Не знам дали бар некогаш ќе се исполни трошка од мојот сон, трошка од мојата мисла и светот што ќе ме направи само посреќна и подобра личност. Но се борам, мачно се борам да остварам и да влезам во мојот комфор далеку од онаму каде што не сакам да сум дел. И ќе се борам до крај, без кукавички зборови и дела, со надеж и со рацеве колку што ќе додржат да изодам до онаму каде што сакам да сме среќни.. Среќна сум кога раат пијам кафе во барот, среќна сум што знаат и малите нешта на додирнат до моето лице и срце, среќна сум што дишам и се борам човечки, среќна сум кога талкам низ центарот и уживам во различностите.. И кога најмногу срцево ќе заплаче пак ќе сум среќна и за се она што го имам, а тоа што го немам ќе се потрудам да го створам. Периоди... животи.. борби.. Се тоа е живот. И плачењето е живот како што и срамнувањето со земја. Ама пак се исправам се забришувам и идам понатаму.
12 април. Смилковци. Зошто уште не се изнесе мотивот, зошто? Од утре почнуваат велигденските празници, а јас стравувам да излезам од дома, токму од страв да не слушнам дерења на арапски (or whatever). Вчера го зголемија гласот на звучниците од џамијата, не можам бре да ги поднесам,ова е психичка тортура за место каде муслимани ги има на две раце да ги изброиш. Се надевам вечер здрава жива ќе се приберам, преку глава од симболики.
Кој степен очај или лудило кога сонуваш кафана. Па и се карав, не ми ја донеле скарата со помфритот. Кај се видело тоа после пола саат. Ова влечам трауми од една локална кафана кога првен ни донесоа салатата, после пола саат помфритот, пола саат покасно скарата а уз сметката пинџурчето. Кога му викав на мојов тогаш да интервениран, он не, не се прави таква. Така ми е сега, кошмари ќе си имам.
Кога само би можело сите денови да се вакви. Да го испраќам на работа секое утро и едвај да го исчекувам да си дојде. Да го пречекувам, а да не морам да си заминувам од него по не знам кој пат. Уште една недела ќе полнам батерии. На срце, на душа, на ум. Да ги трошам по малку, во ноќите далеку од него, кога недостасувањето ќе ме стигне и допре каде најмногу боли. Аххх....
Добар разговор никогаш не трае со часови, напротив, трае само еден миг, допира длабоко во душата, наоѓа трајно засолниште во мислите.
Секогаш кога ја читам @kravce како пишува за брат и секогаш се сочуствувам со нејзина љубов кон него. Така и јас кон мојов мал. Многу ми фали иако секоја вечер се слушаме. Летово ке го видам. Ми има ветено дека ке ми чува место до него за спиење а ако немало место кревет ке ми купел у негова соба Љубов ми е
Jас доjдов да мрчам. Кога државата не ми го овозможува она што треба, ќе си одам надвор. Имам шанса да бидам 5 месеци надвор од државава, убаво платена и се останато. Без да се мислам прифатив. Уште од сега ми е мака што ќе ги оставам моите овде. Ептен сум привзана за нив. Од друга страна се тешам 5 месеци брзо ќе поминат. Втора работа што ќе ми се смеете. Повеќе ми е мака што мачката ja оставам без мене. Ептен се приврза за мене, што дури не jаде ако не и дадам jас. Спојлер: Мачка Лани бев 3 дена до Софиja, ништо не jадела тие денови. Дури едното око и беше затворено од мака што ме нема. Кога доjдов се оправи нормално.
Две децении од животот ги поминав..време е за нови предизвици. Не знам колку сум била успешна, здрава, среќна, заљубена..но знам дека денес е нов почеток. So..happy 21st birthday to me..Cheers
Ах да, заборавив да се доискажам. Прв пат добив опомена од модератор во живот, а сум член на доста форуми, наши и ненаши. Кој има нешто против мое мислење, нека понуди соодветен аргумент, ќе се разбереме како луѓе, не мора одма да се плаче кај модераторите. Никого не навредив ниту конкретизирав. Ниту она што беше понудено како аргумент од модератор не е издржано, за што дел од коментарот ми е избришан. Како член на Фемина долго време, кој скоро па никогаш не влегол во сукоб со никој, слободно може и пораките да ми се проверат, се осетив многу навредено и дискриминирано. И да, ова е мојот револт!
Нека е на арно што викаат Турците,денес низ град ме сретна колега на Татко ми,и се поздравивме од чиста култура,се знаеме долги години,плус и помлад е тој и ми вика,арно што те сретнав,срам ми беше да му речам на татко ти,ама сакам да те запознаам со едно дете,многу добро е,богато,работно и во 2 минути чинам цел негов живот го опиша,јас се нервирам,слушам и молчам,тој си зборува сам,и на крај му викам незнам ај ќе размислам,а ова го реков онака несакајќи ми се испушти Бре,бре упорно запнале сите да ме мажат,а јас ем несакам ем на сите му одговарам културно(а во себе се нервирам како ѓавол,ми доаѓа да ги отерам упм)ама не бе јас сум фино дете,и арно нека ми се мешаат сите во животов,не е лошо тоа
Некои луѓе чекаат да дојде се на свое место па да почнат да живеат...а други,ништо не чекаат,живеат сега и одма...На крај,Твоја е одлуката.
Времето е вечност за оние што чекаат. А за оние што сакаат да го задржат моментот, како за инает поминува брзо како убав сон...
Заблуда или утеха - не знам, но знам дека едно е сигурно; времето не е лек за ништо, петингот не е секс и Кока Кола Zero не е Кока Кола!
Велат слаткото било кратко и до некаде навистина е така. Доаѓа како искра, распламнува сјае испушта дим полека стивнува , жари и останува пепел на крај. Па јбг може Феникс ќе се роди па пак ќе возвивне од пепелта ако останала некоја искра и пак цел процес од поново
Моментот кога после некоја поставена цел околу диети фитнес и здрава исхрана пробуваш 300 гр чоколадо, а притоа си задоволен од себе си. #трептреп