Човекот го примаат во друштво спрема тоа каква облека носи, а го испраќаат спрема однесувањето, карактерот, културата...
Моментите кога си млад и не знаеш што те чека понатаму...се наоѓаш во неизвесност затоа што те чекаат важни одлуки од кои можеш високо да се издигнеш или одеднаш да пропаднеш. Ама верувајте она што ми ги меша мислите не е мојата неодлучност и дека не знам што сакам. Ме збунуваат сите кои не можат да ме разберат, кои на мојата младост гледаат само со она "ех да ти ги имав годините, да ти го немам паметот". Да, можеби. Претпосавувам им недостасуваат моментите на дружба, излегување со врсниците, запознавањето нови луѓе, делот од животот кога добивале пари од родителите, кога сè уште немале семејство, ама затоа истовремено сонувале да го создадат истото и да станат самостојни личности. Сето тоа го правите за некоја цел подоцна нели? Но, не е кај секого исто. Секогаш младоста се поврзува со летање во облаци, на нас сè ни е скоцкано затоа што уште сме зависеле од други, не знаеме што е живот, не знаеме што е страдање и неизвесност, не знаеме што е страв и разочарување. Ама знаеме. Можеби не секој од нас...ама знаеме Не ги знаат моите стравови, моите соништа, очекувања, желби, размислувања за да се поистоветуваат со мене и да ми велат како им било нив, а каков став треба јас да имам за сегашноста и иднината. Ќе слушнам "уживај сега, ќе видиш што те чека понатаму". Контрадикторни сте со реченицава, не сфаќате? Не можам да уживам, не, баш затоа што не знам што ме чека понатаму. Особено со луѓе околу мене кои само ги следат своите размислувања, а кои се глуви на моите зборови, зошто јас преувеличувам...летам во облаци, младост-лудост. Можеби некогаш и мене ќе ми недостасуваат овие години, но никогаш нема на некој помлад да речам да не се грижи и дека му е лесно, зошто и јас не ги знам туѓите проблеми и желби и ќе знам како некогаш мене ми било. Ми велат дека претерувам, дека не знам што е живот за истиот да го планирам понатаму. Со подли зборови и дволичност ме туркаат надвор од тие соништа.. Или пак ми велат - "гледај напред кон твоите можности", ама прво ми ставаат превез на очите. А потоа кога можеби ќе обезбедам иднина, лицемерно ќе ми речат да им бидам благодарна... ...зошто некогаш со потсмев гледале на мојата амбиција.
Незнам зошто ама од никогаш не им верував на луѓето(а посебно не на оние некои рандом фаци со кои не сум во близок однос,туку само формален)кои ми се обракаат со Раме или Рамче,некако лигаво и улизавачки ми личи. Вакво милозвучно нагласување само кон детенце признавам,не и кон возрасна личност. Јас сум само Рама и толку ама оди докажи им да те видам
СДК за оние - сакам кажам-незнам речам... Не дека не се способни да кажат, туку се неспособни да молчат. Нема потреба од километри објаснувања и од метастазирана реторика, треба да научат дека тие што умеат да говорат, зборат кратко.
Колега на работа објаснува како негов пријател,бил женет 6 пати со различни жени,и сите жени ги тепал,и јас го прашувам како бе ги тепал?зашто ги тепал?и вика така од лудост вика ги тепа и се разведува од нив,па викам зашто не го пријават во полиција?ехееее 30 пати вика е пријавуван ама џабе има врски во полиција,и јас онаков сеа незнам што да му вратам,и викам аха ок тогаш.Значи во оваа скапана држава човек ако има врски,може да прави ама буквално што му душа сака,па јакиот маж па тепа жени,е ради вакви сакам да се врати Хитлер.
Кој степен на фрустрираност е да ја мразиш рекламата на Скопско? За другарка прашувам Сум видел, ама не сум видел. И струја да снемува, и вода да нема за пиење, и ѓубре да се фрла насекаде, животни на улици, коњи горени со цигари, комшики обесени на прозори=радар за твоите излегувања. Најубавата природа зачадена, пластични отпадоци, пиштоли на свадби, љубов...ама само еден вид љубов, и омраза кон сите останати. Помина времето за вакви реклами, знаеме ние што е доброто да се живее овде. Ама сите тие наведени работи веќе не ми се доволни. И скопското веќе не ви е убаво Се измачувам и тешко ми е. Се трудам да се држам до правецот, ама од сите страни удари имам. И така... то је наша природа и друштво. А луѓе... хах, многу ми е смешно кога некој зборува како одредени биле "затуцани" назад во времето и слично. Погледнете околу себе, погледнете во себе. Страв и омраза. Се чувствувам како да, секогаш кога ќе решам да ги распакувам куферите, овој народ и оваа држава ми мава клоци, шамари, ме шутира и ме остава да крварам. Идолите што ги имавме, уметниците на кои се восхитувавме, музиката во која уживавме... делче по делче, откупена, продадена, губи вредност. Губи гордост. И се решаваш да инвестираш, да се дадеш себеси и се што имаш, да останеш и да делуваш овде... и пак клоци, шамари, удари...
