Сакаме повеќе од она што моментално го имаме а кога тоа ќе го изгубиме, тогаш сфаќаме дека сепак ни било доволно и толку.
Пред 20тина години на овој ден додека сите фарбале јајца, јас сум зграпчила од бојата (сина), и сум сакала да ги фарбам очите за да ми биле небесно сини како на мајка ми За среќа ме виделе на време, па ме спасиле од осакатување. Денес истата паметна идеја и паднала на памет на братучетка ми, ама таа ги зела водените боички и тоа да си ги бои очите портокалеви, како нејзината кукла. И неа за среЧа ја спасиле. Крвата не е вода...Нема потреба од днк за да докажуваме кој на кого е братучед А баш ќе правевме днк, ама штом решила да си ги бои очите...Ти верувам сонце дека си моја крв Инаку мајки заклучете ги ќерките...браќа врзете ги сестрите....девојки чекајте на ред....Знаете ли чии 5 минути доаѓаат? Се сетивте? Врзете се....
Додека возрасни луѓе ме прашуваат кое одделение сум, деца ми се обраќаат со тетко и госпоѓо... А јас матуратка, скоро факултет
И не верувам во празнични денови зошто верувам дека секој ден треба да е убав... Ама ете ни дојдоа оние најубавите, оние во кои смррта го победува животот, оние во кои љубовта победува се... Е токму за нив, токму за вас, токму за сите изминати денови во кои крваревме и болеше, болеше од болест, болеше од луѓе, болеше од беспомошност дозволете си следниве денови да ве сакаат... дозволете си да си ги сакате сите лузни кои сте ги преживеале, дозволете си со поглед во огледалото да го сакате ликот кој победил се, ликот кој не се плашел да плаче и гласно да се смее... Само дозволете им на оние кои ве сакаат да ви го покажат тоа, без страв, зошто денови на љубов се ближат, денови во кои смртта го победи животот, и во кои научивме дека крвави рани по телото се носат, и тоа од бескрајна љубов... Славете ги празниците и славете се себе, феминки мои
Уште едни прекрасни десетина дена, али нешто мора да те извади од такт ко и секогаш Млади од 7 земји беа на проектов во Скопје, реално од страна на сесии очекував мноооооогу повеќе, а забава имаше ко и секогаш. Во хотелов кај шо бевме сместени, таткото, мајката и двете ќерки беа одговорни за се, само на рецепција имаа двајца други вработени. И се зазборuвавме со едната, фина, културна, љубезна, преубава, насмеана. Нормално, со сите беше таква, туку шо ми беше муабетот, аха, последниве денови нешто падна муабет со странциве и оваа од нигде никаде се убаци: "We don't want to be in EU, they have so much problems and we don't want someone to order what to do" Аууууууууууу Stop talking stop talking now She was pretty and then she speak Викам, (на англиски), ако ЕУ има проблеми, Македонија е последна дупка у свет и кога немаат свест политичариве и народот, ќе ни наредуваат, нема да дозволат да дестабилизираме се околу нас. И заќуте. Секое утро прв бев у ресторан пошо се спремав за маратон, наутро беше таткото нејзин, сопственикот на хотелот. И го слушам зборува со еден гостин у ресторан за војната од 2001, викам ок е човеков, оваа ќерка му забегала и еве го 2 минути подоцна "Aбе овој Сорос од коа дојде и фрли пари во Македонија, јасно е, ќе не делат ОК, имаш хотел, ваљда богат си, али да погледнеше малку наоколу шо се случува. Или ако се смени власта може да ти најдат неплатен данок, па ќе повикуваме на војни и плашења. Некогаш се прашувам како им е на овие глупи шо се прават, у стилу дечко ми е супер и се, нема везе шо е*ената книшка и веењето знамиња го вработиле. И некогаш се прашувам дали ако имав пари ќе ми беше сеедно за се што се случува околу мене. Со сегашниов ум, не верувам. Али да бев роден со богати родители, да бев воспитуван да бидам себичен, којзнае. Како шо викаат за политичариве, лесно е да кажеш ако немаш пристап до државни пари да кажеш дека никогаш нема да крадеш, али тешкото е ако имаш да не дојде ред да крадеш. Не можев да не ја затупам за политика, a баш ми се пишувше за поубави работи.
Многу клет народ сме биле бе. Само да се случи нешто и одма срцето ни игра, мудруваме "така и треба". Ме чуди што сè може да произлезе од човековата уста, какви погани работи. Конкретно ме иритира случајот со водителката од канал 5 што ја суспендираа. Ајде она направи грешка, може и не ѝ било првпат, ама толку гадни работи и навреди прочитав за неа што ми се згади. Не сакам да ги набројувам, само како може тоа се прашувам. А се прашувам и какви луѓе се тие. Сигурно не исполнети, ако Јелена јавно згрешила, сигурно многу од нив каде и да работат постојано го прават тоа. Ти кога клетви фрлаш и се радуваш на туѓа несреќа сигурно си еден од оние нељубезни кои превртуваат очи ако работиш на каса или било каде. Може и мене ме иритира, ама да навредувам човек така никако. Многу скопјани си најдоа утеха, еве селанкава не успеа се враќа во село. Чекај, нели не ги мешавте поимите селанец и сељак. Жалосно е што сега, кога треба да бидеме смирени ние сме тип на луѓе, ако така и требаше. Мислев дека сме понапредни, подобри, почувствителни.. но не ова е добар пример на самоуништување, никогаш нема да можете да уживате во животот вистински, ако сте во тој оклоп, никогаш. Се извинувам на негативноста, ова се убави денови каде треба сите да си го зачуваме мирот.
