i bar na tren biti zaljubljen Иииии Спојлер: ! натрен
Мајка ми ретко се смее, но затоа кога ќе ме види дека јас се смеам, тогаш се смее и таа со мене. Еден таков миг ми е повреден од сето богатство на светов. Штета што татко ми не ме гледа кога се смеам. Сакам и тој да се смее заедно со мене, но тој е далечен...
Период кога мислите ти се на сто страни, се трудиш да ги собереш грабаш една, друга, лево десно ти се провираат низ прстите од една страна ги ставаш од трета ти бегаат и се чувствуваш расеан како растурена рака орис во послужавник за требење од камчиња пред да се свари.
Тогаш кога ќе се почувствуваш прегазено, потсети се дека не вреди со секого да бидеш добар.. ..без разлика колку добра душа имаме
Отсекогаш сум мразела двоење. Ме учеле со кој си дошол со тој и си одиш. А не,се двоиш,па се осмелуваш да ми бараш услуга и после се чудиш зошто не ја добиваш услугата. Не сум мајмун тоа е тоа. Како ти со мене,така и ја со тебе. Око за око,заб за заб.
Сдк Секој нека си тера патот како знае,не глумете лудило па лупате нешто за Православната вера. Ја почитувам секоја вера но ја сакам мојата,и сакам да се почитува мојата и моите обичаи дали биле пагански или не наша работа. Секој нека си гледа пред дворот. Ајт со здравје Нешто ја губам смислата за хумор на ф.ф
СДК дека ми снемува начини да им се заблагодарам на моите другарки за се.... Некогаш неуморни се да ми покажат зошто би се фрлила во оган за нив, некогаш се смешни додека будат различни страни од мене... Некогаш како овие денови кога болките се најсилни, гладот најдлабок, солзите најврели ете тие, само тие ме креваат од постела, од бездна... Некогаш немам зборови да им кажам, некогаш не гледаат дека плачам од радост додека се пред мене, некогаш не знаат колку сум среќна што ги имам....
Јас во суштина сум ви по малку груба жена.Кога гушкам некого,толку силно го стискам,што ми се чини дури и воздухот му го вадам од градите.А потоа приметувам дека на неа/нему му е непријатно се тргам и се смееме на мојата грубост.И кога зборувам понекогаш ,а зборувам за живот,љубов,страст,со зборовите знам да сечам како со нож,велат остра сум била.Хм,добро...ама си ја сакам таа моја нежност завиткана во грубост.Вистина делува одбивно,ама зарем срцето не е сместено позади цврстиот граден кош?Таква сум зашто животот никогаш не ми би бил постелен со ружи,туку со трња.И верувам дека таквата грубост не боли и не повредува никого. Во прилог на ова...
Со рацеве создавам секакви чудесии; пишувам, цртам, делкам дрво со секакви длета, создавам нешта од купишта глина, ама не научив и не научив да лупам зеленчук со ноже. Ко фатена во рацете, ги осакатив сите тиквици, отидоа во минус сиротите. Едно е барем сигурно, среќна сум дека не сум погрешила во изборот на професија - јадни луѓе, да бев хирург, до сега гарант ќе бев во затвор.
Стресна но убава недела ме очекува. Го живеам мојот сон. Иако тоа ме чини многу ноќи без сон, сепак убаво ми е
Би сакал да можам да излезам од кожава.... Би сакал да сум некаде далеку....без никој... Кога веќе не ги можам наведениве работи, би сакал да можев да правам лице и да глумев лудило, сигурно така ќе се чуствував подобро и јас и сите други....
Писмо до пријателката која нема и сè уште не сака да има деца... Знам дека гледано однадвор ти изгледа како да се мачам. Гледам во твоите очи дека ме сожалуваш. Ме сожалуваш кога станувам да си одам порано зашто детето плачело, ме сожалуваш кога велам дека не можам да излезам зашто треба да ја успијам. Кога си легнувам во осум зашто не може да заспие без мене. Ме сожалуваш зашто ти си сè уште во фазата кога сакаш да излегуваш, да се напиеш некоја чашка повеќе и не можеш мене да ме разбереш. Но, те молам, немој. Зашто ти можеш да разбереш и да се поврзеш со тоа што јас сум ограничена за дадено време во слободата и во пијачките кои можам да ги испијам, но не можеш да разбереш зашто. Не можеш да разбереш дека јас сакам да си одам дома порано, сакам да си легнам до ќерка ми во осум, дека едвај чекам да го гушнам тоа малечко топло телце, да ги погледнам тие очиња кои ја носат целата љубов на овој свет и ја чуваат само за мене. Дека едвај чекам да ги земам тие мали рачиња во моите, да ги бакнам најмеките обравчиња и да го вдишам најопојниот мирис. Да, понекогаш знам да кажам дека ми фали да излезам како порано, но никогаш, никогаш и за ништо не би го сменила ова што го имам сега. Можеби ќе сфатиш еден ден кога ќе решиш да ми се придружиш во оваа најголема животна авантура наречена мајчинство, бидејќи колку и да ти објаснувам нема ефект. Клише е, но љубовта само се доживува, не и опишува. Затоа те молам, отстрани го сожалувањето од твојот поглед и сожалувачкиот тон од твојот глас. Мене воопшто не ми се потребни.