Сакам да кажам дека .. Една мудра мисла вели: - "Немојте да ја сметате оваа мисла за целосно егзактна затоа што може да не биде така" Верувам сите сме се сретнале со голем број на поучни совети, заклучоци и мудри мисли за тоа што и како да се прави. Да парафразирам неколку така од поглупите: - Оние кои ти се правеле блиски на крајот ќе ти забијат нож во грб - Не и верувајте секогаш на подадената рака, не е секогаш вистинска - Не им верувајте на лугето затоа што на крај ќе ве заебат - Сите се двоилични, тролични, нема повеќе асален човек на планетава - Господе одземи ме - Таман да успееш у живот, ќе се најде некој да те бутне. - Не е се така како што изгледа. Тоа е животот е суров. - Светот е поле за културен натпревар помеѓу народите. ( некои од овие беа натрапници, сами пронајдете ги ) И на крајот од денот некои совети одма велиш "Да, така е" и целосно ги прифаќаш без да се подразмисли суштината. Но проблемот не е во самиот заклучок туку не секој заклучок соодветсвува за секоја примена. Затоа не треба се да се прифати целосно од прва. Размисли. Не го сметајте мислењево за целосно егзактно затоа што може да не биде така. Keep it real, Body, Mind, Soul ПозЗ3³ ®
СДК се чувствувам толку изморено од се! Сакам веќе еднаш во животов да почувствувам вистинска, обилна, голема среќа! Зарем толку сум лоша личност што не ја заслужувам среќата? Само сакам среќа со него. Среќа дома. Среќа надвор. Среќа во себе, во срцево. Сакам среќа, а се што следи е со тага и тежина!!!
Има луѓе - сезнајковци што често се среќаваат во ова општество. Тие "сé знаат", сета љубопитност на нивниот ум и способности се насочени еднострано, најчесто во недостиг на покрупни животни интереси и пошироки погледи. Под фразата "сé знаат" се подразбира ограничен круг: Каде работи тој и тој, со кого се познава, со кого се дружи и зошто, колку куќи и станови има, какви коли вози, каде оди на одмор, кој му е дедо, прв и втор братучед, како му е наместено подома, од кое бакалче пазари... Обично луѓето на коишто тие им го знаат и црното под ноктот не се во состојба да разберат од какви интереси се раководат, но ова знаење што некогаш е систематизирано до степен на цела наука, може да им донесе највисоко духовно задоволство и самопочитување. Огромен број од нив, со оваа нивна "наука" остварија многу цели, а има и такви кои создадоа импозантни кариери
Животот е една престава во театар од нас зависи дали ке играме комедија,или трагедија.На светов сите сме дојдени со некаква цел,секој си има свој сон,верувајте во него и целите кон тоа со сета сила и душа.
Пролет со зимска претстава на репертоарот. Капки дожд за прочистување и студено галење за румени образи. Чанта, чадорче, гумени чизми и јас... Ах, да... И два света во секојдневието. Едниот го носиме во себе, а другиот е оној што е создаден да не оттуѓува од себе. Каде припаѓаме???
Понекогаш се си смислам ко некој од големциве да седи на форумов и рецки да пишува кој плука по Владата, па некои членови на СЕКОЈА можна тема мора да залижат... Срам да се немало.
Сaкaм дa кaжaм, мo немaм дoвoлнo збoрoви, скд не декa немaм дoвoлнo инспирaцијa туку не знaм oд кaј дa пoчнaм. Збунетa,oсaменa,зoштo,зoптo тaпкaм вo времетo кoгa ме oстaи тoј. Зaглaвив тaму. Времетo не лечи ништo,сaмo прaви дa се скријaт рaбoтите некaде в мислите и кoгa че се рaзбудип oд некoј сoн те врaќa нaнaзaд. Штетa. Иде викенд јеееј.
Додека Скопско и Даб се натпреваруваат кој ќе направи подобра реклама, луѓето го почнуваат ручекот со ракија и салата.
Ние Македончиштата сме ти едем многу чуден народ,ако помогнеш на некој зашто си помогнал,ако не помогнеш зашто па не си помогнал.Колку и добри дела да правиш секогаш ќе бидеш плукан,озборуван,вреѓан.Затоа гледај си само за себе и ич да не ти чуе за другите,што и да направиш во државичево секогаш нема да чини,и секогаш ке бидеш ти тој лошиот.
Сите психички здрави мајки, сакаат децата да им се пред се здрави, па нахранете со највкусни јадења, па најубаво облечени со најудобна облека, прошетани низ цел свет и секогаш насмеани...Која мајка не би го сакала тоа? Па како може да постојат бездушни луѓе од типот на: -Види го помалото дете на Трајанка, ги носи патиките од постарото дете...или...Аман децата на Петранка само во двор се заклучени, никаде не ги шета, бел свет не виделе...или...Го виде детето од Петко дека во едни исти алишта е облечено? Ќе фати шуга веќе во нив. Додека не осетите на своја кожа слободно ситете се јаднички, ама после ќе си ја мавате главата во ѕид. Ем не знаат за животот на другите, ем се осудуваат да коментираат...Тоа ти се неизживеани и прости личности. АЈ не ми шири негативна енергија Џолано...Ок....Еве нешто и позитивно. Во комшии има две другарчиња Лука и Евгенија...5-6 години имаат двајцата и постојано си играат тука низ улица. Поминувам пред некое време и го слушам Лука: - Ама Евгенија мора сега ти да жмуриш така ти е редот, немој да се лутиш...Ајде број до 10, а јас ќе се скријам позади колата, па ти одма ќе ме најдеш и ќе победиш, може? Си викам во себе: Еххх Лука Лука...од сега ако им попушташ на женски, лошо ти се пишува Биди цврст бе, да се знае кој е маж по улица
Мислев само јас сум заприметила. О.о Или па... Кога се случува трансформација на една личност од демон во сФетица. И никој ништо не приметува. Битно да лижеме задници и да собираме сакачи. Не,не се работи овде за она " Не сакам да се расправам,не сум конфликтна личност." Не сестро,ти сите подлости вешто ги правиш. Тој што умее, умее оти се навежбал. Ама не проаѓа секаде.
Има луѓе со толку искрен, топол сјај во очите, срдечна насмевка, убави зборови и брилијантен ум. Тие ми се дефиниција за убавина, убавина во вистинска смисла на зборот. Џабе им е на некои и шминка, и надменост, и увереност дека се над сите и над се`. Според мене скромноста и човечноста, доблеста да подариш секому убав збор, способноста да се насмееш и на своја сметка и да си ја признаеш грешката, секогаш ќе бидат најпривлечните особини кај една личност. И покрај тоа што вреди премногу и го знае тоа.
Watching "Rogue One". Now the circle is complete. Никогаш непрежалени 4,5,6. Оти се најбољи од цел серијал.