Сонував одсекогаш за оваа,за да бидам исполнета, душата да ми пее од радост, срцето да ми е преполно со љубов,да чуствувам како некој силно ме сака... Го имам,го имам онаа за кое што се плашев дали некогаш ќе биде мое...ова било само почеток,ми вели. Други пак ми кажуваат убавините допрва ќе доаѓале. Од многу убавини и среќа дури и се плашам,ќе можам ли да ги уживам без страв?! Нека трае,сите да бидеме среќни и исполнети
Сдк...иако не пишувам, често ве читам... Денес додека шетав по центар и разгледував, видов и добро дело. Така поминувајќи ја улицата, на три чекори од мене, видов еден дечко околу 30/33 год со пица во рака, кој ја даваше на ромката која просеше со детето во раце, во моментот кога идев тогаш. Тој ме гледаше и јас него, се насмевнав и тој...Продолжив по патот на едната страна, тој на другата. Но, другите луѓе не забележаа... или пак се правеа дека не гледаат, иако имаше доста гужва наоколу. Сепак секоја чест за него, и за доброто дело денес. Мило ми е што постојат добри луѓе, можеби не се многу, но сепак постојат.
Велат дека ако неможиш да спиеш навечер некој ти недостига...Еве сум без сон го пишувам постот и по малце многу малце очиве ми капат...Се прашувам дали идат подобри денови? До кога ќе трај ова вакво чувство на осаменост кое моли бар за една трошка среќа... Трошка за миг со него, за една слатка и невина прегатка, за сите оние препреки кои ги поминавме, дали чекањето еден ден ќе се исплати!? Не сакам и не барам многу, мало парче среќа, мало парче љубов, мало парче мир и спокој, го сакам него, сакам да сум со него, а знам дека и тој го посакува истото, до кога вака!? Зошто бар еден ден да не се наместст коцките и се да дојди на местото како што одамна требаше да биди!? Но не губам надеж, знам и сигурна сум дека упорноста еден ден ќе се исплати порано или подоцна.
Кога нешто многу посакуваш ти навлегува во потсвеста, но велат и дека ќе се исполни. Еве ко на пример два дена посакувам помфрит, синоќа и го сонував дури. Мада во сонот беше малку жив, дали тоа значи дека нема да јадам? Или можеби нешто друго, а да свртам во темата каде што толкуваат сонови? Море ќе и се јавам на мајка ми да ми направи, што е сигурно сигурно е. Патем гоод нека е морнингот, одам со по едно кафе да ја изгурам дента.
Пред некој ден професорот рече дека не треба секогаш здраворазумно да ги разгледуваме нештата кога се работи за литература. Имено, зборуваше за некој подлабок, паралелен свет, во кој сè e можно. Само што ќе почнев, како и обично, да зборувам како ништо не е вистинско ако не се сфаќа со здрав разум и дека ако сакаме да добиеме вистинска, целосна слика на нештата мораме реално да ги гледаме, ми рече „на тебе ова се однесува“. Ме праша зошто слушаме музика кога знаеме како е направена, со кој иструмент, кој ја изведува и сите физички закони на акустиката. Поради убавината, секако. А убавината не е реална. Убавината е надвор од рамките на здравиот разум. И сега ми текнува на една реченица што ни ја издиктира одамна: Уметноста се прави заради убавината, а убавината е цел на уметноста. Прашањето е, можеме ли убавината да ја најдеме во рамките на здравиот разум, или едноставно не е толку убава колку онаа надвор од него?
Прашање на денот,т.е на векот: колку треба да е забеган човек,да направи 1 кг пудинг и сам да го изеде во еден здив,а истиот тој човек е цел живот во борба со килограми и диети. Погодете кој е ?! Да,да Рама е
Ја мислам дека убавината апсолутно може да се најде во рамките на здравиот разум, само бидејќи е апстрактна и субјективна, не може објективно да ја квантифицираме. Чувството за убавина е индивидуално, што не го прави нејзиното искусување да биде нешто што лежи надвор од рамките на здравиот разум. Пиши му минус на професорот од мене.
