На моменти (што се се' почести во последно време) се чувствувам дека го водам баш оној пензионерски живот. Ќе легнам поручек да спијам, станувам во раните утрински часови, потоа единствена разлика е што не дремам пред ТВ, туку пред компјутер и цел ден гледам филмови. Никој не се јавува. На никој не се јавувам. Толку не го користам телефонот што веќе заборавам дека го имам. Го деактивирав и фејсбукот, од време на време ме фаќаат "будалите" кога сакам тотално да се оттргнам од било каква комуникација, и сакам малку одмор од се'. Кога ќе ме прашаат од што одмор, ништо лошо не ми се случило, што се будалам... точно, ама и ништо воопшто не ми се случува, никогаш. Сега ми се јави другарка, во целово мое "правење" ништо и ме викна да одам на журка кај неа вечер. Шта то беше журка, си викам... Толку многу не сум in the mood, па ја одбив, а и веќе ми доаѓа времето за спиење, зошто нели, пензионерски живот. Не знам зошто ми се чини ко се да сум изживеала, па сега сe ми е станато здодевно, или можеби порано ми беше позабавно зошто имавме ограничувања од нашите, а нели тоа што е забрането е најслатко, па.. Контрадикторна сум на самата себе. Во еден момент викам како никој не ми се јавил да ме викне да излеземе, како ми е досадно, а веќе во наредниот кога ќе ми се јават неколку души и ќе ме "пребукираат" за наредните неколку дена, наеднаш ми доаѓа ту мач и се' што сакам да правам е да лежам и да спијам, и да не станам од кревет во наредните 5 дена... Последниве неколку пати што била девојката на брат ми кај нас дома, ме наоѓа во истата лежеча состојба, ол деј, ол најт, и никако не излегувам. Се си мислам дека девојчето кај и да е ќе помисли дека сум асоцијална, и ќе почне да станува загрижена. Кутрата пробува да ме развесели и ми вика да се раздвижам, да излезам негде со другарките... охооо, вер вил ај гоууу грл. Некако, целиов пост ми е сакам кажам, не знам речам, ама веќе почнува да ми се спие, а во тие моменти не сум баш речита. Но, и без тоа, ја изгубив поентата во многу нешта во животот.. или сфатив дека можеби едноставно ја нема?
Десетина минути стојам на темава со намера да напишам нешто. И сфаќам дека кога најдобро се чувствувам, најмалку зборови излегуваат од мене. Преферирам да уживам во тишина
Постојат луѓе кои и кога навидум се им е ок во животот не се опуштаат, или не знаат или не сакаат. Едноставно не им е комфорна зона, па и кога сите коцкички се сложуваат имаат потреба да пуштат Бетовен и меланхолично да гледаат низ прозорец со саати и да си најдат една ситница која што ќе ги јаде од внатре и која мора да ја уништува таа тишина, тој мир и рутина. Површна депресија, не онаа вистинската, туку така молчаливо да се влечкаат од кревет до фотеља со тажна музика и да жалат за времиња кои не се враќаат повеќе и пропуштени мигови и луѓе. Една од тие луѓе, сум јас.
За прво возбудливо искуство на брод и 8 саати пат(Пиреа-Санторини), за отстапено место од моја страна на фамилија од Атина ме почастија со пакет производи од Flocafe. Не потребно, секому е неопходно место за да седне,не ми прави разлика стол или маса,странец или нашинец. Секој одлучува како ќе се заблагодари, на моето одбивање на истото добив одговор "Не,ве молам заради местото што ни го дадовте." Епа од култура за место, а ние ни за место не сме вакви. Се чувствувам горда на себе си што не гледам разлика,политика, гледам човек да бидам.
И кога не правам нешто всушност правам нешто... Претурам низ ќелиите на умот и наоѓам ситуации за кои некогаш толку сум вложила труд и сум се соживеала со очекувањата, а денес за истите тие свесна сум дека никогаш не требало да постојат во листата на животни случувања. И не знам што ми требаше да направам непланирана ретроспектива во минутите кога не сакам да правам нешто, знаејќи дека тие се одамна создадени за да останат во сеќавата како материјал кој непотребно зафаќа мозочна меморија. Со некои одлуки не можеме против себе. На крај на денот, секој учи од сопствената лекција. Нема подобар учител од искуството.
Понекогаш животот толку многу не става на искушенија што одлуките за правилниот избор и пред нос ставени, прави да не ги видиме.
Понекогаш тежината во душата е потешка од најтешката планина, а раната на срцето подлабока и од дното на океанот...
Чудни се луѓето, барем голем дел од нив ... Уживаат во туѓото патење.. Ама кармата е кучка.. Еден ден и тие ќе патат па ќе ја разберат туѓата болка...
Вистинската љубов не може никој да ја одземе, ни најголемата далечина. Колку повеќе не ја гледаш, толку поблиску ја чувствуваш.
Кога ќе престанеш да се радуваш на туѓата среќа, запрашај се каде се изгуби ти и која е таа во огледалото.