Многу ми се смешни и истовремено мизерни,они луѓе кој зависат од тато и мама,кој им оставаат по 50 ден на 30 год за цигари да си купат,пошто освен џаболебарење друго незнаат во животот.И некој таков ке ти дојде и ке ти кажува колку е животот тежок,како државата била скапана,како нечинело све.А што да кажат оние кој едвај преживуваат?Оние кој изгубиле на млади години родители?маж,жена,брат,сестра?Оние социјални случаеви кој живеат со 3000 ден помош?Оние кој изгубиле све во животот,и треба да почнат да градат све од нула?Али на таквите враќаат само со еден збор,ај бе ке помине.
Сакам да патувам, да одам некаде каде што не сум била... не да седам на едно место, туку секој ден да откривам нешто ново... сонував за тоа отсекогаш, сонував и да работам нешто поврзано со тоа... еве пораснав, барем физички, а си останав сонувач... уште сонувам со отворени очи, исто како некогаш, кога бев дете и безгрижна... сон ми беше да ги истражувам морските длабочини, му се восхитував на Жак Кусто, со нескротена љубопитност ги голтав неговите книги и записи за подводните авантури. И ден денес со истиот жар ги следам емисиите на тв и интернет со таква тематика. Не знам дали некогаш ќе ми помине таа желба, ама мислам дека можеби еден ден ќе се реализирам. Се прашувам понекогаш што ли ќе беше ако животот ми тргнеше во тој правец, односно ако имав шанса професионално да го правам тоа. Физички сум оневозможена да го работам тоа, ама мислам дека хендикепот нема да ме спречи барем еднаш да нурнам во длабочините на океанот, без оглед на сè... Колку што се плашам од височините, толку неизмерно ме привлекуваат длабочините, нивните тајни и богатства кои ги кријат. Сакам еден ден да нурнам во водите покрај брегот на Австралија, да ги откријам лично убавините на Големиот Корален Гребен, да запливам во водите покрај островите Галапагос, повторно да нурнам во длабочините на Црвеното Море, да уживам во ноќното истражување покрај брегот на Хаваи, можеби да скокнам и до Индонезија... А можеби само сакам некоја промена во професионалниот живот... можеби сакам нешто што ќе биде поголем предизвик од ова што моментално го работам. Можеби само сакам да излезам од сивилото на секојдневниот живот, да се соочам со нешто ново и непознато за мене, дотолку уште попривлечно.
Сакам да кажам дека Сакате ли со еден кажан збор да привлечете неколкумина да трчаат по вас, ама не знаете КАКО !? Тогаш Вие сте ба вистинското место. Се што треба да направите е: Одете на Бит пазар кај главната улица покрај оградата на факултетите каде што се гради во близина на автобуската станица и извикајте "Куманово !?"
На вакви прекрасни денови шетам и кога имам 15 денари во џеб, ќе си купам кафе од автомат и во паркче, милина ми е. Е некогаш ќе се дотерам,некогаш по тренерки. Ги трошам сите пари до последен цент еден ми е животот па да се стискам, од ден за ден живеам. Кој како може и како сака,сите сме различни. И живејте до крај, а не да се стискате и за 5 ден за мастика.
СДК google doodle. Ми го прави денов поубав. И се навраќам постојано за да си се насмевнам Итс соооуууу кјуууууут
Емисиите по македонсиве канали се прав ужас...Тешко на тие што секој ден ги гледаат На пример, емисијата Брза кујна...случајно пуштено беше и ајде гледам што прават, кога одеднаш се случува следнава сцена: Едниот од готвачите и даваше во уста некое месо на една од натпреварувачките, и водителката вика: - Многу големо парче зеде, нема да и го собере во уста...ќе и ја растегнеш устата хихихи ќе и стане поголема... Па готвачот враќа: - Ако, ако...Мажот нејзин ќе ми биде благодарен... (if you know what i mean) Друг пример...Пред некое време Лила ја гледам. Игра некој човек и вика ќе ја чувам 4ката пошто кога си ги врзував патиките одеднаш на цел глас извикав ЧЕТВОРКАААА!!!! Едноставно така ми дојде и знам дека е знак (рили нига? ) (и озбилен продолжува) А пред некоја вечер мајка ми ме сонувала како одам по пат и околу мене 4ки се вратат, некои знаци и патокази ( во 4ката имаше 50 денари) И на уште еден канал пуштам имаше македонска кошарка, абе бруки живи. Не знам дали слушнале дека пазувите може да ги избричат демек мажи Под пазува ко да имаа опашка од коњ Ете не мора скорс да се бричат ама барем малку нека се средат, нека ги скратат опашките Оди видете ги од NBA...Ем растураат во игра, ем повеќето се средени, скоцкани, (ретко има некој влакнести пазуви), a oвие ко од племе некое да дошле...Да ти се одмили и кошарка и машко суштество Ех...Фокс златен...
