Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Како се изнервирав значи... Цела недела се договараме Ќе одиме, ќе одиме, и еден саат пред да одиме, откажуваат. Е браво бе, алал да ви е. Сама ќе одам, па испоцркајте дома, гајле ми е.
     
    На Aleksandar1212, Gosh, Сама Дома и 13 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Колку пати вака со една другарка ќе се договоревме за некаде и ќе откажевме. Е сега некогаш ми доаѓаше да ја задавам.
    Хахаха

    Туку дојдов друго да кажам,ама го прочитав ова ииии...ми замина мислата.

    П.С. Омерче не ми го пипајте, јас си го разбирам убаво. Е сега, секој различно сфаќа.
     
    На joy1, Aleksandar1212, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Да земам да се натпреварувам со времево кој е во поголем ПМС ако не?!
    Дефинитивно ќе освојам прво место....
    Ќе експлодирам човече,згора на се под дејство сум на хормонска терапија,а да не правам муабет дека и природно сум и онака лесно раздразлива,се ме лути и се ми смета,час ми се плачи,море ми се липа,час се смеам како луда8)
     
    На EMoonlight, Anabelle.Amorette, ЕденЧлен и 9 други им се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    50.614
    Пол:
    Женски
    Остани со тој кој има место за тебе во срцето, затоа што место во креветот секој може да ти направи.
     
    На mula, EMoonlight, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.085
    Пол:
    Женски
    Моментот кога во брзање низ гратскиот метеж забележувам девојка која направила одличен избор на розова нијанса на чевли и чанта и ми се вклучува сијаличката во тмурното априлско издание дека и јас имам чанта (извинување до неа за заборавот) во слична боја на која можам да и најдам соодветен партнер. Обувки, нивното ценето величество и долгометражната потрага по фамозниот број 35... За миг се разнежнив. Погледот и меморијата се здружија во вистинско време и на вистинско место и си создадов нова идеја за модерна комбинација со актуелната боја во сезоната само уште да одлучам да бидам розова.
    П.С. Некогаш толку малку е потребно неочекуваните ситуации завиткани во убаво пакување тивко да ни се приближат и да не изненадат кога најмалку ги очекуваме, а најмногу ни се потребни.
    Ете, се уште ме демне глетката во оваа спокојна вечер.
    Можеби ќе ги подновам долните екстремитети.
     
    На EMoonlight, joy1, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.081
    Пол:
    Машки
    Далечината раѓа немир, неспокој, очекувања, исчекување, желба , желба за поскоро времето да помине за повторна средба кој би донела меѓусебна радост, зближување, соединување но и немири во нечии души мисли, тага на разделба копнеш по нешто најсвето и најдрагоцено, броење на денови за повторна средба исполнета со солзи радосници и неспокој во душата дека повторно ќе има разделба и болка во срцето нивно која никогаш нема да се пополни а секогаш ќе ја прикриваат дека се пресреќни а однатре се распаѓаат. Животе зошто и во најодлучувачките моменти за пресврт , за помисла на.подобро не ставаш во искушенија и во нечии срца ствараш радости во нечии таги, зошто.
     
    На anel, Doozy, vitamina и 19 други им се допаѓа ова.
  7. MG3

    MG3 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2016
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    2.728
    Пол:
    Женски
    СДК дека сакам вакви среќни да бидеме засекогаш. И кога ќе ме прашаат зошто се борам за нас кога поминуваме низ тешки периоди, ќе им кажам дека заради ова. Ова е највредното нешто што сум го имала. И планирам да го имам уште долго, најдолго.:)
    Бебче едно заљубено:inlove:
     
    На Tammy99, EMoonlight, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  8. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Не плашете се ако одите полека,плашете се ако застанете.
     
    На EMoonlight, JollyGirl, Chica.Loca и 12 други им се допаѓа ова.
  9. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    5.425
    Пол:
    Женски
    Периодов сфатив дека некои ситуации едноставно немаат потреба од моја реакција. Најдобро е да си ја гледаш својата работа и да си го уживаш својот живот. Чувствувам силна потреба некому да помогнам и да бидам подобра личност, најпрво за себе самата. Уште да научам како се остава гордоста на страна и малку помалку инает како се води. :D
     
    На *Amethyst*, Rama, Сама Дома и 2 други им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.149
    Глумат господа, а заборавиле дека кога се пие кафе, чај , вода не се шмрка, ниту срка, :!:кога се јаде не се зборува и не се шлапка ко коза кога јаде трева.:lol:


    Крајно изнервирана луѓето бараат центри за деца со посебни потреби и кампуваат на ладново за да стават до знаење дека ќе бидат истрајни во своите барања, а некој си градоначалник се дрзнал да оддели 6 милиони за луна парк ко тоа да е поприоритетно меѓу цела немаштија и други потреби на луѓето.|(
     
    На SnowWhite8, buba4e89, elimkd и 13 други им се допаѓа ова.
  11. Mrs.Brain

    Mrs.Brain Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2017
    Пораки:
    318
    Допаѓања:
    3.625
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека тежок е животот без интернет а уште потежок без Фемина. Денес имам проблем со рутерот од четири часот попладне па се до сега исчитав се што имав книга дома и не издржав морав да ставам интернет на телефонот за да поседам на Фемина за да можам да си заспијам мирно. Патем имајте добра ноќ сите!
     
    На EMoonlight, sweet-cherry, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако некој планира утре да биде професор/ наставник во средно или основно школо, два пати нека размисли...
    Има такви кои предаваат едно, бараат друго, а по програма е сосем трето. Има професори кои часот го трошат на непотребни муабети и тоа истите секој час. Потоа професори кои не се залагаат воопшто околу натпревари, матура, или било какви практични вежби за учениците. Професори кои се премногу "дигнати", и пази да не ги навредиш со најмала ситница, ама затоа тие со тој авторитет, пардон егоизам, ги понижуваат учениците за банални грешки, им го потценуваат знаењето... И оние кои стајлингот за на работа им е многу поважен од добрата подготовка за предавање на лекција.
    Сите овие особини jaс ги најдов во една личност.

