Има средби кои ги памтиме засекогаш. Средби после кои сме рекле - мора да биде повторено. Средби за кои сме се покајале. А има и такви, не се случиле...едни сеуште, други никогаш.
Нема нема поубаво... Легнуваме за спиење тројцата... и викам, дојди мама да те баци. И лазејќи брзо иде и со отворено муце ме бацува у уста... маж ми вика, ај сеа тато да те баци, и насмеана оди до него и со муце се лепи и го бацува! И 10 пати така, де мене де него. Умрев од убавини. Веројатно за сите маки Бог ми ја даде неа за да видам што е среќа. Спиеме сега тројцата заедно. Ги слушам како дишат и не спијам за да уживам. 2 дена гориме јас и мм од температура откако бебе помина вирус. Сега ние сме на ред. Одвај стоиме ама мора. Овие бакнежи беа награда за нас.
До пред неколку месеци ќе се соберевме трите или двете и ќе си муабетевме за нашите грижи:ми треба ново палто ама сега немам пари,сакам нови чевли ама немаше број,па ме изнервира мм,свекрва ми ми рече вака-така,детево доби 3 на тест,не учи....И ,мислевме дека се големи нервози ... А сега: се собираме ,и сите очи вперени ни се во едно мало невино детенце,дали ќе каже нешто ново ,дали е сега оваа постапка во ред или не ,дали сега има напредок од некни со очи не прашуваш? И други грижи веќе немаме зашто ова било само ЗА ГРИЖА ,ова било мака... Само се молам нека е пролазна маката ,нека се тргне по добар пат,па пак нека имаме други грижи... И уште нешто ми иде во главава и чесо се обвинувам за помислата и изговорените зборови. Ти бремена,седнавме пак сите три да пиеме чаршиско кафе и јас реков нешто во стилот:еее ова ќе ни биде последно кафе во наредниве три години на раат заедно испиено...Незнам зошто ама стално ми идат во глава тие мои мисли и зборови...и како да се обвинува зошто така реков ,зошто така помислив...
И тогаш кога мислиш дека неизметна сила ти блика од петите,од секое ребро,ма булвално ја имаш на претек во секоја пора надзира. Има и зошто,за кого... Добиваш удар,пагаш и како бумеранг се исправаш и одиш понатаму. Мораш.
Понекогаш. Тоа понекогаш е и премногу често да имам куп незавршени и расфрлани работи низ домот, само што ќе посакам да станам и да се оддалечам од тие малечки очи истите почнуваат да се смеат на глас и да гукаат. Оставам се и со саати се гледаме.. гукаме.. се трудиме да гукаме уживаме во најчестото и најискреното господи. Тогаш сваќам дека ниту тенџерињата се проблем ниту неизбришаната маса освен него, тоа што ме повикува до себе си да играме и да се сакаме. Понекогаш.. наместо перфектните вазни и садеви на масата од порцелан радо ги заменувам со расфрланите цуцли низ масата. Да, поубави се. Многу поубави и понежни. Се гледа дека расте живот. Дека се создава живот и дека се сее љубов насекаде. Не сум можела да поверувам дека некогаш цуцлите и шишињата ќе ми бидат поубава стаст за око отколку вазната од порцелан.
Никогаш не научив да ги лажам другите,ама затоа самата себе на најсовршен можен начин се лажам цел живот. #лајкзадругатавомене#заонааглупаватавипрааммуабет
Само нови проблеми ми изникнуваат. Немам кому да кажам јер no one cares, а ни тука не ги пишувам од истата причина. Ќе полудам...
Не знаев дека имаме мочуриште сред Скопје.. А уште помалку дека е брендирано под капата на Radisson Blu Фала Гугл, барајќи улица ми ги отвори очите..
