Cакам да кажам дека најубава пица е онаа пица која е дебела минимум 5сантиметри,направена специјално од баба. Koга ќе ја изедеш,нема да ти текне повторно да јадеш наредните 2 дена,ете толку си сит. A пак кога ќе ја прашаме баба ми зошто толку дебело го замесува тестото за пицата вели дека тоа е така за да се најадеш,не како оние купечките,тенки ,тенки како ништо да не си јадел. A пак кога прави сок за растварање,наместо да ја наполни чашата 2цм со сок,останатото со вода,таа се обратно прави:тура колку што може повеќе сок,а малку вода,бидејќи,нели,на гости кога ќе појдеш сок се пие,а не вода,како што вели баба ми .Aко ми било за вода да си пијам,ќе си пијам и дома,кај неа требало да се најадам и да се напијам убаво. Eх,колку ми се интересни бабиве,вистина смешно ми паѓа кога ќе не форсираат јади ова,пиј она,напорни се понекогаш,но тие навистина се грижат за нас,се трудат да ни удоволат,бидејќи ние,внуците,ним сме им се,за нас живеат,кога ние сме среќни-и тие се среќни,кога ние сме тажни-и тие се тажни.Mногу не сакаат и поради тоа ние треба да ги почитуваме.
Кој знае колку време го пишувам и бришам постов. Уствари сакам да ви кажам нешто убаво,ама ако го напишам значи си признавам и вистинско е. Најнеочекувано на свет за заљубив. До уши. Последниве 2 недели не знам кај сум. А,он е толку спротивен од сите мои досегашни избори. И немав време да се одбранам,неочекувано ме стрефи заљубеноста. Дојде во најнеочекуван момент и од најнеочекувана личност. Искрено на машки со таков поглед како неговиот треба да им забрануваат од дома да излезат. Кога ќе ме погледне срцево ми скока по едно откуцување. Ко струја да ми пушта се осеќам. И така постепено во мини кондензатор се претворам,собирам енергија во облик на електрично поле. Јас најголемата спанка на свет, се будам после 5 саати спиење со енергија ко да сум спиела цел ден. Цел ден сум расположена и ништо не ми е тешко. Од ништо не се жалам. Се ми е супер. И дали ако има глувчешки трепки и пак ми се свиѓа највише на свет баш ради нив,значи дека се збудалувам скроз? Во случај да се прашувате што се случи со дечкото за кој ви пишував овде,некое време не сме заедно.
Сакам да кажам...но не знам и јас како. Како може да сум толку наивна? Како можев да дозволам пак и пак да бидам повредена. А толку бев среќна дека запознав некој, некој кој што ми се допаѓаше на секој можен начин. Зошто? За да ме натера да верувам дека и јас му се допаѓам, направи се за да ме заведе, за на крај да си поигра со мене и да ми рече ,,Извини, но јас немам никакви планови што се однесува до љубовта. До успехот се доаѓа само со пријатели и учење, но не оди во комбинација со љубовта. Можеме да останеме пријатели." И тоа е тоа. Епа, му посакувам успех тогаш.
Според временската прогноза во четврток ќе врне, преубаво, зар не. Епа ај ако ништо друго барем денот ќе пројде во учење и така имам тон книги што ме чекаат. Деновиве ни имам што да ви кажам, ни па знам што да напишам, затоа ајде имајте убава ноќ и бидете доследни на вашите соништа, затоа што ништо не е неостварливо.
Случајно му го наоѓам акаунтот на ЈуТуб на еден сладок дечко,металец,и ко по обичај,идам у лајкови и: Mиле Китич-Краљица тротоара.
И јас се приклучувам во клубот на заљубени. Еве дури и деновите од последниот пат кога го видов ги. бројам. Денес ги броев и минутите.. Сега минути не, но часови бројам. Не сум го видела 13 часа и 25 минути..
