Апропо муабетот од претходниот пост, милам се работи за вториот пример, дома се чувствуваат тотлално небитни па се обидуваат надвор да привлечат внимание за да си го наполнат сопственото его и за момент да се во центарот на внимание. Годинава времево за велигден е преубаво, само кога ќе се сетам каде се сме биле за овој ден со покојната ми сопруга и како убаво сме си поминувале и пред 20 години без денар во џеб и потоа кога имавме и можевме се да си дозволиме солзи ми идат на очи. Понекогаш се прашувам дали ова што сега го живеам божја казна за некој мој грев или бог на мене ја тестира човечката издржливост? Не знам дали да му се лутам или да му благодарам што тому мене ме избрал за да на другите им покаже дека животот е еден и дека кога мислиш дека ти е се како што треба наеднаш може се да тргне надолу. Понекогаш човек е како стакло кое за миг може да се скрши, а понекогаш е посилен од челик колку и удари да му нанесе жиотот тој повтрно ќе пеживее. Денес е ден пред хрстовото воскесение кое е единствената човечка надеж дека не завршува се со смртта и дека еден ден кога и да е тоа ќе бидме пвотрно заедно со нашите најмили. Убав ден луге, бидете среќни ако сте живи и здрави вие и вашите најмили, дали е јадете утре месо или патлиџанче и лепче не амалку битно.
Тоа за кое сме вложиле само малку труд и за брзо време сме го добиле, за толку малку време (брзо) ни здосадува и сме во потрага по нешто ново, за разлика ако нешто сме се намачиле да го имаме и ни требало многу време, тогаш знаеме повеќе да го цениме тоа што сме го добиле.
Сакам да кажам дека после толку часови скролање секој ден по фемина форумов решив конечно и јас да се приклучам.
Ден пред празник се чисти низ дома, па не е лошо малку да се зачисти и листата на "пријатели" на фб (по не знам кој пат)... Прв пример: (ми пишува девојка) Д: Здраво. Ј: Здраво. Д. Како си? Што правиш? Ј: Добро...Само извини јас не се сеќавам која си. Д: Хехе, не се знаеме ама може да се запознеме Јас сум... (ми ја кажува цела биографија). Ј: Во ред, мило ми е. Д: ТИ да кажеш нешто за тебе маче?? хехе или на кафенце да излеземе? М? Хммм? (мене ме нема да вратам, па пак таа продолжува) Д: Еј, имам и брат ако сакаш фб негов? М? Хмммм...? МММ??? Втор пример: (зборуваме некое време со некој дечко) Д: Се породи сестра ми. Ј: Нека е живо и здраво...Внук или внука си доби? Д: Внук внук, се знае тоа...Мора машко да е Ј: Што има врска? Нека е живо и здраво само. Д: Не, не, мора машко да се знае радост да осетиш...И јас мора едно 3-4 сина да имам хехе само машки низ дома да ми трчаат хехе Трет пример: (пишуваме со некој друг рандом дечко некое време и...) Д: Еве и мајка ми те виде на слика вика слатка си била и не си и одела на нерви ко другите мои бивши хехе Четврт пример: Д: Сакаш на кафе да одиме? Се вработила во кафич таа што ме изневери па намерно нека ме види со девојка (рили нигга?) Петти пример: (прв пат пишува) Д: Срцка може број? Еве ти мој и јави ми се или титни ми. или Д: Здр муце. Мн си сехси лепотице. Асл?
Сакам да кажам дека .. Абе не ми е јасно .. Бадник голем христијански празник, потоа Божиќ, Велигден голем христијански празник, па св. Стефан голем христијански празник и куќна слава, итн, постојано најавите се дека скеој следен празник е голем. А кој е најглем а кој е најмал !? Чисто прашувам за да правам разлика .. Најсмешно ми е, а и најиронично на секој празник овие политичариве претседател/премиер/ лидер на партија имаат јавно обраќање со кое на народот му посакува мир, спокој, љубов, разбирање, надеж за економски раст оваа година, а кога не е празник цело време го тормози народот, го тупат цефот, крадат пари наместо да одат у економски цели за напредок. Не знам кој кого ебе у мозок. Абе тоа ти е .. ебати капитализам, ебати демократија... Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Сакам да кажам дека се чувствувам заморно.А толку обврски се на мене се. Знам ми треба еден ден во природа да си ја одморам душата.
Сакам да кажам дека .. Сега моментално врне. 1. Дека вчера Велики Петок нели најтажен ден пред Хирстовото воскресение многумина на дождот гледаат како божји дар. Има некоја поврзаност со ова и цела таа тага доаѓа одозгора. 2. Да беше "обичен ден" без некој посебен пранзик, најверојатно истите луге би биле изиритирани од дождот, како тој влијае на нивното расположение и депресија, така што би го барале сонцето. 3. Јас и во 2та случаја гледам на тоа дека е супер да врне дожд. тоа е добро за бујна вегетација, тревата да расте животните да пасат, повеќе зеленило, плодна почва, и цел циклус на поволности Не дека ова е нешто критика, туку претстава на различни толкувања за иста појава Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
Никогаш не се сомневајте во себеси доколку сте си поставиле високи стандарди; Луѓето кои сакаат да се во вашиот живот ќе пробаат да ги достигнат.
