Во животот,никогаш не е прерано и никогаш не е предоцна за ништо, а особено никогаш не е навреме за се!!
Некои луѓе поседуваат посебна аура. Без никаков напор или труд буквално ја осветлуваат просторијата во која влегуваат. Секој збор, онака одмерен и смирен, делува како да е кажан на некој посебен начин и вистински допира до нас. Со овие луѓе уживам да го разговарам, да го пијам кафето или едноставно да си ќутиме. Не дека се им е погодено во животот и секогаш им е до смеа, ама успеваат на вистински начин да ги преработат одредени ситуации дури и правилно да се носат со своите грешки и со извлечена поука цврсто чекорат понатаму. Наспроти нив ја има и категоријата темен облак. Не дека нешто лошо кажуваат и или им е тешко, ама онака подбутни ме да кинисам работава. Лека полека...вака да биде или така, ова да правам или она, вака да направев наместо онака, да облечам сукња или фустан, леле оти ја облеков сукњата а не фустанов. Цицачите на енергија и емоционалните вампири ги ставам во трета категорија. Подалеку од сите останати оти на денешнинава никој нема вишок сили за некој да го цеди како лимон. Среќа повеќето се во четвртата, онаа што балансира и од се по малку. И така. Деца спијат, па јас со кафето пред мене и бистрам политики .
мн е јако што се поеќе девојчиња од ликонет=лајонес искачаат со рандом машки обидувајки се да ги залажат да влезат во пирамидалната шема...очајна држава
Христос Воскресе! Навистина Воскресе! Во прв ред здравјето,а потоа да се реди и се останато. Со многу надеж дека Бог ќе ни го врати тоа што ни го зема. Празниците веќе изминуваат, новата работна недела веќе е на прагот. Убаво поминати денови со најблиските. Помина како во секунда, а не како да беше цел викенд. Се надевам ќе имаме уште многу вакви денови. Се надевам дека ќе престане да ми се врти низ глава ова Зошто? Се надевам дека ова зад нас ќе остане само како лош сон. Со добра и позитивна мисла ќе продолжиме напред.
Страшно ме иритираа сите тие, безбедносни мерки на фб-от и јаху-то. Ајде, на фејсбукот... самата ги активирав - при здрава памет и чиста совест. А-ма, не ми текнува дали јас, или сами си се активирале тие на маилот. Како и да е, тамам тргнав да менувам во сетингс и ми стига порака со секјурити код на мобилен.Некој од уџум пробал да се закачи на сите мои профили, па и на оние кои, на времето ги украдоа податоците од фб па ми направија профил и кај нив. Не знам, дали ќе ми се рачуна...во смисла, да се пофалам на фб дека неделава бев во Холандија, бев во Норвешка, Исланд и пар други локации?
Во моментов сум полна со толку многу негативна енергија, што мислам ако ме укаса комарец ќе умре од отров. Ќе идам да шетам, трчам без врска што и да е, додека не сум направила некоја глупост.
Се додека оние кои се однесуваат нормално, не се вплеткуваат со секого и секакви се нарекувани фригидни, фрустрирани и што ти не ќе има многу други фраерки кои ќе си земаат за право да растураат бракови и врски....
Слушаш цел ден ечи мак. Народна песна Среќата со пари не се купува, од комшиите на некој роднина каде што си на гости и ти здосадува веќе по трето пето слушање и го прашуваш роднинава подетално нешто за комшијава, што како млад ,женет ли е и добиваш одговор. Да бе женет е од Албанија му е невестата од овие за пари што ги земаат. Јбг Среќата со пари не се купувала под итно забрана на песната.
Денес го шетав во парк внук ми,и додека си играше и трчкаше наоколу,јас си седнав на клупа и нормално со телефонот во рака Од спротива имаше двајца роми,да се здрави и живи ептен ме насмеаја слатко. Едниот му вели на другиот "абе брат ние на 16,или 18 години се жениме и после сме млади дедовци,а овие каурите на 35 се женат и после кога на старост дете па внуче,ние дотогаш и прадедовци ќе станеме" Малку се подзамислив,и да,има вистина во целиот муабет,им држи вода