Добро е што душичкава ми се родила во женско тело Не затоа што кој знае колку ми е убав животот како жена, туку затоа што не сум маж кој ќе трпи какви ти не каприци од жена. Фала многу, пријатно.
После 2 недели влегувам дома и прво ми бодат очи Божикно-Велигденските декорации на мајка ми. Спојлер Пошо времево - зима, си помислила дека декоративен дедо мраз место зајак.. и не е така лоша идеја уз јајцата. И тоа не е се. Спојлер На клуб масичката стои чаршавче, нежно бело-проѕирно, со златен конец порабено и со по тук и таму некое снегулче. (Не можела да го најде Велигденското, па Божикното исто така добро завршило работа) Се прашувам има ли некој близу нормален во фамилија... освен мене нАли? Бар по дома никогаш не ни е здодевно. Една е мајка!! Помината квалитетно убава вечер со драги луѓе. Јас сум од оние што кумовите, секогаш се трудам да ги испочитувам. Бев да и го дадам поклончето на малецката принцеза и не сетив кога помина времето. Малите деца навистина се природна терапија. За утре ми остана да дадам уште едно подароче. На уште една принцеза. Ептен ми е убаво кога некој е среќен поради мене. Ептен ми е убаво. Добра ноќ другари.
Ја обожавам ноќта во мое маало. Седната на скали чурам уз вруќо црно шербет кафе.... Тишината, јас и птиците, чр чр чррр
Знам или не знам дали знам (али небитно тоа) дали смее или не да се реплицира во темава, но постов заслужува многу повеќе од еден лајк
Не на секој маж приоритет му е покрај себе да има жена со згодно тело,исто и не и е на секоја девојка приоритет покрај себе да има маж полн со вреќа пари и скап автомобил. Е сега,да бидам реална поретки се овие типови луѓе,ама не се па и ендемски вид пред изумирање како што се мисли
Има жени кои го менуваат светот. Жени кои имаат падови и болки и пак се на нозе и покрај тоа што боли прават поубав свет за другите. А има и такви што викаат, ај ќути си глеј си за газот. Ако ми е тешко мене нека им е на другите. Баба ми ги викаше: се кријат ко пички под кошули. Тие жени не треба ни ѓубриња да се наречат. Доволни се за расплод. За што постоиш ако не правиш промена во светот? Или барем во малиот свет околу тебе? И не. Малиот свет не е маж ти и децата. Ама пуста ограниченост. Како и да, некои луѓе се само ЕМБГ. Други се со став.
Секој ден ново искушение и битка да се бориш, бори се не потпаѓај на искушението господ најголемите битки ги дава на нај силните еден ден се ќе биде како што треба.
Има жени кои што се целосно посветени само на еден маж, кои го гледаат само него, кои прават се за него. И не се посебни тие мажи, туку тие жени. (превземено, го имам прочитано некаде претходно.)
Жално но вистинито све повеќе и повеќе се губат вистинските вредности кај луѓето,едноставно светот се изобличи и настана тотален хаос,каде што лошите станаа добри,а добрите станаа лоши.Све е поголема омразата и злобата кај луѓето,Господ нека ни е на помош.
По n-ти пат се наоѓам во глупа фаза во животот. Договорот за пракса со можност за вработување е на stand by, завршена сезона во ревизија. Здравје "...од септември те охрабруваме да аплицираш Спарки.." Како не им е срам, колку пати човек треба да аплицира за 1 позиција..?! До колку години единствена можност за работа ќе ми биде пракса со можност за вработување, 26 години наполнив секаде ги поминав идиотските интервјуа за на крај дома да седам и да се нервирам. Изморена сум. Колку немоќно се осекам. Цело време сум во некое исчекување. Веќе немам воља за ништо.
^многу познато чувство. Прво те испрашуваат од што фамилија си,кој го угостиле да им е пактикант,после те унапредуваат во варач на кафе,купувач на доручек,и по потреба да подзачистиш по нешто,па следно унапредување е да им ги слушаш оговарањата на кафе-муабет или пуш-пауза.А ако немаат ќар од тебе така те мотивираат и се се врти во круг. Не знам што да речам,ама без врски и ако некој нема интерс било-каков од тебе нажалост така е како што си пишала. Што знам,може некогаш ќе биде поинаку,а може и не. Само знај немој многу при срце се,тоа е што е.ЈБГ не сме сите родени за убава работа не има и такви кои мора да работиме било што за некоја си замислено поубава иднина.