Пред малку читам на инстаграм : " Збуњен ( читај заљубљен ) човек је отворена рана " Или сум пијана на трезно или ми се спие . Трето нема
@danichap ме изнасмеа ме потсети пред некоја година и јас пробував еден фустан за на свадба. И јас xs ама ова xxxs изгледа ќе беше на среде имаше раб, создаден за луѓе што немаат ребра Влегов што влегов мислев таман ќе биде, ама да го соблечам влечи влечи нејќе бре, ја викнав мајка ми циркузи, срам ме фати кај нетокму, па уште и да го скинев па да треба да го платам Кога излегов од гардероба бушава, испотена како во борба да сум била Туку... многу чуден народ бре. Избричени веѓи, па цртани со молив Зошто бре дечки?
Кога со некого ќе почнеш повеќе да молчиш отколку што зборуваш, знаеш дека времето на вашата дружба е во својот залез.
СДК1: Хрониките од еден гардеробер. То be continued. СДК2: Колку е кукавички кога некој не разговара со тебе за конкретна проблематика во четири очи бидејќи нема аргументи/капацитет/трпение за истото, па (ти) го прави муабетот со трети личности. Виртуелната варијанта би му дошло не го тагирај својот 'соговорник' и чекај да се најде самиот. Оти нели, без него си секогаш 'појак' на зборови, па уште и од зад мониторот.
Имаше нешто документарец за сериски убијци и нешто кажуваа кој имал најмногу убиено арно ама ми светна сијалица над глава и се сетив дека нема теорија тоа да биле тие манијаците за кои зборуваа пошто џелатите во минатото се бавеле со извршување смртни казни цел живот и убивале стотици па и илјадници осуденици. Арно ама убивале со амин од државата а во таков случај убиството не е убиство туку џем од капинки...
Пијам кафе, а под нос имам морски ширини, дишам со полни гради. Читам фемина и се мислам што да му готвам на човеков, јер према баба, љубовта преку стомак доаѓа. Ако вака изгледа рајот.. Ве молам застанете го времето!!
Вчера било siblings day. Брат ми напиша на ливче „коза” и ми го залепи на врата. Уште си стои. Страв ме фаќа кога ќе помислам.. Еден ден, ќе ми недостасува тоа негово „коза”. Ама не бре, што зборувам, ние нема да пораснеме. @Читател и јас многупати немам што да кажам кога влегувам во темава, но претпоставувам дека и тоа дека нема што да кажам е нешто што сакам да го кажам, но не е доволно за да го кажам.
Одвај чекам да се вратам дома и да си ги видам новите членови во семејството. Три мали мачиња и едно мало кученце. Не можам да се одлучам што е послатко, но знам дека ќе си растат со љубов и ќе ги подариме во семејства каде добро ќе се грижат за нив. Уште неколку дена. Се надевам времето ќе е убаво за ептен да си уживаме во празникот. Нека го стопира некој времето, пребрзо поминува
Не го уништувај кафето со млеко,виното со сок и денот со глупи и негативни луѓе. Добро утро,добар ден
Не знам за во други маркети ама во Стокомак кога куцаат производи си додаваат плус. Така сега одкако дојдов од таму читам во сметката и некакви си колачи а како да им појдам и да им се скарам кога дома си дојдов? Нареден пат пак ке земам од кај нив и пред таа овцата ке ја читам сметката
И мене бе пред некој ден во Стокомак Кисела Вода ме украдоа бе некој си детергент и јас немам навика да си проверувам сметки, колку толку кога 245 денарчиња фазла за некое си детергентче. Јбг некој плаќа некој чисти
Врати се ич не чекај. Мене така на неколку пати во Жито маркет. Јас од дома се враќам назад со фискалната ич не ми чуе. И секогаш изговорот им е, проверувале цена на производот, заборавиле да избришат па така останала цената на мојата фискална. Јас стигам дома и одма ја проверувам фискалната. На 2 пати последно со брат ми, на каса еден ист производ ни го куцаа двапати, ја не приметив ама брат ми глеаше и одма им рече. Ја веројатно ќе требаше да се враќам назад
@Petar80 @Yowannty глупо ми е сега после еден саат, ама одсега натаму ке им проверувам сметки. Подли работи се овие. 100че од мене 100че од Петар плус 100че од некој друг... па до каде вака?
@*Amethyst* , @Petar80 , @Yowannty ... Кој бил од другата страна на шалтетот, простум и со странки цел ден, со пари, со гужви, под стрес, со брзање, во умор, неконцентрација, неможност до тоалет да одиш, плус падна системот... тој знае, јас знам - се греши ненамерно. Колку пати минус сум била... Некогаш и плус... бунете се, но смирено и со разбирање и за'другата страна'.
За шалтерски работи/греешки ке сфатам. Ама прозиводите се на лентата она ги куца едно по едно не знам како тука би се погрешило.
Јас разбирам се тоа, не им е лесно плус доста често се во минус и тоа од свој џеб го враќаат. Бар овде кај нас се краде увелико, албанките под мантили сфашта пикаат, као хрчаци кога складираат храна во вратите... и оди само речи им да се откопчаат.. кхм да.. Често пати за некои ситници како мастики, смоки, чипсови не сум се бунела, ама ептен често се случува да имам нешто плус на фискалната а минус во кесата, а ниту во корпа сум го зела. За мои пари се бунам, културно, ама се бунам.
@Yowannty Јас после ова ке бидам претпазлива и сметката уште во продавница ке ја читнам. КАсно ми е сега некако да појдам немам доказ дека не е така. Ама ке внимавам од следниот пат!
Треба претпазливост, многу. Ама некогаш џабе е. По мене гледам. Во принцип за се сум претпазлива, па пак некој од некоја страна ќе ме зезне па се осеќам ко мртво маче на дожд. Едноставно се случува. А за конкретнава работа, како што викаат старите, место две, четири отвори.