Е не се мажам, и што ми можете? Лелееееееее, нападни човеци бре. Јас едвај во 20те сум, да сум се мажела. Многу рано почнаа и мене да ми викат. Кога ќе шетам ја бе? Арно ми е уште по дискотеки и дома да не се прибирам. Дајте гледајте си таму за вас, јас кога ќе се мажам моја работа.
Уживај си додека можеш, а досадноте игнорирај ги. Моето мото секогаш било, проживеј и види се, искачања пиење шетање. Па после мажење, тоа не бега. За се во животот има соодветен период така да поарно млад да шеташ а после да се вдомиш отколку обратно
Секоја чест. И да, имам дечко кој го сакам, и планирам иднина со него, но не значи дека мора веднаш и да брзаме. Млади сме, има време за се, само кој да го разбере тоа.
Ради фемина без пари останав- пудрава добра била- купувам, сенки, римели, таму попуст, ваму поефтино и све живо купив. Среќа не отварам многу за бела техника иначе лошо ќе беше...
Само од она што недостасува, само од празниот простор кој наѕира, од пукнатините...Само таму може нешто да се роди. Нешто ново, убаво, чисто и по прв пат.
Во прегратките на вистинска личност поминува секоја болка, тага или разочарување. Молчам а радо би зборувала за најразлични теми од политика до вицеви, книги кои ги читам, смешни интересни статии би зборувала за се уште да имам со кого. Уживам во друштво на самата себе, кога го пијам првото утринско кафе но сум забележала понекогаш ме плаши тишината. Потребен ми е нов предизвик и нови цели, нова листа на приоритети, нов патоказ да си изградам и да чекорам повторно кон успехот со верба и истрајност, совладувајќи ги сите препреки само така ќе се почувствувам жива, исполнета, задоволна и среќна. Спојлер Новава работа не ме исполнува, како и да пристапам не оди, дури и ме ограничи, мојот збор нема вредност...не чувствувам ништо, никаква одлучувачка моќ и вредност на моето размислување и став, се чувствувам глупаво и бескорисно, а немав таква слика за себе претходно затоа што бев со луѓе кои ме охрабруваат, ме оценуваа, го вреднуваа мојот збор, а овде сум безгласна буква....
Кога ќе ти стане јасно дека нешто кај некого ти смета и нема да се промени само по себе, подобро повлечи се, отколку после да си ја чукаш главата
Мила не сакам да остарам тоа е проблемот а иначе не ми смета 30-ката ама ич се додека не ја наполнам, секако
Петок навечер, студено пиво, Реј и јас, заедно, по завршена втора. Блага меланхолија всадена во зачетоците уште во првата голтка, си шепотиме заедно дека утрешнината ќе биде подобра, а свесни дека ништо не можеме да смениме, едноставно да се препуштиме на моментот.
Денес се осеќам како да сум носела 200 кила товар на грбот со години и токму сега го пуштам за прв пат. Преродено. Finally. Без грам вина, полни гради самодоверба и ни трошка горчина си реков збогум. Дечки ни со милиони не се плаќа среќата и исполнетоста на душата. Денес сум нова особа. Лежам избањата, замотана во три броја поголема бањарка, издепилирана, исчупана, намачкана, намирисана, истурпијана, налакирана... нема крај женскотолуков значи Зборов ми вришти ама нема поубаво објаснување за целава наша плејада на поврзани активности за лепота одржавање хигиена. Ми се спие ми се плаче. Ќе стрпам 5-6 парталчиња во куфер апаратот на рамо и не му ја мислам ич. Мислам да не треба да праам список за три дена пат? Некои работи се менуваат, јас сум од корен смената, ама лабавиот пристап према патувањето не можат да ми го искоренат. Не е авантура ако не заборавиш нешто и ако не треба да импровизираш. Не е Доста ми се стресови за една година. Останете позади мене и никогаш не се враќајте повеќе. Иш Аревидерчи тути
Заради промовирање на работата со која почнав, отворив инста.па рандом додавав луѓе (одредена таргет група т.е жени). Седнав да разгледам што, како и со кого се следиме па ги препознав @marama @mssuniquee @EMoonlight @buba4e89 ама посебен впечаток ми остави @koritsaki . Значи зрачиш со позитива!
Додај ме пак, јас пак не ги пуштам тие што немаат слики или се некои реклами. Последно знам некого не пуштив, ти ли беше?