Половина час стои отворена странава, чисто бела не дека немам што да кажам туку незнам како. Незнам дали е до времево или до нешто друго ама неделава постојано си приплачувам за се и сешто се затворив во себе, од дома немам излезено можеби две недели, да можам и цело време би лежела во кревет, изгубив воља за се. Претходно ќе се јавев на некоја од другарките и со часови зборевме а сега кога ќе видам дека некоја од нив ѕвони телефонот го ставам на сајлент, некако не ми се ни зборува, како да немам што да им кажам За се ми стана сеедно дали во собава е хаос, дали надвор врне, кој што кажал или направил.. Една иста песна врти со денови и не дека има некакво значење само немам воља да пуштам друга.
Абе начисто ке умрам за спиење, а косата од мрсна помрсна - чекам да се достопли водата и да се измијам, па да легнам. Денот ми помина во школо - добар муабет си направив со другарчето, па дома на твитер и така. Сега сакам да му се јавам на саканиов да го слушнам, па легнувам кај да е. Хит на денот - Скопје, Сарај, Матка. Бидете ми поздравени.
Среќа е кога твоите најблиски се здрави и среќни.Другото може да се купи,поправи или заборави! ПРЕГОЛЕМА СРЕЌА!
Не вреди некогаш да се замараме за работи кои што не ни се битни. Се е пролазно, се поминува. Така и ова ќе помине. А и тоа после него.
Многу ми е криво што паднав на полигон денес. Изгледа премногу очекувања си имав и јас. Ама ги направив вежбите со инструкторот ко што треба а кога требаше да се докажам пред комисијата утнав и тоа на првата вежба. Страшно ми е криво. А сабајле еднаш испаднав од дома и пак се вратив оти заборавив пари. Може нема врска, ама не требаше да се враќам штом кренав еднаш. Обично кога и да ми се случи нешто вака, утнувам работа па каква сака нека е. Сега наместо да си купам нешто за мене, ќе давам пари пак за полигон, уф
Колку ме нервираат наметливи луѓе,гледаат дека не им обрнуваш внимание а тие упорно зборуваат ли зборуваат ,ни најмалку не те интересира нивниот збор но тие упорно имаат нешто да ти кажат да те прашат,да ти одговорат нешто,да слушнат некој муабет што ни најмалку не е во врска со нив Туку ја друго сакав да си кажам ... Синоќа погрешив во врска со нешто,инаетот беше поголем и немав сила, пуста гордост голема неможев да си ја погазам самата па немав сила да се извинам и да признам дека сум крива и дека згрешив... Оставив двајца да немаат убав сон ,ноќта да им помине во размислување ,и барајќи ја причината каде е грешката ... Еден од тие двајца бев јас ,а другиот ТОЈ човекот што го сакам повеќе од се Една мала глупава ситница направи да не се чуствуваме добро и двајцата и тоа заради мојот инат. Си ветив самата на себе дека ќе гледам да не се повтори тоа ,нема да дозволам уште еднаш зборот да ми е побрз од умот,неможам да дозволам да се мачи и да биде замислен затоа што ете во моментот јас сум се противела и не сум сакала отворено да разговарам ... Несмее да биде тажен,несмее да биде замислен а најмалку не заслужува да биде разочаран од мене за било што. Ветувам дека нема да се повтори за себе,за него ветувам за нас двајцата,така е најдобро Затоа сакам да ви кажам ако некогаш почуствувате дека грешите не продолжувајте, напротив во истиот момент извинете се.Многу е неубаво да легнеш да спиеш со немирна совест ... Имајте добра ноќ
Бок девојке! Ја сам се вратила Хух, овие 4-5 дена поминати во Хрватска беа преубави. Прекрасни спомени, нови другарчиња, незаборавни моменти.. Загреб е прекрасен, населбата во која бевме е многу убава. Со широки улици, нема куќа која е на еден кат, сите имаат два, три, четири ката, преубави дворови. Самиот Загреб е прекрасен, Катедралата е преубава. Милина Многу видовме, прошетавме. Дури успеавме да го ѕирнеме и Белград. Реката Сава, Комбак Арена.. Ајт, доста ви се изнафалив кај сум била И да, денес научив и една важна лекција. Не кажувајте се што мислите дури и на другарките во кои имате преголема верба, и тие еден ден ќе ви го покажат грбот! Желим вам лаку ноч!
Моиве уште ми се чудат, како жива сум се утепала седеечки во автобус. - Ај да си стоела, ама кога си седела, си паднала? Вештини, тоа се викаат вештини.
Уште некој ако ме праша каде планирам да одам за 1ви Мај,навистина не знам како ќе изреагирам. За што ли го сметаат тој 1ви Мај?(многу јакиот празник) Јас го доживувам како и секој обичен ден. А не секоја година истите муабети,ми се чини толку за Велигден и останати празници не се притресуваат,што навистина се големи празници и треба да ги почитуваме,да се радуваме... На 1ви Мај слободни,но затоа утрето ден на работа,драги мои,затоа нема пијанчење до раните утрински часови.Наместо да гледаат да не трошат пари за глупости,бидејки во денешно време тешко е крај со крај да фатиш,тие се расфрлаат на сите страни за еден 1ви Мај,а да не зборувам па за други работи. Еве,да кажам јас 1ви Мај би до поминала во некоја пријатна и мирна атмносфера,со помало друштво во викендица или пак кај некого дома.Ама па што,седни си во дворче,пушти си музиче,направи си скаричка,уживај си со најблиските пријатели.Додека не се стемни,бидејки навистина нема потреба од славање до ниедно време,како којзнае што да е.