Пресреќна сум што избрав да си ја послушам интуицијата денеска. Вечерва сфатив зошто. За жал не би можела да ја споделам случката со вас, ама ете сакав да споделам дека се чувствувам убаво. Инаку ради тоа што цело време читам секаква литература па сега и сум опкружена сакала-нејќела со секакви вести на фцб, се плашам за иднината. Претскажуваат многу лоши работи а јас некако сакам да затворам очи на сето тоа и да верувам дека живеам во подруг свет. Крипи е ама пре би да си заминам од светов одколку да го живеам ужасов што се очекува...
Единствено нешто што ми треба е трпение и бистар ум, не знам зошто но Бог и тоа миг ускратува. Кога си со погрешни личности дури и да чекориш по вистинскиот пат сепак нема да стигнеш до целта и до мирот. Воопшто не ја одобрувам изреката како зрачиш таа и привлекуваш. Цел живот сум борец за правда и вистина, а се изнаслушав лаги и доживеав многу неправди. Не знам како да се спасам од провалијата во која западнав. Не ми е потребно никој да ме сожалува и утеши, ама барем да ме поштеди од повредување, навреди, лаги, нека не ми доставаат сол на рана, посебно кога знаат што точно боли.
Значи се ближи Велигден...јао кога ќе дојди недела? Иначе да ви кажам нешто.Младината пуздер ни фати(не дека јас сум некоја бабетина орел со 100 и кусур години вака шо зборам,ами онака став да аргументирам).Поштовање кон постари да се немало,се помалку и помалку,култура на ниво како се да е во улицата јеа јо мен ќе рентаме со каро по стрито право по лајното јоу јеа ќе принтаме наши фотки то цуци муци не знам што уште не...а па за муабет за шминкерај да не зборам како цел арсенал да набројуваат:Значи Пацо купив маскара Голден Стејт Макс Про Фјучр 3500 пауер ренџерс дарк блек...Јас ако успеам на едното око да ставам ајлајнер,римел како и да се вика а на другото ко панда да се напрам,јас Симона да не се викам.Само маскара знам Е сега да се вратам на нашата денешна младина.Денешната младина ќе те отепаат на улица иако здрав прав излегуваш ти,битно некои уфилмани деца што којзнае какви агресивни филмови гледаат што имаат манифестации на девијантни однесувања(премногу психологија учење не е на арно да ви кажам право),ќе ти шутнат некоја топка и тоа намерно ќе те гледаат дека поминуваш,наместо да прекинат со играта и да те остават да поминиш,тие намерно ќе те шлакнат,сакал ти нејќел ти... И треба да се почитува мислењето на другиот бе.Не само јас фиљан фиљан кажвам вака онака ихаа и то е то.Не браќа и сестри,другари и другарки.Значи не мора да се согласуваш со мислењето на другиот,но барем остави нека си кажи нека треска шо си мисли,барем да се поштова правото дека освен ти шо знаеш зелени,знај и некој друг,и не мора согласување со то ако не сакаш.Едноставно нели како шо кажбаше ЉуБчо со меко б од Еднооки... Е сега драги луѓенца знам дека ви е смачено од моите докторски дисертации овдека,па и од моите зеленгори песни шо имаат вредност колку мислењето на некое магаре,ама сепак ќе изнесам една строфа онака од ќеф...ако? Јо керо вивир без фацебук је керо вивир кон тиго луис фонси дај ветер наваму да те носи јо керо само книги не ми давај милки ќе течат лиги знам јас сум локаааа уна ноче не сум салаааам од мене памет не бараааам Поштовање, simonna.a
Шо убава боичка ми фатија.... Прстите.... Јајцава траги комедии, уште да ги лепам по социјални мрежи убедлива награда за најсмешни јајца Ок, и тоа е тешко, и за то треба да си професионалец и талент , па не е лесно и најсмешните и трагични јајца да ги произведеш за Велиген да се разбереме . Прстиве поише боја од јајцата ми фатија. Ха, иронија.
Цел живот се бориш во нешто да бидеш прв, а животот ќе те научи дека сосема доволно е некому да си последен!
Сакам да кажам дека ... Празник како празник го сакам само ради тоа што лугето се приморани на некој начин да се чувствуваат и однесуваат добро, па тоа така ми прија. Најчуден и момент е кога 2ца атеистки ќе си речат "Христос восхресе, навистина восхресе" а притоа не знаат дека другиот дека е атеист. Така без емоции, чисто формално. Не ми се додава ништо повеќе ... уживајте Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Велиш те сакам мамо до Љамбата,и дедо до љамбата,и баба,и Саџина и Бики,сите ги сакаш до љамбата. Ако за тебе мерило за нешто најголемо,најдалечно,недостижно...е љамбата најмило,тогаш биди ми жив и здрав и среќен до љамбата. Јас ке бидам твоја сенка до светлината,засекогаш. Ке ти ја чувам светлината за да ти го покажува секогаш најдобриот пат. Среќен роденден пиле мамино.
Колку подобри се со мене луѓето од опкружувањето, толку полошо се чувствувам. Посакувам да ми дадат повод да ги избркам од мојот живот.
Што ако денес научниците откријат начин да се победи смртта над животот и да се воскреснува? Мислам можно е.Мада и повампирувањето е некој вид воскресување а кога немало вакцини луѓето станувале вампири And... Како може Кинезите да се најбројно население а Будизмот религија со најмалку следбеници? #Easter#whowathcesJesusmovies