Знам колку осаменоста може да биде неподнослива. Сепак, кога размислувам за љубов, многу повеќе ме плаши да не завршам со погрешен човек, отколку можноста да останам сама.
Очигледно не сум сама што ужива сама со чашка алкохол и слушање на ветрецот и некоја фина мелодија за медитација. Да, баш така се чувствувам. Доста стресна недела имав, сега само ми е потребно да молчам. Ме викнаа за излагање ама нема да излезам се надевам ке ме разберат и да не, тоа е што е, јас имам потреба да молчам и да бидам сама денеска. На здравје дечки
Ако може некој да ми каже до кое ниво е стигната човечката злоба? Ми се превртува во стомаков кога читам како луѓето посакуваат нечива смрт. Мислам дека оние луѓе кои посакуваат нечива смрт не ги прави ништо поразлични од оние кои направиле лоши работи. Не знам како и кога дозволивме да се случи ова. Се ситат на туѓата несреќа, се хранат од туѓата болка. Секое утро се надевам дека се ќе помине, ќе има повеќе љубов, разбирање и почитување, но со секој изминат ден сфаќам дека се движиме во обратна насока. Го допревме дното и веќе нема ништо да ме изненади.
Несакам да живеам во исто поднебје со насилници,утре може да се пролее и моја крв и ваша крв,и крв на некој наш близок. Гневен сум на државава и сите медиуми зошто брее не одвоивте една секунда барем да кажевте за кикавичкото дело што беше извршено врз моите браќа што пред 16г го бранеа народот и татковината,а за возврат на сето тоа два пати непријателот што беше главен за масакрите му дадовте медаља со функционер. Сите сте исти!!!!! Убијци само за фотеља мислите,а народот го вмешувате во крвави сценарија. Денес пред некој бар во Скопје било утепано куче со секира бидејќи лаело. Крвта на луѓето,животните остава флеки,што истите ќе ги гледате и плачете еден ден. И јас ги гласав овие црвени флеки,и јас сум учесник на сето ова. Сакам мирно навечер да шетам кај сакам,не со страв дека некој ќе ми свирне метак во темните улици каде што се движам. Каде е правдатаааа јас уште ја барам. P.s Кај акаш синко може да те убие некој стално го слушам тоа особено од дедо ми кој има 80г и поминал премногу во својот живот и свесен е за ситуацујава. Одам пак да акам да шетам,ако не ме акне некој Скопски тепач аха ќе сонува за тоа.
Е досадни сте више со тоа кога ке се мажиш, па кога ке се мажиш.....кога сакам јас, тогаш ке се мажам...Пријатно сега
Незаборавните животни епизоди се случуваат непланирано, најголемите сеќавања се доживуваат со затворени очи, најдлабоките емоции се раѓаат од површно допирање длабоко во душата...
Од такт ме извади ова со кучево. А највеќе типот шо му вика-бар тргни го од овде!!!! Море да бев таму кога ќе му ја зачукав една!!! Ниеден не се најде , еден да скокнеше сите ќе скокнеа....срамота. Све пи*ки у душа. Сме биле и ќе бидеме,таква ни е сортата.
Crna Dama истите прашања и кај мене, по овој редослед: а ти мислиш да раѓаш некад? Дома како китка ли ке те чуваме? Сите си се спастрија, ти што чекаш?? -Покана од дедо мраз чекаме ние ваквите, океј?
Значи ептен тапа ми е кога ќе се јави некој момак на другарките и ќе бара да судам за проблемите во врската нивна и за тоа кој е во право а кој не па спонтано ќе ми спомне да и кажам да му се јави оти госпожата е лута па не му прави муабет. Не, не ми е тешко да дадам мислење или совет ама луѓе дај пораснете веќе немора за секоја ситница да знаат сите и драми да се прават.
Сдк колку и да ти се промени животот, каде и да заминеш, никогаш не заборавај од каде си тргнал, и кој те израснал. Не ги заборавај лугето кои од секогаш те сакале, и ти помагале. Оној што заборавил, остај го, ке дојде ред ке затропа пак на твојата врата за помош. Не ја заборавај ниту куката која те израснала, ниту местото во кое си живеел. Тие се основите од кои си почнал, за да станеш денес што си.
Уште да не го видев 20 дена подоцна ќе беше добро. Еве ми го мај на прагот. Уште мај и јуни и се' ќе биде поинаку. Надежно ќе грее повеќе сонце и повеќе мир ќе имам после тоа. Како поминуваат годините станувам се потрпелива и посмирена. Си чекам пополека и си работам на мојот план. А во меѓувреме созревам повеќе и осознавам, уживам во малите, секојдневни задоволства и во слатките бегства од реалноста. Си имам прибежиште, потпора и безрезервна поддршка. Убаво е да имаш маж феминист, маж кој те сака и те вреднува, кој те држи цврсто за рака и се' ќе направи да не се губи насмевката од твоето лице. Таков да си барате девојки, и посакувам таков да си најдете, созреан, вреден, мил. Нема поубаво чувство од тоа.
Па така де, мислам стварно се многу досадни......колку да не кажеш, ама еден ден ке ти пукне, и ке им кажеш. Да де да, ке рагаш, и ке се мажиш кога ти ке сакаш, а не кога они сакаат. Искрено ич да не се замараш со вакви муабети
За муабетиве со мажењево... Прво - ај шо чекаш, мажи се!! После - ко се мажеше шо мислеше?! True story!!
Прашања: До кај си со факултетот? Дипломира?? Ај честито, работа барај ајде Ајде шо чекаш,мажи се,имаш работа уште тоа ти остана Се мажиш,па ајде кога дете? Раѓаш дете(пр.син) па ајде, кога сестричка, греота е само да расте МАКЕДОНСКИ СИНДРОМ