За малку ќе си го фрлев денот во 1часот заради едно пакетче Тутку, убаво си извежбав, не згрешив со исхраната воопшто. Арно се разубедив во последен момент, поминав само со 2 колачиња, можеше да биде пострашно
За први мај, работно. Ко да ми смени пак тоа нешто. Се дрогирам со музика и филм. Бев на Федра вчера. Мошне силна претстава! Биле добро го доловила празниот женски лик полн Љубов со симулирана енергија... Ми станува омилена нејзината естетика. Времево, мусака. Те дожд, па сонце. Алиштата ко човек не може да си ги пружам на балкон. Си купив нови балетанки и тие чекаат суви патеки за шетање. Ти си во некој седми сон или бркаш авион до својот сон. Сфатив колку еволуираме. Флертувам со нашите енергии. Па и тоа е во најмала рака вредно и прекрасно. И си татнеам, го сонував Исток со вампирски заби како ме прободува во врат. Откачено. Морам да му кажам, ќе напише некој расказ сигурно. Попладнево ќе снимам во емисија на македонско радио, ќе поразговараме малку за книгата и музиката. Вчера дадов изјава во живо и се смеев ко улава, зошто никогаш не сум добила такви телефонски благодетии, во суштина телефонот за мене е нужно зло што ете и во нужник би го фрлила да можам, ама не можам, зависам од него напати. Патос. Со сестра ми вчера по дождот бевме Абигејл и Емилија, уште Волдо ни фалеше. Си изнакупивме ситнурии и убава плик чанта за наредните 234 свадби што не’ очекуваат. И си размислувавме - од никогаш не сме имале визија за сопствените. Како да е тоа минорен, онаков кус миг за кој си велиш ако де, нека се деси, јас само ќе учествувам. Атипични емоции, а можеби и малку повеќе незадоволство од тоа каде живееме. Славје и огномети, за што? Чуму тоа лудило. Важно е да не е тажно. И нема да биде. Јас, одам да пеам и да пренесувам енергија. Дали до солзи или нови насмевки, не размислувам. Портокаловата чакра ми е отворена и ме заплискува. Let's go!
На хороскопов многу многу не му верувам, многу ветувања ништо на мегдан, секако Ама веќе приметувам два-три дена по ред дека кажуваат за некои промени, дека нешто што го посакувам одамна ќе се исполни, дека трудот и упорноста кои сум ги вложила овие неколку месеци ќе вродат со плод. Епа ајде веќе, да не се подрекувам, ама, ако се дава нешто, сега нека се дава, сега е време, оти ми снемува од упорноста и еланот
Зарем е можно 13 годишно пријателство да заврши за 10 минути? Не ми се верува дека заврши,но тоа е.Готово е,ништо неможам да направам повеќе..
Добро бе луѓе, како можете да бидете толку неодговорни. Се договараме за мајот две недели и уште со истиот одговор "не знам" дали ќе идам еднаш идам еднаш не идам како малите деца, уствари они подобро се организираат од нас, абе кажи или идеш или не идеш да знаеме да си планираме, треба да кажеме колку души, требаше досега да платиме абе катастрофа. Јас по принцип сакам се да ми е испланирано било за што и да се работи, не сакам да се договорама во последен момент, има некогаш и исклучоци нормално. Значи многу ме иритираат неодговорни луѓе, јас книга да земам неможам а да не ја вратам, како можам да заборавам да ја вратам, не ми е јасно. Да ме чека мене некој за нешто да му кажам и да знам дека му зависи од мојот одговор и јас да се туфкам абе идам, абе не идам, абе не знам Уф... може незнаеш и женска ти дали ја сакаш, епа шо ќе знаеш, оди скини цвет и кини ги ливчињата "те сакам" - "не те сакам"
Не треба да се донесуваат поголеми животни одлуки според тоа што би било најдобра опција. Нема такво нешто. Не може да се предвидат условите и шансите кои животот понатаму ќе ги донесе. Затоа, одлуките носете ги според она мало гласче длабоко во срцето и според инстинктот... притоа не размислувајќи дали сте избрале паметно според правилата на околината. Бидејќи ниту едни пари на светот нема да ја пополнат празнината настаната поради погрешен избор. Да ми беше овој памет кога се запишував факултет... но, како и се друго во животот, се' се научува доцна, од сопствените грешки...
Сфаќате дека сте подпросечни ако имате помеѓу 20 и 30 години и кукате за решение на работа (зошто од дома така ве учеле дека факултет, работа со решение, свадба, дете и духовно умирај по малку), а едина амбиција ви е шалтерски референт во банка, државна институција, а идеалот кој ве води е еден ден да станете шефче на локална експозитура или канцеларија ПОД кого ќе има два тројца кои ќе ги малтретирате (малку поамбициозните менаџер на сектор, ни мање ни више)? Работите повеќе од година,а повеќе од пар чевли (најскапи што може, нешто бата, манго), пудра за лице и спичкана цела плата у рок пола месец не сте направиле или купиле за себе си, па ниту годишниот одмор не сте си го заштедиле ве прави глупи, инертни паразити? Кога мотивот за плата ви е облека на која и минува модата? Или еден таблет или ајфон? Не?!Да?! Подобро со време сфатете си го како такво, за да можат нормалните нормално да живеат. Од вакви пувачи не дишеме веќе. Ама времето кажува најмногу. Се будиш некаде во 40тите и се прашуваш - што направив? Кој сум јас? Зошто не сум среќен? Зарем ова ми е животот? Уствари која е поентата на животот? Па јас не сум среќен... Оние кои се во подобра материјална состојба ќе почнат да осврнуваат на алтернативи како начини на живеење, оние кои не се ќе продолжат да живеат закотвени за животот на своите деца, гледајќи ја својата единствена среќа во нив... Тажно е нели? Некого го потсетувам на пролет. И е депресивно за слушање...Ме интересира, ама ме вознемирува. Животот продолжи одамна.