Се е од корист потполно се.Ретко да се најде вистински пријател до тебе а другите се од корист.Лицемерие,завист и љубомора ве прават болни бе луѓенцаа.Дај гледајте си вашиот живот и оставете ме на раат
Ова ќе биде најтажен и најтежок Велигден. А се што треба да направам е да се смеам во нова гардероба, да се забавувам и да глумам дека се е океј. Ама тоа е тешкото...ништо не е океј.
Се чудам зошто на некои животно достигнување ви е свадбата? Баш пред некој месец имав прилика првпат тука да присуствувам на свадба кај блиски роднини и пред и после свадбата одев кај нив и се чудев. 4 месеци пред свадбата почнуваат со припреми, после свадбата исто 2-3 месеци се зборува само за темата свадба тоест како сите биле облечени, кој играл највеќе, кој би пијан и така натаму. Во салата присуствуваа над 300 луѓе сигурно и познати и непознати,(Што би рекол Марјан Ѓорѓиевски, незнаеш дали си на фудбал или на свадба) битно роднини се и ги гледаме само на погреб и на свадба... со кој памет незнам покануваат секој и секого. Се тоа си е лична работа и право но после се жалат дека немаат пари, а земале 10 илјади евра кредит за свадба, и цел живот не можат да го исплатат потоа. Исто и кога ја видов рекламата во која брачен пар зборуваат како неговите ќе купеле креветче за бебето а нејзините колкичка, жал ми падна и ми стана јасно како функционира Македонија а и многу други држави од само една реклама.
Јас не ги разбирам луѓето што за Велигден одат на екскурзии. Велигден и Божиќ ми се празници за да се поминат со семејството, а не да се оди со пријатели или со партнерот некаде на шетање, ама ете не размислува секој како мене. Како и да е, ви посакувам на сите убав помин за празникот и да се надеваме дека нема во Недела да дува и да врне, како што си знае секоја година скоро хаха
Среќна сум. Неочекуван пресврт во животот, за пет минути од никој станав нешто. И тука горе е убаво, ама човечко око ненаситно уште сака погоре, па седнувам и се смирувам, се лажам дека ќе се задоволам со ова. Се плашам од овие амбиции, од себе се плашам, што правам за да ги остварам своите соништа, се прашувам јас ли сум ова? И некаде длабоко во себе знаам дека нема да запрам, знаам дека ќе сакам уште и уште, се дури сум жива ќе сакам уште. Грабам со двете раце, можности, соништа, шанси, обврски и се враќам дома доцна и насмеана се враќам, среќна и горда на себе. Уште еднаш сфаќам дека сум ја донела најдобрата одлука за себе. А толку многу сакав да се вратам назад и да признаам дека сум згрешила и дека сум сама, без пари и сум никој и ништо. Плачам од среќа, сум заборавила како е човек да седне и душа да има исполнета да не се мисли како ќе преживее, како ќе закрпи од ден на ден. Да имам за себе, да имам и за другите. Сакав само да кажам дека треба да се борите за своите соништа, ниту еден сон не е смешен и неисполнив.
После брзиот туш започнав со редовниот ритуал за нега. Одкако се напшлапав со се што видов пред мене, застанав и се погледнав пред огледало. Некое кило плус, малото меше нависнало и многу стрии. Се потсетив пред не толку долг период, кога немаше ништо од тоа, колку бев незадоволна од своето тело. Денес само де насмевнав и воздивнав. Искрено и длабоко. Толку многу нешта се смениле а меѓу нив и она најважното. Конечно сум среќна и целосно задоволна од себе, а тоа иде од внатре
Не верувајте им на оние кои ќе кажат нешто и додаваат ,,се шалам,, Не се шалат, само јазикот им е побрз од мозокот
Вчера те видов. Ти што прв ме бакна, ти што прв ми го сврте паметот. И не било љубов. Не сум знаела ама ич што е љубов. Барем сега знам. Ама било искрено. Не сум те видела долго време, ретко те гледам ама секогаш каде што најмалку очекувам. Воопшто не мислам на тебе, еднаш или два пати годишно ќе ми прелеташ низ умот и ќе се потсетам. И тоа не е лошо. Сега го имам него, имам долга врска и љубов. И кога те видов сега после толку време како да ме пецна нешто. Како некоја искра што одамна не се разбудила во мене. Од далеку те видов и веднаш го свртев погледот. Потоа забележав дека ти ме виде, а јас се направив дека не те гледам. Кога ме виде не престана да ме гледаш, се додека поминував покрај тебе, и ако се свртев назад тогаш знам дека ќе ни се сретнеа погледите. Ама не се свртев. Не можев. И подобро е така.. Беше со некое девојче. Можеби девојката. Јсс одев накај дечко ми. Ете така се расчекоруваат минатото и иднината. Поминав покрај тебе, за да стигнам до кај него.
Ужасно се нервирам оти згаснуваат млади животи заради пиење,а настрадуваат трети,затоа што брзата помош ја нема еден час оти спиеле,и после сме живееле во многу убава земја. Здравството е катастрофа невидена!