СДК ич да не се замарате кој што рекол и што на кој му фали. Не трчете секогаш кога ќе затребате некаде. Не мислам да се покажам како себична личност туку како малце пореална бидејќи ретко кој ќе тргне вас да ви помогне или услужи. Личноста која ќе ве избави од секакви глупости сте самите вие. Затоа не ја запоставувајте таа личност, негувајте ја. Обичен пилинг, медитација па дури и едно просто лакирање на нокти вреди повеќе од што мислите. На тој начин докажувате колку ви е грижа за вас самите а најбитно е да се грижите и сакате себе си. Човек кој не се сака себеси никогаш нема вистински да сака друг!
Сте запознале некогаш некој и сте добиле впечаток дека ви фалел цел живот? Не можам да престанам да му зборувам затоа што имам толку многу што сакам да му кажам. А кутриот, ме слуша дури и да се глупости, па ми зборува и тој.
Каде го најде? Може трампа, бар на ден? Мене сеуште ми фали некој таков, добро може одреден период го имав ама јбг ако едно е таман друго фали. Трагав по совршенство а ништо од тоа не добив. Поучени од претходно сега сум задоволна од тоа што го имам и вака сум посреќна.
Овој свет ќе го напуштиме онака како што и сме дошле. Она што сме го стекнале/добиле/зеле не можеме да го понесеме со нас, меѓутоа она што сме го дале,останува и ќе му значи некому кој останува овде можеби и долго време после нас!
Можев да го излажам целиот свет дека не те сакам, ама пред извесно време осетив дека те снема и од моето срце каде беше долги 3 и пол години. Среќна сум за тоа. Можеш да сакаш чудовиште, ама тоа нема да го смени....Рече дека ќе те молам да се вратиш. Душо, можеби најдов екстра чоек. Не сакам замена за тебе - не сакам никој друг како тебе во мојот живот. Твој е редот да се каеш за се што направи. А овој другиов, па, ќе видиме. Само едно знам ќе има доолллг и дооллг пат до мене.
Се додека бегате од оние кои се трудат да ви посветат внимание а трчате по оние кои бегаат од вас и ве омаловажуваат ќе бидете сами и несреќни...
Сдк .. ма шо има тебе да те интересира дали свекрва ми ќе се врати или ќе остане да живее во куќата на татко и ? Тоа си е нејзина и САМО НЕЈЗИНА одлука . Да беше помлада ќе ти возвратев , ама од почит кон годините љубезно ти одговорив . И дека комшии сме . Еднаш си велам да ти кажам 2-3 збора да ти кажам каде е твоето место , ама друг пат си велам , малку останавме во маалово наши , што ќе биде ако не зборуваме меѓу себе .. Дрндалка ме иритираат ваквите кои си го пикаат носоткаде не му е местото место да гледа на синот и снаата да им помогне , да бара спас да си добие внуче , таа се распрашува дали свекрва ми и свекор ми ќе се разведат и дали ќе се врати свекрва ми да живее со свекор ми
Секој пат кога ке слушнам дека починало дете,небитно кое,каде,како....Срцето ми се распарчува,душа ме боли..Секое дете заслужува да го искуси животот,да расте и да се развива.Се надевам дека Бог има добро објаснување за тоа.
Животот, сликата за себе што ја створивте тука на форумот, пофалните зборови од други членови што ги впивате како апсолутна вистинa како тоа вие сте нај нај во многу работи...ви помогна нешто во реален живот? Барем корист некаква, станавте ли барем малку похрабри, посамоуверени, подобри, посочувствителни, бракот/врскaтa подобрa, децата повоспитани...се' она што верувате дека тука претставувате, срамота ќе е ако не сте го пренеле во реалниот живот. Не срамота де, туку тажно, многу тажно. Некoи (мислиме декa) имaме дaрбa дa препoзнaеме кoј црпи енергијa oд дoмa и јa префрлa тукa, a кoј црпи oд тукa и...се нaдевaм јa префрлa дoмa.
Одам напред и гледам само напред. Нема веќе вртење назад, касно е за тоа, драга Ванзин. Се се поклопи и коцките се наместија, ќе биде онака како што треба. Конечно ќе се оствари сонот. Ќе уживам во ова уште малку слободно време и не жалам за ниту една единствена минута во мојот живот, се е во ред Let's get this party started
Пак ми замина мачорот, и знам чим досеа не се вратил нема ич да се врати. Епа упм, зошто мораше да го најдам по 2 месеци од ко се помирив дека е умрено, за потоа пак да ми избега по нецели 3 недели чување и радости? Несреќа сум бе, несреќа. Кога му пиштам на моите дома ми враќаат со: "Оди најди си дечко, не замарај со мачорот, ние на твои години заедно бевме".Добро, фала многу на сочувството и неможааааааааааам нервозна сум.А јас кутрата несреќно заљубена цел живот, си се надевам на подобри денови или па не размислувам воопшто на то.