Смртта како многу лош составен дел од животот.....тагата и празнината ке останат во мене....неможам душата боли......
СКД вчера познајник и вели на моја братучеда би ми дала ли за 100 000ден. и ова држ не дај му вели да. Па овој и вели а за илјадарка?Она му вели на што ти личам ја?Овој и вика тоа веќе утврдивме сега да с е исценкаме.
Најубаво нешто во животот е да се пронајдеш себеси. А второто најубаво нешто е да си среќен со тоа што ке го најдеш.
Се почесто на другарките им служам не како рамо за плачење,туку нешто како рамо за лечење комплекси и фрустрации. Ок,ни мене не ми е совршен и розов животот(посебно не моментално)ама никој не ми е виновен за тоа,и никој неможе да ми помогне подобро од самата себе. Возрасни луѓе сме,не добивате ништо од тоа ако правите некои глупави споредби со мене,со тоа што имам или немам јас,и да ме обвинувате ако имам нешто повеќе од вас Да му се одмили на човек веќе..ете од овие причини послатко ми е на душава кога сама пијам кафе
Убаво е кога веруваш во она што знаеш дека никогаш нема да се оствари и дека секогаш ќе остане само еден мал сон
И кое на моменти се појавува како болка во срцето што помислуваш дека умираш полека а всушност те стега душата и ти плаче...и сакала-не сакала ќе ја фрлаш болката над перницата ноќе,солзите ќе течат,а тоа ќе боли и боли и боли...
Неверојатно е колку човек може да се измени за одреден период..Дали саМИте години и обврски тоа му го наметнуваат или до карактерот е незнам...
Кога човек е збунет и не знае како да одлучува треба едноставно да се праша себеси дали го усреќува таа ситуација или тој другиот или местото каде се наоѓа.Ако одговорот е не тогаш не треба да бара ниту една друга причина за измена на својата состојба. Зар не е доволно дека не си среќен? Некој те чува, ти се радува, те расне, те школува, ти се тресе со години и доагја некое суштество и те прави несреќна континуирано. Епа што да ти речам? Имаш обврска да отераш све упм и да се усреќиш себеси. Пред се поради себе и поради тие што те одгледале. Стави се во нивна состојба, секој ден да си го гледаш најмилото расплакано, вознемирено, осамено, изгубено? А ти тоа најмило едвај си го измолил од Господа. Нормално ли е?
Доживувањата на Џолана Потер и полукрвниот принц. (Уште една епизода со поучен крај) Одиме со мајка ми во продавница. Таман влеговме внатре, низ првите рафтови загледав позната фаца од минатото. Тоа беше еден дечко од младоста (демек сеа позрели сме ), со кој се маткавме некаде крај на средно-почеток на факултет. Не ми беше алси дечко и не се деси нешто страшно, ама ете си имаше некои флертувања, пуштања, частења, прошетки и слично. Се видовме така од далеку и само си климнавме со насмевка. Одиме и лутаме со мајка ми низ продавница кога одеднаш се сретнвме со некоја жена...Таа жена ни била фамилија, па почнуваат тие две со муабети ....Жени блабла.... Си зборуваат, а јас во позадина дремам и одеднаш ме виде таа жената мене, па ми се обрати: -Леле ти си Џоланче? Од кога те немам видено. По улица да те сретнам нема да те познам...Леле како брзо си растат децата...Еве и јас со син ми дојдов да купиме нешто, па не знам каде ми се изгуби....Се знаете ли вие со него?...Вие сте фамилија, а и врсници сте, па би било добро да се познавате. (претпоставувате кој е синот? ) Ете го од рафтовите истиот момак од минатото, воедно и нејзин син Пак жената: -Аааа еве го Марче мој....Добро би било да се запознете, знаеш млади сте па може и беља и се да се случи кога не знаеш кој ти е фамилија ххихихих....Вие сте братучеди... Фаците ни беа бесценето шокирани....Може треба да побарам снимка од безбедносни камери низ продавницата...КОлку да си ја видам реакцијата во стотинката кога мозокот ми сфаќа што се случува. Така со Марче по втор пат се запознавме, додуша по изразот на лице ни се гледаше дека се знаеме веќе, па мораше (со пола уста) да спомнеме дека може сме се виделе некаде Битно мислам се извлековме без да сетат постарите. Сега си викам па ќути кога не излезе дека сме изгубени близнаци... ПОУКА: Направете си детално семејно стебло или кажувајте им на вашите стари пред да почнете нешто сериозно со некој... пошто кој знае кој ви е подалечна фамилија.
Пишувам од Периса и не сакам да го напуштам местово. Прекрасен остров каде би живеела засекогаш. Мирно,тивко и романтично. Вреден за сите пари.
После долго, долго, долго истражување, експериментирање, обидување, анализирање... ЕУРЕКА!!! Дефнитивно, резултатот е - Најпаметно е да си Глупав!!
ЈАс ваков момент имав со бившиот. Мубаетот за тоа кој од каде има потекло. Баба ми и дедо ми од едно паланечко село ама и негови баба и дедо исто Гуглавме на гугл мепс да видиме растојание на селата дали се блиску или далеку. Ама увек постои некоја варијанта на некоја моја -прабаба и негов праддедо да се играле на некоја нива чувајќи овци... Него вчера немаше форум а? Е жими мајка ке ви кажам, ама ми фалеше . Само си праев рифреш. Не тоа тоа без ова катче
На муабетот на @JollyGirl , само што започнав во гимназија и мајка ми ме информира тој и тој во твојот клас ти е трет братучед, тој и тој ти е четврти...не земај ги во обзир за симпатија. А инаку, во Охрид ( бар на времето ) традиција било да се наведе кои се роднини и да се знае само кои смееш да ги земеш во обзир, никако крвта да се меша со НЕохриѓани!
И јас сум по мајка Охриѓанка Мајками кога сакала да се мажи за таткоми.Бабами многу и била лута зошто не бил Охриѓанец.