За она што го сакаш, секогаш мораш да вложиш нешто. За некои работи влогот е поголем, за други - помал, но е неизбежна таква акција, оти никој ништо нема да ти подари само така. Неизбежно е вложување на дел од себе во потрагата по/или борбата за она што го сакаме. А жртвата никогаш не е попуста. На сите бар еднаш во животот ни недостига парче душа за да бидеме целосни. Честопати, потрагата по она што треба да не комплетира, воопшто не е едноставна. Ниту е лесна, ниту кратка. Никој никогаш не рекол дека било лесно. Но чувството на комплетност, вреди секоја издишка и воздишка. Секоја една мака и солза, секоја желба и секоја пожртвуваност. За вино, танго и љубов се потребни двајца. Апропо муабетот, пред некое време бев малку револтирана на форумов. Да, бев, зошто форумов ми е како поширока фамилија. Ми значи. Околу мене се виртуелни, ама сеедно прекрасни ликови. И не ми е гајле дали некој има ќар од мои мислења, се додека мене дружбите тука ми се убави. Се пожалив. Не со некоја намера, туку сакав да го изразам моето незадоволство за конкретната работа. Моето мислење, на мое огромно изненадување беше забележано и грешката претходно настаната, беше корегирана. Ако некогаш мислите дека овде никој не ве чита и "не работи", јас сум сведок дека форумов навистина функционира баш како што и треба. После тоа, Фемина доби една нова позитивно освежувачка димензија во мои очи. На форумов, исто како и во животот генерално, никој нема да те слушне, ако не прозбориш. Запомнете го тоа. Поздрав другари
Сите напнати, а јас толку спокојна. Дури и цинично лабава сум. За промена да видат како е да ти чури главата. Не се ситам. Мислам малце. Не им посакувам ништо лошо. Само чувството кога не зависиш од никој е ослободувачко. Се осеќам како од ново да сум се родила. Што год да се случува од вторник натака, јас си ја научив својата лекција. Крајот е блиску. Издржи уште цели два дена. А после гасам телефон и нека се снаоѓаат како сакаат. А ми но ме интереса нада. Ќе имам уште 2-3 вакви постови, огорчени (да не се лажеме мисливе ми се контаминирани до бескрајност со гнев) и после стварно ќе биде табула раза. Нов бел лист. Нема да ви писнам за работа. Барем еден период. Али за прв пат имам комплетен план што понатаму. Што работа после работа. Не се заебавам, доста беше спиење и гледање серии после 5. Време е за вистиска работа. Адиос амигос
Некои луѓе како да се создадени за постојано да патуваат, да не стојат во место, да откриваат. И повторно да се враќаат. А ние можеме само да ги испраќаме со солзи, па да ги дочекуваме пак на старото место, со повеќе љубов и копнеж од кога било.
Сакана жена е силна и храбра, способна со да се избори со секаков проблем, додека жена која сака е лесно кршлива и ранлива....не е случајно онаа изрекана гледај да бидеш сакана, а не да сакаш....
Не би се сложила. Која е исполнетоста и среќата во тоа да бидеш сакана и почитувана од некој за кого ти не го чувствуваш истото? Како што обратното не е среќа исто и ова. Вистински силна и исполнета жена е жена која е сакана и која сака. Затоа гледај да направиш паметен избор и да пронајдеш човек што ќе те сака и почитува како и ти него, и со кој взаемно ќе го градите таквиот однос.
Убава ретроспектива вечерва во Леџенд паб. Си се вратив едно 10тина години назад, коа Крис и тајфата правеа убави песни. А јас киснев во парк со bag in box бело и муабети до раните утрински часови.
Сакам да кажам дека .. Седиме со другар и разговараме на рандом теми од кои некои беа за образование во МКД и странство. И ми вика: Абе после дипломирање ќе одам у фабрика да работам. За секунда низ глава ми пројде следново ( Човеков има просек 9.00, студира на Електро ај пошо се заебаваме саркастично си викам келнер у некој кафиќ ќе да е ) Му викам: Кај е тоа Фабрика бе, зарем тоа е некое ново место отворено сега !? Ми вика: Не бе, у Железара на пример у некој погон ... После мене ми светна што сум се заебал .. Покрај толку модерни имиња на локали кај нас како ( Штала, Гнездо, Станица, ) најлогично ми беше Фабрика да е некое ново кафуле ... ФУЦК ПозЗ3³ ®