Сите кога ќе станеме од попладневна дремка малку сме зашеметени. Епа и јас попладнево малку сум дремнала во дневна пред телевизор....Дошол татко ми и се трудел да не ме разбуди ама сепак тропна со нешто, и јас цела испеничена станувам, не знам што правам и како сум се нашла тука, не знам зошто сум заспала и кој век сме...Кога одеднаш на тв гледам кола како враќа рикверц, а татко ми поминува покрај телевисор, па јас се дерам: ПАЗИ КОЛАТА ЌЕ ТЕ УДРИ!! Значи страшна работа е ова мозокот.
Сонот од пред многу години, кој сега комотно ми лежи на дланка, го растресувам за нешто кое сега ми излезе, и иако не е приоритетно, го ставив прво на списокот. Се чувствувам чудно. Мајка ми вели, така таа се води, прво треба да создадеш нешто свое, а потоа следат сите останати работи, желби и сонови. Но... овие последни години се што гледам околу нас се многу болести, несреќи, смрт. Тивко во себеси се плашам дека создавајќи го тоа свое нешто, одземам време и пари да остварам сонови, да создадам спомени затоа што утре... како и секој друг, и мене може да ме нема. Ете такви конфликти во глава ми се вртат. Не се предомислувам, само морам добро да се потрудам, за да не зажалам. Некоја средина да се најде. Веќе се откажав од еден сон, кој за неколку месеци можеше да биде реалност. Пуштив друг да го брка. И го туркам во некое темно катче во мозокот, ама ѕирка и пецка. Нека... има време. Мора да има.
Секое ново искуство со кое му погледнуваме во лице на стравот,добиваме повеќе сила,храброст и доверба.
Сакам да кажам: Налетав на сликава и мислам дека не беше случајно. Во период кога бев загрижена за своите чувства, да не бидат повредени и пазев на се и сешто, а со тоа всушност повеќе правев штета, оваа слика ми дојде како одговор на тоа, како шамар или протресување за да се освестам што значи навистина тоа да сакаш некој. Па да, тоа значи да го ставиш пред себе оној што го сакаш, оној што ти значи, да даваш безрезервно и најважно - љубовта е жртва. Па и ако се ,,стопиме" давајќи, тоа што сме го направиле ќе остане во сеќавање како знак на таа љубов.
Живееме во време кога деца мислат дека 50К евра не биле многу пари и лесно можеле да се најдат за да се купел стан. Па ако имаш плата од 300 евра си можел да купиш стан на кредит и нема да се жалиш на тежок живот. Супер си купуваш стан на кредит и немаш поим како ќе најдеш уште минимум 200 евра за леб да си купиш. Кога имате деца ред е да им кажете што може а што не може да се купи со пари и да им покажете малку љубов. Животе животе...
Најдолната и најбедната категорија на луѓе, ми се луѓе кои некогаш ти биле многу блиски пријатели а сега се комплетни странци, и кога се појавуваат од нигде никаде, од најскриената дупка, од најтесниот ч*ар кај што биле напикани да ми извините, само за да проверат дали твојот живот е доволно мизерен и колку си несреќен. Ама јас такво задоволство на никого не сум му дала, ниту пак имам намера No bitch, I'm still winning no matter what
Предноста на смрдењето на лук во бусевите на ЈСП е што коа си настинат лукот делува антисептичко и ти го одзатнува носот. Како и да е шо ми се деси сега идам на работа мртва настината пошо нели имам "многу" "колегијални" колеги барав замена ама ете како и секогаш никој не ми се најде во пресред и доаѓам ја отварам мојата просторија и диаѓа колешкава шо кажа дека нема да дојде на работа да ме замени зошо е на факс и такви ми вика зашо твојата канцеларија е заклучена и јас отсечно зошо така сакав после доаѓа колега и вика еее како си? мојот одговор немој те молам не ми се обраќај. Моментот кога сите се жалеа дека се зафатени дека не можат да ме заменат место да влезат да ја отклучат мојата канцеларија и да прават нешто продуктувно а се влечат по ходнициве на работново место бљак после зашо ми се гади од човечката раса и зашо повеќе сакам животни
СДК 1:Од секогаш сум се чудела на изреката - ќарот и зијанот биле брат и сестра Ама животот прави еден природен баланс... СДК 2: Во подадената рака не го гледајте секогаш спасот...може и да ве бутне
Како можеш да ми кажуваш што кажувале за мене во твое присуство? Каква другарка, каква личност стана ти? Мислев дека се измени и посакав да ти дадам шанса, но не. Знаев дека ќе згрешам, и згрешив, но овојпат не дејствувам, веќе ништо не ми значиш. Ниту ќе ти ги посочувам грешките, ниту ќе ти кажувам каде грешиш. Сеедно ми е веќе. Ти си празен човек, жално е тоа што не го гледаш.
Сакам кажам,незнам пишам ќе препишам. Ја прашале зошто сеуште го сакаш кога знаеш дека никогаш нема да бидете пак заедно? Одговорила:Зошто дишете кога знаете дека ќе умрете!?
Времето поминато со син ми. Песните, игрите со мимики и крици, намевките ми се најскапоценото квалитетно поминато време. Сакам да шетам да патувам да гледам и да дишам воздух заедно со него.. Подобар елан и квалитетност на сам себе си од тоа нема. Ах убав животе. Колку што знаеш да заблажиш толку дупло и да огорчиш ама единстеќвен си.
Секогаш кога се качувам во автобус ме фаќа некоја носталгија за родното место. Не дека ке одам предалеку ама ете ми поминува се како филм пред очите,ми навираат солзи.
Јас не ја разбирам оваа заблуда... "време" Времето нема да покаже, нема ни да докаже, нема да реши, нема ни да излечи, ниту пак да помогне да се заборави...
Не е нормално под колкав стрес сум деновиве. Не можам да издржам веќе не можам. Животов само надолу ми оди. Ваков притисок и ваков период никој не заслужува. Аман ќе има ли некој убав ден, животот ми се одмили. Го немам тој ентузијазам за завршување на факутетов. Мојата dream job сега за мене не претставува ништо. Ми ја уништија најмалата желба за тоа. Ќе заврши знам, но со скршен мерак. Најлошо е што немам кому ова се да му го кажам- т.е има ама нема кој да ме разбере. Моите гледаат само да ме смират ама не ме разбираат. Се чувствувам како несфатен пубертетлија.
Ние трошиме скапоцено време плашејќи се од неизбежното. Ќе биде многу попаметно да го искористиме тоа време во обожавање на нашето семејство, негување на нашите пријатели и живеење на нашите животи.
Малку да дигнеме расположење демек, да се насмееме, па со малово гледавме некои ''смешни'' видеа денеска. До мене и мојот смисол за хумор ли е ама не ги сфатив луѓево. Опасни ситуации, дете испентарено каде мене ни на памет не би ми паднало, а они со телефонот и снимаат . Мака немаат, не се штрекнуваат. Ај тоа, туку тресссссс. И слушам од зад телефонот кркотење смеење Уште не можам да ги прежалам, дерман не ми иде. Налет да беше.
Сакам да бидам мајка и времето и годините ми налагаат за тоа. Но, секогаш има но. Сакам да бидам мајка полна со љубов како што го гледам внук ми со очи полни радост кога ќе се стрча од вратата да ме гушне, кога ќе ме бакне за секој поклон од мене. Сакам да бидам мајка да ме гушкаат нежни рачиња, да ми речат мамо. Како јас што мојата мајка ја гушкам секоја вечер пред спиење. Не сакам да сум сама,сакам да си основам фамилија, со партнер покрај себе и дете до мене.