    Така да, тоа што образованието ни пропаѓа не е само поради лошиот систем и беспотребните реформи. Учениците се оставени на личности кои себеси се замислуваат на многу повисоко ниво од што се, кои сметаат дека ученикот пред нив е едно да кажам ѓубре чија должност е да си ја држи устата затворена и да учи, макар што ни самиот не знае што се бара од него, и кои сметаат дека строгиот однос и самобендисаноста ќе им донесе почит.

    Не е само дојди на час, кажи 2 реченици од лекцијата и седни си со надеж дека сите сфатиле и дека другото од претходно го знаат. Исто така не е работата некого да го спуштиш до земја ако погреши со надеж дека така повеќе ќе научи.
    Да образуваш млада личност чија иднина можеби од тебе ѝ зависи е многу повеќе од тоа.

    Оние луѓе во случајов професори кои најмалку имаат авторитет, најмногу заслужуваат почит од помладите.
     
    Последна измена: 22 април 2017
    На anel, IronLady, buba4e89 и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам дека ...


    Оваа турскава серија "Вљубеиот ерген" се си е топ, ете Омерче, Дефничка, Из. Миз ти реков ми рече. Само една работа ми е најмалку логичка. Секако за филм станува збор али една работа ми падна на ум или во очи, како сакате, а тоа е следново:

    Не знам дали приметивте али од епозида во епизода во серијата внатре поминува долг временски период. Зимска сезона, цртање, летна сезона, повторно цртање така неколку круга плус Јасемин отвори нејзина фирма, она па кога успеа да ја отвори кога стигна на врвот и се тако даље, а омер и дефне сеуште флертуваат.

    Побогу, лугево не остареа, времето лета со брзина x10 и од тоа излегува дека овие Омер и Дефне само флертуваат 4 години. Ќе умрат нема да застанат заедно .. :rofl: :rofl:


    П,С, Им се извинувам на сите љубители на серијата за рушењето на филмот со моето мислење. ( и јас сум така прилично редовен гледач :) :lol:


    ПозЗ3³ ®
     
    На buba4e89, fallenangel, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Сдк дека мојот татко секогаш ми викаше, главата горе принцезо моја за да не ти падне круната :hug:
    :inlove::l:
     
    На buba4e89, EMoonlight, JollyGirl и 13 други им се допаѓа ова.
  15. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.312
    Пол:
    Женски
    Е зошто некои луѓе имаат толку тажни животни приказни? Зар не може сите да бидеме среќни?!
     
    На sia.bella, Wahnsinn, elimkd и 20 други им се допаѓа ова.
  16. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Имам пијано коњак коњуу еден сега пеење јок ај да пробам.
    Киу киу кикирикуукуууу
    Добро утро Македонијо!!!
    Радни народе.
    petel.jpg
    Кикирикууууууу!!!
     
    На elimkd, EMoonlight, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  17. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.315
    Пол:
    Машки
    Доволно е во животот само да сврти човек нов лист,а не цела книга.
     
    На Rama, elimkd, EMoonlight и 8 други им се допаѓа ова.
  18. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    9.938
    Пол:
    Женски
    @Читател јас од поодамна ја имав загледано серијата на јутјуб чисто зашто сакам да го слушам јазикот. Ама ми здодеа дека 40 епизода овие абер немаа да се бакнат а не па да се исексаат. Е*ати искрите што летаат меѓу нив. Како тинејџерчиња ми беа.
    И ја откачив, многу досадно ми беше.

    Него добро утро и тука народе јас како за сабота рано станата ама од 9 си ја легнав (waiting) Ми се идеше у болница денес ама координаторката не ми е тука а без нејзино знаење не знам дали смеам или не.
    Имајте убав викенд, се читкаме пак тука некаде :) :l::sun:
     
    На Rama, Читател, ♡BuBaLe♡ и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    106.279
    Пол:
    Женски
    Се потсетив утрово на една поучна приказна која ми е запишана во нотесот кој го разлистувам често и ми е душевна храна.
    Сакам да ја споделам со вас:

    Татко на смртна постела, му подава на синот инструкции каде му остава закопани две ковчежиња. Едното да го побара и отвори кога ќе му биде најтешко во животот, а другото кога ќе му биде најубаво.
    Кратко време по смртта, синот останал сам, во беда, сиромаштија,глад..се осетил дека му е најтешко и го отворил едното ковчеже. Во него имало ливче на кое било запишано *нема да биде секогаш вака* .
    Поминале години и синот се оженил, создал семејство, живеел убав, луксузен живот и сметал дека дошло неговото најубаво време и посегнал по другото ковчеже. И во него стоела порака која гласела * нема да биде секогаш ни вака* .

    Поуката ме одржува низ тешките моменти, нема да е секогаш вака и очекувањето на поубави времиња е полесно.
    Исто и во убавите моменти, се трудам максимално да уживам додека траат.

    Каков и момент да имате вие, запомнете *нема да биде вака секогаш*
     
    На sia.bella, mula, vitamina и 27 други им се допаѓа ова.
  20. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    Среќен ден на планетата Земја...после вакви луѓе и секакви настани чудно е како сe' уште постои...да се надеваме дека ќе ни потрае и ќе се зголеми свеста на луѓето дека чувајќи ја неа се чуваме самите себеси.
    [​IMG]
     
    На душленце, Rama, EMoonlight и 11 други им се допаѓа ова.