Добро утро драги пријатели, за многу години почитувани верници. Во очи на најголемиот празник, сите вредно вапцавме јајца, се подновивме по нешто за адет, го украсивме домот, припремаме мала гозба,организираме семеен собир... Иако суштината на празнувањето е во груба рамка и таа, сепак, да не заборавиме на онаа подлабока пред се'! Верата е повеќе од пост, верник е повеќе од причест, покајувањето е повеќе од исповед, Божја мир е повеќе од удобен, среден живот. И во најтешките мигови,и во најголемите искушенија, и во најдлабоката тага, а и во сите, со епитет обратен од овие, денови, само со искрено и чисто срце, Божјата мир ќе биде во нас. Нека секој од вас ја пронајде! За многу години!
Јас ќе ти кажам, дека вистината е: како зрачиш така и привлекуваш. Само треба време и да работиш на себе, за да го научиш својот внатрешен механизам како тоа функционира. Ангелче за твое добро, одамна те читкам дека некако се' си скептик, разочарувања кај тебе ... како во грч да си цело време. Едноставно отпушти, имај позитивни мисли, отвори се со убави чувства, давај, сакај се себе и другите ... ќе видиш како убаво функционира светот. Најпрво започни со промената на своето корисничко име, Паднат Ангел, тоа не си ти. А после со начинот на кој гледаш на себе и светот. Бирај позитива, бирај убавина, бирај љубов. За многу години денешниот Петок, и двата големи дена Сабота и Недела, Воскреснувањето на Исус ... на Љубовта, Спокојството. Да ви се случуваат убавини!
Не можам да сфатам. Многу сум се сменила. Станав дури и негативна личност, што воопшто не личи на мене Ова не вака, не смее. Веднаш, уште од денес се враќам на старата јас, додека не е касно
Како непишано правило е лошите луѓе да се среќни и исполнети во секоја смисла... Ни веруваат во нешто (Бог, обичаи, адети и верувања), ни се замараат со некој и пак само убави работи им се случуваат... А тие што се побожни, добри, внимаваат како се понашаат, баш тие се сиромашни и не толку среќни. Оставаат во рацете на Бога и викаат така требало да биде. Не знам што да мислам ама од ова што го гледам излегува дека колку си полош толку среќата трча по тебе и ти ги отвора сите врати.
Некои луѓе навреме ти влегуваат во животот, а некои пак навреме ти излегуваат од истио! Колку е убав денов
Што побарав - најдов, кај што тропнав - ми се отвори. Се е до вербата и колку душата е чиста и може да прифати.
Ваквите празници не се измислени за да шетате по грција и по шопинзи низ балкан ВЕРНИЦИ,овие празници се измислени да се собереме сите заедно со нашите семејства да одадеме почит на празникот.Али Македонче нит некогаш нешто ке разбере,нит ке свати.
Понекогаш, за жал, треба да го допреш самото дното од пеколот за да можеш да вкусиш од рајот. Да го почуствуваш, цениш, вреднуваш. Сите ние вкусуваме од двата, до некој степен барем, бидејќи и пеколот и рајот започнуваат токму тука, на Земјата...
Некои луѓе тешко доаѓаат до платен одмор од работното место, па затоа на вакви споени викенди гледаат да си прошетаат. Јас не гледам ништо лошо во тоа. Ех, камо мене некој да ми понуди сега да одиме во Грција, ич нема да му се мислам.
Немаш појма колку си прекрасна личност...виртуелно зрачиш и делуваш реално прекрасно кај членовиве на форумов
Најголема победа е,откако ке поминеш низ пекол,да се исправиш гордо и со насмевка да кажеш-Ајде животе,сега можам и повеќе!
Многу ми е смешно кога ке му речам на шефот да ми дадее плус проекти за преку викенд и негов одговор: “Немам моментално спремено, па затоа уживај си за викендот “ - Кој ти рече дека сакам да уживам?
Ги спремивте дрвените јајца Кој далавери се правеа во детството со велигденските јајца Деца шуу да прајш
Сакам да кажам дека преку глава ми е дојдено од се!! Си викам до кога вака ќе биде дали еден ден и јас ке видам бел ден полн со надеж,среќа и верба во животот.
Она кога си читаш стари мислења, не можеш да престанеш да се смееш и се прашауваш, Која тешка будала го пишувала ова? И оној тажен момент кога сфаќаш дека тешката будала си всушност ти ... Why, why ... Се тешам дека се` уште сум била млада и зелена.
Не знам дали ти е намерно но мислењето оди во погрешна насока. Со ова ти сакаш да кажеш дека лугето кои не се верници се лоши луге а сепак им се случуваат добри работи. а оние верниците се однесуваат добро, а сепак им се случуваат лоши работи. Малце лоша констатација. Ти најверојатно сакаш да кажеш дека лугето кои се лоши како на пример поличари, богаташи стануваат алчни и злобни а бидејќи ја имаат моќта не ги снаоѓа лошо, а оние кои се добри кои почитуваат правила и добрина сепак не завршуваат добро. Но тука никаде не се кажува дали си побежен верник или не. ( Во случајов и сите политичари се изјаснуваат дека се верници затоа што во склоп со патриотизмот е моќна алатка за добивање доверба кај народот ) Но сепак е тешко да се знае кои ја говори вистината за неговата определба. Јас на пример не сум верник, не ми требаат етички норми за да се однесувам добро. Имам многу пријатели кои не се верници ама добро се однесуваат и почитуваат а сепак ги сретнуваат лоши работи. А оние верниците, барем кои се претставуваат како такви знаат повеќе да те навредат и повредат во ситуации. Така да определбата верник/атеист и која било друга не е мерило за добрината и судбината на човекот. Ако сакаш како утеха да го користиш, ја имаш можноста Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®