Еј, не може да си пожртвуван за други, загрозувајќи се себе си. Не, не си хуманитарен, добродушен и великогад. Глуп си.
Бог ми даде здрав разум, здраво и живо дете, и маж кој ме сака повеќе од се на светов. Зарем можам да побарам повеќе? Се повеќе е алчност, се помалку од ова е трагедија. Фала Господе за се што ми даваш. Што заспивам преморена, среќна стуткана околу бебето, чувствувајќи ја топлината на маж ми на грбот.
Imase edna dobra recenica sto sum ja procitala "puno groblje nezamenlivih". Kazuva se i poveke. Zare seuste ima junaci od socializmot koj se frlaat vo "borba" za "drugarite".
Порано или подоцна, на секој му се потребни промени. А тие, доаѓаат одвнатре. Не можеме да гледаме потпор во другите за да направиме нешто поразлично за себе. Таа моќ е наша и во наши раце. Ние одлучуваме кое е вистинското време. Единствено можеме да вложиме во себе за нешто подобро. Во спротивно, тоа што одбиваме да го прифатиме, ќе биде уште поинтензивно.
Не вреди да биде добар човек Колку јас со добро, 10 пати ми враќаат со лошо.. па да, до мене е. Јас сум глупавата и наивната, не вие Да дојде некој да ми мавне 10тина шамари да ме освести..
Некои луѓе изгледа никако немаат капацитет да научат до каде е границата за поставување на лични и интимни прашања,аман веќе сами разграничете еднаш што е долично и коректно да се праша,а што понатаму преминува во безобразие и непочитување на приватност. Осет да се немало значи.
Огорченоста се служи на коцка шеќер, како прополис-за да не ти се залепи за душата. Живеј бе жено слободно у среќно, тргни ги канците од мојот живот. Ако немаш за што да живееш смени од корен работи, престани да наоѓаш занимација во туѓите животи. Жална си.
Почнаа да ми се враќаат соновите, надежите, желбите и идеите. Ќе биде од мене човек. Заслужен е само маж ми и никој никој друг. Знае да утне некоја глупост некогаш, ама никогаш не ме навредил, натажил, разочарал... Заедно сме 5 или 6 години, не знам веќе колку, не бројам, ама за сето тоа време само еднаш сме се скарале и сме се развикале. И на крај смеа не фати, оти за нас, не е својствено да се караме. И додека беа најмачните денови со бебе, со грчеви, со никакви услови... се држевме заедно. Некако ми е ставено у глава дека со маж треба разбирање не карање. Поддршка, не критика. А јас на толку многу места потклекнав, ама тој ме исправаше. Отсекогаш сакав таков маж. Не сакам дете да гледа раскарани родители, кавги. Мајка ми се лути, не и давам турски серии да гледа кај нас, оти цело време се караат и ќерка ми се расплакува. Не сакам детето да има трауми и да се потресува дури и од невистински кавги. Она не знае што е викање, карање. Мајка ми пак, цело детство викаше, по нас, по татко ми... тивко не знаеше. Затоа сеа јас само мир и давам на мојата. Може и јас грешам, ама ќе видиме. Може ако се скара утре во градинка и и викнат, ќе се испотресе. Ама па стварно не сакам да слуша кавги дома, дома е местото на утеха, мир, заштита. Детето се воспитува од моментот на раѓањето на неговите родители. Којзнае колку ќе грешам. Среќа само што Бог ми ги отвори очите кога раскинав со бившиот, оти ако останев со него, досега ќе се фрлев од 6ти.
@Cka многу слични животни случки и кај мене....како себе да се прочитав во твојот пост Кога одиме кај моите ми е пренапорно зашто све се разговара на висок тон, а гледам и детево се вознемирува, станува нервозна. Бившиот пробувам веќе да не го ни спомнувам, се прашувам како можев да бидам таков мазохиста
Никогаш нема да ги разберам жените кои кога ќе стапат во брак и имаат деца, забораваат на мажот и целото внимание им е насочено кон нивните деца. Кои секогаш ги бранат своите деца, без разлика дали се во право или не. Кога бев во тинејџерските години често ќе ми се случеше да избувнам, да викам и да се карам со татко ми, но мајка ми никогаш не застануваше во моја одбрана, а за возврат да очекува да застанам во нејзина одбрана кога таа се караше со него, или пак обратно. Понекогаш мислев дека не им е битно за мене, но сега кога јас сум во брак знам зошто било така. Јас веќе се мажив, а по некое време и другите нивни деца ќе го направат тоа и тие ќе останат сами. Нивните деца ќе имаат свои фамилии за кои ќе треба да се грижат, а тие ќе останат да се грижат еден за друг. Никој нема да дојде да ги одбрани кога меѓусебе се караат. Кога имаш поддршка од некој, тогаш си посилен и мислиш дека си победил во кавгата, без разлика дали си во право или не. Партнерот е оној со кој остануваш во стари години, оној кој ќе ти даде чаша вода, оној со кој ќе си бидете најголема потпора и поддршка, зашто секој друг веќе е зафатен со своите обврски, со својот партнер и деца. Наскоро ќе имам дете и ќе му се посветам нему, но нема да ги заборавам обврските спрема сопругот и нашиот брак, и тој ќе ми биде важен како и нашето дете. Зашто секоја мајка е и нечија жена.
Колку е поубав денот кога има сонце. Секогаш кога е сончево, максимално ми е искористен денот. И енергиjата ми е на повисоко ниво. Имаjте убав сончев ден.