За прв пат се чувствувам онака, дел од ЕУ , како да сум во Англија , со денови врне, дури почна и да ме нервира. Ни сметаше суша, сега не поплави. А и ладно е, под јорган цела вечер ми помина. Идеално време за гледање серии, затоа продолжувам со Breaking Bad и онака дождот те провоцира да заспиеш, па додека те совлада сонот, искористи го времето.
Денес т.е. вчера планирав порано да си легнам. Си реков, ајде за во среда ќе се наспијам, а денот едвај го издржав поради исцпеност и малку спиење. Цел ден во мисли ми беше креветот. А сега во мислите ми е како ќе станам денес во 6 и пол!? Ах тоа пусто школо шо не се запале
Солзите ми се претворија во една голема река овие денови. Тоа е така поради тоа што јас сум премногу добра и премногу се замарам за тиа што не треба.Епа некој може ќе каже така ти е,ама не се спротиставувам на тоа,воопшто. Не е за ништо кажано..Понекогаш за да добиеш внимание,треба да престанеш да го даваш твоето.Сега сфатив дека тоа е така.
Се заљубив Да, тоа е тој. Имам чувство дека е вистинскиот.. уште од одма муабетот ни течеше како мед, сакаме исти работи, добар е, паметен, убав... Сонувам или што??? Дај боже да биди нешто повеќе.. Осеќам има хемија. Конечно ќе го заборавам непреболениот, и ќе му речам збогум. Чекав многу.. но се надевам овој пат се исплати. И јас ќе бидам среќна конечно. Па после толку солзи заслужив зарем не
Временска прогноза: земи си наочари, чадор, јакна и маица по куси ракави на тебе...за секој случај, не знаеш што ќе ти притреба...
Абе одам малце на обратна психологија. Горко кафе, шејк со цитрон и јаболко, и тоа горчи труе. Само ако не ми се заблажи животов има да го кренам светот во воздух! Цел живот си кукам зошто интелектуални, учачки и концентрирани работи правам после 12 по полноќ. Си велам никад нема да ме биде, кај има такви работно време? Арно ама... сега сфатив па дека креативноста ми е помеѓу 12 на пладне и 16 часот. И това е нешто. Ама едно знам, никогаш нема да станам утрински човек. Никогаш ни во вечни векови. Имам легнувано во 21, 22, 12, најдоцна до 1 и НЕ, ПАК САКАМ ДА СПИЈАМ ДО 10! А и ете, природно не ми е предодредено за нешто да ме бива посабајлечки, освен да читам вести и да ѕвонам по телефони за необврзни муабети, евентуално пари да барам од луѓе!
Ако е точна прогназата за утре баш ќе ми биде жал... инаку баш добро ќе ми дојдеше малку излет,прошетка со нашите пријатели... Меѓутоа како и да е.... ќе се потрудам да ни биде убаво
Ми тргна денес, нешто се наопачки да читам, читам за исчезнатиов авион, пишува: „ Искусниот пилот 60 годишниот Мајкл Хобел е убеден дека го пронашол исчезнатиот авион...“ а читам „ Исчезнатиот пилот 60 годишниот Мајкл Хобел...“ си мислам како сега исчезнат, а е убеден... Изгледа до времево е
Имам нова фризура и си ја сакам мнооогу сега се мислам каде да ја прошетам новава фризура Зелена. И убаво ми е што ако си зрела кога намќорот си го носиш во себе Поздрав до сите кои ќе шетнат навака - натака
Денес колку што се смеев, не памтам од кога така не сум се смеала На часот по македонски имавме лектира и бевме наредени во круг и ја раскажувавме. И сега тој што го сакам седнал до негов и мој другар. И овој мојот го зафркава другарот како да е педер (а не е) Го држи за рака, нешто го допира, го гушка и мисли дека никој не го гледа, а ние другите од страна го гледаме Па кога примети дека го гледаме, кога прсна една смеа Потоа наставничката седна меѓу нив за овој да го остави другарот на раат Цел клас се виткаше од смеање и имаше солзи од смеење Господ здравје да им даде денот ми го направија!!