Нема врска тоа домаќинлук, човек треба да знае сам да се издржува, нема секогаш да бидеме опколени од луѓе. Првиот или последниот, недела како ден ич не ми се погоди Цел ден ми идеа флешови од глупости што сум ги правела како помлада. Депресија мислам ме фати. Па хранев мравки и видов една мравка како затепа друга, многу беше брза и делуваше психотична. Внимавајте, и мравките знаат да бидам многу насилни Имам добра вест, оваа недела има само четири работни денови Сакам брат ми да го видам. Секогаш кога доаѓаат празници, празна ми е куќата без него. И кучето нешто не ми е добро дали старост, ме боли кога ја гледам. А сега... стисни заби и терај понеделник.
СДК дека понекогаш се чувествувам како дел од некоја видео игра...како Супер Марио.. Цели денови и недели трчам, рипам, паѓам,станувам, собирам, мијам, перам....се нешто ме препнува, по некоја препрека совладувам И...ОП - НОВ левел Па ќе дојде викенд - ќе наполнам батерии и пак од ново цела недела
Доколку го гледаме она што го имаме во животот, ние секогаш ќе имаме повеќе. Доколку го гледаме она што го немаме во животот, никогаш ништо нема да ни биде доволно.
Чекам автобус. До мене застана еден млад дечко, среден, намирисан, дотеран, фризурче, наочари, актовката под рака... Абе на газ да паднеш кога ќе го видиш. Доаѓа мојот автобус и гледам дека и дечкото влегува. Имаше едно слободно место и како вистински џентлмен ми го препушти мене... Иако се противев, сепак тој инсистираше да седнам. Застана одма над мене. Пензионери се туркаа, луѓе се караат, и се беше у пм... Одеднаш настана некоја тишина... Јас замислена си гледам некаде и само одеднаш во позадина слушам некоја мелодија од турските серии...тие на сител што сум ги слушала на реклами... Заљубениот ерген... Нанаанана анана... Нинанинаанан... Во истиот момент го гледам дечково бара по џебови... Го извади телефонот... Негов бил тој мобилен со мелодија на турска серија Ко кофа со ладна вода да ми истури. Зошто по ѓаволите гледаш турски серии? Јас планирав да те грабнам и да бегаме, а ти... Турски факинг серии па уште и мелодија таква си ставил.
Немам ништо против луѓето што гледаат турски серии, ама се напнаа со серијава. Не ги можам веќе. Кај мене во клас ремиски слушаат на песнава, преработена на српски, машка верзија... Страшно!
Ќе си ја нашминкаш тагата ќе нацрташ насмевка Ќе излезеш и ќе сјаеш... а скршените парчиња во тебе ќе го исечат секој што ќе сака да те допре.
Зошто мислам дека неизречените зборови ми ги пишува на челото? Зошто морам да ги кријам чувствата од сите? Морам и да сакам и да плачам во тишина, а чувствата од ден на ден се посилни.
Еден дедо кај мене у маало пред маркет падна преку точакот. Среќа мала повреда имаше на глава. Налетавме јас и уште една д-р од ургентен. чувството дека се разбирам во некои работи ми беше пријатно зашто во тие моменти бев корисна, измерив пулс, го распрашав за дишењето, за лекови/терапија која примал. Среќа веднаш дојде амбуланта и го однесоа. Но сакам да знам како е. Доколку некој се пронашол во ова и негов/нејзин дедо да е во прашање пишете ми. Ми се идеше да го изгушкам да му помогнам од одма
Разгледувајќи каталог од маркет во мени-понудата читам ребра со подарок. Ми светнува мисла дека тука завршува потрагата по боја за коса по акциска цена Понесена од пронајдокот почнав да си правам ретроспектива на каталошките производи и понуди, па ребрата не ги ни забележав се додека не ги видов во тавата како составен дел од подварок Се сепнав кога видов нешто различно од тоа што барам. Тука ми прекина филмот со промашен крај. По подарокот ќе продолжам да трагам, ама не површно како сега. Во следна прилика претчувствувам дека ќе го сервирам пред порцијата подварок.