Животот дечки таков е.. Секој од нас еднашка ќе биде јако шамаран. Ама заслужено.За ова или за она. И,не го вртете и другиот образ,соберете поука,дигнете глава и терајте напред со добра мисла. Ако и мислата Ви е лоша,очекувајте нов удар. Затоа..гледајте си во својот двор.Туѓи нека не не мамат. Секој со своето.
Сакам да кажам дека, према мене сите луѓе заслужуваат втора шанса и трета и четврта. Можеби звучи наивно, но која е смислата да престаниме контакт кон некој укаживајќи му што ти смета, за после да не видиш дали таа промена настанала кај тој човек или не. На шансите гледам како на можност на човекот да се поправи, но ако тој упорно не се поправува за иста работа - тогаш се пресекува јажето, но ако шансите се даваат за различни работи, кај истиот човек, сметам дека треба да се види дали настанала промена или не и така да се одлучи што понатаму.
Во ред е и треба човек да излегува во пресрет на другите - НО... треба да си постави една шема. Јас сум таква што кога некој ќе ме замоли за нешто ретко одбивам. Се случило речиси во исто време неколкумина да побараат нешто од мене и да не знам на кој прво да му излезам во пресрет. Се случувало да го распределам времето за да можам да бидам тука за сите, најпрво за едниот па за другиот па за третиот. Немав правило на кој прво ќе му излезам во пресрет, но од денес имам. Досега обично постапував така што прво излегував во пресрет на оној на кој треба да му посветам помалку време или чија потреба е поедноставна. Но од денес мојата шема е ваква: ги ставам сите на вага, да измерам кој колку направил за мене, кој колку мене ми излегол во пресрет, ми помогнал, се погрижил за мене на било кој начин. Вагата мери, едниот тас е подолу, другиот погоре, се е јасно. Секогаш на прво место ќе бидат родителите. На второ место се останатите членови на семејството, на трето место е љубовта, а на четврто пријателите. Мене ми се сите тие важни, но сфатив дека не треба потребите на пријателите да ги ставам пред потребите на моето семејство или пред потребите на својот сакан. Мора да постои ред и се да биде на свое место. Сакам подреден а не хаотичен живот, да се знае кој е кој, што е што и каде му е местото на секој, а најважно - секој да добива онаков третман каков што заслужува.
Сето тоа е ок во теорија, но во пракса нештата стојат малку поинаку. Пренаивно е, ама го тргам тоа на страна. Не може цел живот да бидеш нечија жртва и да живееш во исчекување за подобро утре. И реално - не треба да бидеш нечија воспитувачка, ако некој е невоспитан и не знае да се однесува како што доликува спрема тебе, не вреди да се троши драгоцено време во давање шанси и исчекување за да видиш дали тој некој си ја научил лекцијата. На крај, прашање на време е до кога ќе трае ефектот на „послушност“, ако можам да ја наречам така онаа состојба во која осомничениот би јадел и суви сливи само за да добие шанса и да не изгуби пријател/ка или дечко, девојка. Ќе биде бајка дури пак не пукне и сфаќаш дека одново си на самиот почеток, на работ да ја дадеш милионитата шанса, со изговор дека сега е за нешто сосема друго. Можеби луѓето заслужуваат втора шанса понекогаш, но „втора шанса“ дадена по стоти пат - ни во најлошиот кошмар! Прашај паталец. П.С. Не се однесува конкретно на тебе, ненамерно се осврнав кон тебе преку постот затоа што многу ми се допадна зачнатата тема.
@Mishela конкретно поттикната сум од ситуација од моја пријателка која поради икс причини изгубивме останатите доверба во неа, па извесен период ја немаме ни видено, па пишев пред некој ден со неа каде ми зборуваше дека ете, ѝ било тешко. Можеби ме манипулира, најмалку ми е битно тоа, искрено, такви работи и не ме допираат многу зошто на никој целосно не се доверувам ни верувам за некој да ме повреди целосно, но неможам да си простам дека ако неа навистина ѝ е лошо - јас да бидам причина за тоа, дури и кога можеби и самата си е причина за тоа, јас сум пресечила. Па ете со другата другарка решивме уште еднаш да ја „ислушаме“, едино зошто јас неможам да се помирам дека некој повредувам на ваков начин, а другаркава и не сакаше и до толку да попушти ама изгледа слаткоречлива сум, не знам. Пак ќе речам, свесна сум дека е наивно ама ете ... Посилно е од мене.
Сум гледала по филмови како некој дедо/баба им дава на внуците значаен семеен предмет што припаѓало на нивните претци... И секогаш си мислев што не им текне и на моите баби да ми дадат така некое ситните, што ќе го чувам како очите и да ми остават аманет за и јас понатаму да го предавам. Ама повеќе внуци сме сепак не сум само јас... Така си мислев се до денес кога баба ми не ми даде малечко предметче што нејзи и го дала нејзината баба Прво ми го даде да го видам и јас така со восхит го гледам, а по некое време кога ја пружив раката да и го вратам, таа ми рече: - Земи го... Веќе е твое... Нека ти носи среќа...Чувај го, многу ми значи. Не можам да опишам колку ми падна драго што баш мене ми го даде. Нешто што припаѓало на бабата на мојата баба, моментално е кај мене... Па здравје, можеби некогаш и јас во иднина ќе и го предадам на мојата внука.
Нема ништо поидиотско од машко во кола кога засатанува и дофрла. Зошто маче сељак? Епа затоа, затоа и сте сами.
Колкава разлика има кога човек ќе се наспие 7 часа наспрема 6, мислејќи дека оној еден час може „покреативно“ да го потроши додека безидејно скрола низ интернетот доцна во ноќта.
Google ме потсети дека денес е ден на нашата планета... Мислам дека нејзините најинтелигентни жители воопшто не ја сакаат и почитуваат! Секој ден се повеќе и повеќе ја уништуваат... Нова хемиска бомба, нов пестицид, нови длабински дупчења... Најинтелигентни жители на планетата Земја, сватете, старата добра Земја не сака ништо НОВО!!! Се надевам дека по 1000 години најинтелигентните жители на планетата Земја ке имаат можност да добијат известување од Google... 22-ри април 3017 - ден на планетата Земја
Во последно време се фатив себеси како трчам по другите,како одат по некои си правила,шеми ,планови-почнав и јас како нив..и на крај ништо,си ја изубив автентичноста.Затоа решив повеќе да не се замрам со шемата на градов и некоиси непишани правила... Make your own rules,baby!
Добро утро на сите, Првата 57-ца штотуку е тргната. Им посакувам убав ден на сите шофери во ЈСП. Инаку мислењево го пишувам за да изразам задоволство затоа што на овој телефон "новиов" можам да го посетувам форумов Ми се спие, на Vini Vici се изнаиграв за сите пари. Целосно ослободување на енергија. Ми следува долг и убав процес на регенерација ! Само што заврши мојот мал оброк ( тие што ме следат на инстаграм може да видат за што станува збор) и спремен за во кревет. Имајте убав ден и се читаме во текот на денот. Бакнежи
Прекрасно е утрото во кое после целоноќното спиење во прегратка, држење за рака, галење,бакнување, слушајќи го срцебиењето и дишејќи го мирисот еден на друг, една насмевка и еден поглед од кои зрачи љубов те будат и ти порачуваат Те Сакам МАМО!