Predlog @krofnicka27 treba da dobiva dnevnica + rucek od femina so nejzinoto prisustvo i pridones 24/7
@krofnicka27 mnozinstvoto neka odluci ama na tebe ako ti dadat dnevnica plus rucek jas penzija kje im baram i ne se zafrkavav malky Malku poveke
Во близок круг на фамилијата има една личност што само оговара, ама не знаете што значи 24/7 некој да е окупиран со туѓи животи. Многу ми создава негативна енергија. Ми иде да се испокарам со неа. Само збори за други и се сити на туѓи животни болки. Без срам, без ништо. Стварно не знам како да постапам со неа, не знам. Игнор не е доволен јер секој ден се јајвува и ја слушам како зборат со баба ми. До толку бре да немаш твој личен живот, до толку...
На крај ќе испадне дека сме фамилија имам јас баба , од татко ми мајка е , абе 24/7 само оговара . Абе уста не затвара . И ќе види дека сите ја игнорираме дома ќе оди во соба и ќе се јави на телефон . Сметките до таван
Тоа е болест што нема лек,и да се караш и да се тепаш залудно е све,тоа се луѓе пореметени во мозок што јадат трици за секој,ај што зборат него и лажат си додаваат зборови измислуваат работи . Само Господ нека е напомош,тие се родени да бидат ѓаволи што уништуваат невини животи,и се ситат. Нема спас од вакви,прашај паталец не гаталец,поздрав секое добро.
Не знам што се случува со мене изгубена сум од сабајле подобро да не почнував ништо и да го преспиев денов. Ја средив цела куќа, блиставо се беше додека не ми претече кафето и тоа двапати по ред, следно се испрскав со зејтин спремајќи кајгана, шпоретот залудно го светнав лом се направи. Земав пуштив машина една кошула ми се офарба од една друга за која не очекував да пушти боја.... ќарот и зијанот браќа да ти биле, нека заврши денов побргу.
Мразам кога блиските ме местат да бидам посредник или судија меѓу нив,а уште помалку нечиј адвокат. Аман веќе,да сакав да ја работам таа професија ќе завршев правен факултет а вие не се потпирајте веќе на мене и не ме мешајте!! Доволно сте и сме возрасни за да играме сега расипан телефон
Седам на тераса, сама, со чаша црвено вино до мене. Го чуствувам ветрот и не мислам на ништо. По толку долго време сум без никаква мисла, ни една мисла не ми поминува низ глава. Чудно, но убаво чуство.
Лесно е да ги пропуштиме сите добри работи во животот. Одвоеното време за да ја увидиме цената на тоа што не прави уникатни е најдрагоцениот дар што може да си го подариме. После мигот на доживување ништо не може да се спореди со оправдувањата....
Излегов на тераса да се напијам кафенце. Тивко ветренце си дувка,топло онака како да мириса на лето плус тоа имаше и врнето. Ме обзеде некое убаво чуство.
Сѐ повеќе сфаќам дека ја имам онаа претерана осетливост, што те прави освен на личните проблеми со длабоки чувства да реагираш на настани во општеството кои ти ја прават тажна општата слика за истото. И да, дефинитивно е особина што би сакала да ја искоренам од карактерот. Не беше доволна деновиве сликата на омразата, способноста за посакување зло и оправдување насилство од страна на обични луѓе од кои со некои можеби и секој ден се среќаваме, разочарувањето од примерот што се дава на помладите дури и од личности во областа наменета токму за тоа... па предмалку отварам и вест за брутално убиено куче на сред бел ден во Центар — затоа што лаело! Би прашала каде оди светов и би зборела за искривени вредности, но тие фрази ми станале омразени токму поради нивното користење од страна на луѓе за кои најголемиот проблем е различноста и невклопувањето во општествен калап што никого не повредува, додека токму во нив тлеат тие негативности што според мене се дефиниција за истите. Едно копче за исклучување емоции и филтрирање на новости само за уметност, наука, љубов... ќе ве молам!
СДК..кога ќе ти се насмевне среќата ,искористи го моментот - прегрни ја.. ..не биди од оние сомничавите кои параноично мислат дека секоја насмевка има цел..
Преубаво е чувството кога ќе дознаеш дека некој ти ја согледал, сватил и разбрал внатрешноста од душата а не само амбалажата во која е спакувана.