Сакам да кажам дека само дома си е дома. Не сум носталгична по природа, човек сум што сака да патува многу и патувајќи да се спознава себе си преку местата кои ги посетува, да се огледува во очите на луѓето кои ги запознава, да се претопува во толпите кои живо брборат движејќи се низ сето она што се нарекува уметност и култура, знаменитости... Но овојпат толку олеснувачко чувство имав со самото влегување дома, чинам со самиот мирис на бетонот и плочките уште од влезот на зградата. Го насетив некаде во ноздрите мирисот на средството за чистење на хигиеничарката, го почувствував студенилото од мермерот. Не знаев дека еден краток топол туш дома, во твојата бања може да ти дејствува толку сплотувачки. Омилените пижами, и пикање во топла постела. Утрово се будам како свој на своето, ги гушкам моите и сфаќам дека ми недостигале. А и јас сум им недостигала, мерило за тоа е гушкањето. Силно, посилно, најсилно...снемуваш воздух во себе и ребрата ти скрцнуваат. Омиленото кафе со ред чоколадо, стандардната проверка на мејлови и фаќање за работа. Welcome back to Macedonia. Иако авантурите не завршуваат, ми претстои продолжен шетачки викенд. Истражи ја Македонија.
Вие што го почнувате денот без кафе или се расонувате со оние млека со вкус на кафе, од кој универзум доаѓате? Од што сте создадени?
Јас најдобро се чувствувам кога денот го почнувам со витамини, најдобро цедено овошје, а не кофеин. И верувале или не, се е во ред со мене, не сум од друг универзум.
До кога ќе ви пречи нешто што некој не го прави она што вие повеќето го правите? Јас не пијам кафе од сабајле никогаш, може од Криптон сум
Тешко да има некоја поубава појава во секојдневниот градски живот од луѓе кои времето во јавен превоз го исполнуваат со читање книга...
Пред многу години на овој ден премногу се радував и ги одбројував деновите, но сега не се радувам толку многу како тогаш бидејки не сум веќе мала полека созревам. Но сепак пак ми е мил овој ден и сум среќна што сум се родила и само ќе си посакам здравје, среќа и уште многу години да си го славам. Happy 21st birthday to me...!!!
Колку да е тешко и напорно на факултет, сепак се случуваат интересни бисери што долго се памтат со насмевка на лицето. Ми текна на една професорка што ни предаваше пред неколку години (а сега е во пензија), и нејзиниот најјак бисер. Имено, ни диктира таа нешто а ние сите ќутиме и пишуваме... Ни чита полека, па таман прочита Се состои во предметот кој е... кога одеднаш и заѕвони телефонот и ја прекина. Го гледа екранот некако луто и го одби повикот... Таман ја зеде книгата за пак да продолжи да ни чита, пак и заѕвони телефонот. Таа пак го одби повикот па така цела расеана ја зема книгата, и се чуди до каде застанала. Одеднаш од крајот на предавалната дофрла некој за да ја потсети до кога застанала: Студент: -Професорке...Кој е... (ја потсетува дека последно кажала Кој е...) Професорката (нервозна) : -Кој може да биде? Христина ми досаѓа...(мислеше дека ја прашува кој е на телефон и туку одеднаш си замина од предавална). Прво ху д фак ис Христина? Второ некои буквално се помочкаа од смеење и си заминаа дома. Трето, вака напишано не може да се долови, ама во тој момент се урна факултет од смеење. Инаку оваа е истата професорка што им рече на две близначки колешки: - Како може двете на ист факултет да сакате да студирате? Цел живот исти работи ве привлекуваат? За еден маж двете ќе се мажите? Или кога седевме 5-6 души во слушална, а другите не беа дојдени, па таа вика: - Кажете им на останатите студенти дека многу го дрват вака од сабајле #НајјакаСиПрофесоркеСреќниПензионерскиДенови #ПомалкуКористиЈСП
Сдк дека неможам да се вклопам во современиот начин на живеење. Сум пробала...Н Е М О Ж А М ! Една од работите кои ме врзува ,,назад,, е чувството на припадност. Сакам да припаѓам некому. Сакам да сум дел од некоја заедница, да бидам тесно сврзана со останатите членови. Сакам да сум дел од ,,колектив,, Сакам да ме идентификуваат преку останатите членови. (...па и за ,,клан,, да се работи) Мислам дека колку и да вредам, уште поголема вредност имам ако сум дел од нешто. Фамилијата ми е најприродна група во која припаѓам.Ме прави да се осеќам сигурна. Она ,,Рефовци,, ми значи најмногу на свет ...тоа се МОИТЕ Не го сакам индивидуализмот. Не успеав сама
@referentka Јас пак воопшто не се индентификувам според некоја група. Инаку во твојот случај покрај обидот за индивидуализам и избегнување на некаква припадност а и мојот ние сепак припаѓаме во група на "Луге кои не се, а и не сакаат да припаѓаат во некоја група" ПозЗ3³ ®
Се надевам никогаш нема да ми биде толку досадно во животов за на толку порно што е достапно на интернетов да седнам да гледам стрим од собрание...