Мирисoт нa вoздухoт писле дoждoт, сo ширум oтвoрени прoзoрци, чaј oд нaне сo мaлку рум, книгaтa oтвoренa и пoхoдoт мoже дa зaпoчне.
Секоја година за велигден ја ставам свеката под перница, и никој не сум сонувала до сега, што баксуз ке бев, ај ваљда вечерва ке сањам некој
Радост.Еуфорија.Муабети само околу тоа.Подготовки,шеми,возбуда. И оп одеднаш како гром од ведро небо тебе те снемува. Гнедла во грлото,срцето ти застанува,здивот ти се губи. Како одеднаш?Зошто ти?Зошто баш сега? Поставуваш илјада прашања,непрестанато плачеш,гледаш слики,се потсетуваш на спомени. Но неможеш да поверуваш дека веќе нема да може ништо од тоа да се повтори,ниедна слика,ниеден спомен,ниеден миг,нема веќе никогаш да се повторат туку ќе останат само во твоите сеќавања,себично ќе ѓи чуваш само за себе и ќе си се тешиш со тоа дека така требало да биде,судбина.. Велат дека големите и добри луѓе умираат на празници. Меѓу нив си и ти. Почивај во мир.
Би сакала Трафалгар да го газам овој момент. Онака, во гумени чизми и одело со кафе во рака, колку и да е ан британски, додека врне дожд. Па преку паркот на Џејмс да поминам пред Бекингамската палата, надолу до Биг Бен, да ја преминам Темза и по нејзиното течение да се спуштам до Тауер Бриџ. Попатно за прв пат да се запознаеме со Аквариумот, киното, театарот на Шекспир, кампусот Ватерлу, Милениумскиот и Лондонскиот мост, музејот за бродови Белфаст, уметничката галерија "Тејт Модерн", градското собрание... па се до галеријата "Белата капела". Без никакви грижи и проблеми на себе, со лесни чекори... Ама сега-за-сега, ќе го гледам првиот дел од Роки пикната под ќебе, на некој од нашите канали на кој беше вклучен телевизорот.
Празник. Пред половина година и нешто повеќе,расчистив со празниците. Не дека не ми се весели душата,не дека не бара,далеку од тоа дека ми е намуртено лицето. Не остави простор да го славам името твое. Последниве збиднувања,така да ги наречам не ги ни рачунам. Не ставал во искушение,знаел на чиј грб става,на тој што може да издржи....што ли уште не слушнав. Не! Премногу си неправеден. Ако си создадетел,си ја утнал формулата,плус си оставил ние да доуништиме Се. Буквално се. Не одстапувам од одредени работи. Ете на пример,те сметам за неправеден,но не чувствувам омраза. Не дозволив и нема да дозволам да го осетам тоа чувство. Пре би река дека сум калимеро,рамнодушна...или ете кога до толку некој сметам ми погрешил,не постои за мене. И за тебе велам непостоиш. Не се плашам ни дека доколку грешам во ова размислување, ке ме казниш. Пре би се изненадила ако добијам неочекувана среќа. Иначе среќна сум. Кажи речи имам се што сакам. И кој е за тоа заслужен?Ти? Ако треба да се чукаме во градите,тогаш да го истрпиме истапот по грбот. Да не бидам контрадикторна. Призбавам,на два ума сум. И да не признаам се чувствува. Или си ти заслужен за се што имам и за сите битки што ми ги зададе,и на секој чекор замавнуваш со косата штотуку наточена. Или сама си сркам од она што си надробив. И да. Приметив дека е празник,имаше гужви по дуканите. Има фотографии од катчето со јајца по домовите. Моето е врз фрижидерот,ги припреми мајка ми а јас немам ни го отворено. Приметив дека е празник,пристигнале другарките па направивме дружба мајки со дечиња. И не сум несреќна. Празник ми е секое утро во кое се будам а детето ми е здраво. Празникот продолжува кога ке ги чујам моите дека и тие се добри. Нека продолжат овие празници. Не се плашам од наострената коса.
Сакам да кажам дека мал милион пати на огромен број луѓе им имам едно прашање поставено и никако да чујам од некој логично објаснување за истото - "зошто не се пушта веш машина за празник?"
Се смета дека не смееш ништо да работиш кога е празник особено кога е "голем", а тоа вклучително и домашни обврски перење/чистење и перењето машина спаѓа под тоа. Таа не пере сама, пак треба да ги собереш алиштата низ куќа ( кое веќе преставува чистење на домот ) и да ги пикнеш внатре Исто така за празник не треба да се нервираме, не треба пцовки само дарување и милување. Додуша според ова не треба многу работи да се оставарат на некој начин времето треба да застане. А прашањето треба да е пошироко, зошто сите овие деветтини и суевериа опстојуваат ? - Ама логичен одговор се бара ПозЗ3³ ® @КикиМаус