Луѓето не живеат. Поголемиот дел од нив не знаат да живеат. Тие само го одржуваат животот во нивните тела. Тоа не е живот. Таквите луѓе не живеат сѐ додека не им стане потполно неважно дали ќе живеат или ќе умрат. Кога таквите луѓе се спремни да го изгубат сопствениот живот, дури тогаш почнуваат да живеат. Но ако постојано го штитат нивниот живот, тогаш тие се мртви ... Можноста да се разбудиме е во директна врска со вистината која сме спремни храбро да ја прифатиме. Моментот во кој се будиме кај нас предизвикува чувство на светлина и тоа е најубавото искуство на светот.
Има ли нешто поубаво од тоа да заспиеш со насмевка? Има - да се разбудиш со истата таа насмевка и да те следи во текот на целиот ден *Smile! It makes people wonder... *
ако мислев дека 2016 год е лоша год не знам тогаш што да кажам за 2017та нз дали само кај мене е вака ама жими се 1 добар ден 2 месеци црни облаци.Немам сила и енергија да искочам од кревет од соба трепенито спрема луѓево ми е на 0 се осеќа тензија во воздухот се осеќаат лагите,апатијата,себичноста, ДЕПРЕСИЈАТА не дека не верувам дека утре или за 5 месеци може ќе ме огрее сонце ама до тогаш не сакам да го живеам животот не сакам да бидам меѓу луѓе сакам само да си седам во соба и да гледам серии барем они ме прават среќна и не можат да ме повредат или да ме осудат
Ја би во Танзанија, да си ранам некоја жирафа и да си ја галкам по крзното,шарено и меко. Далеку од сите споделени видеа со контроверзна содржина,од сите негативни наслови па и случувања. Далеку од медиски експонирани луѓе, кои служат како авторитети, а не вредат ни скршена паричка, туку се само дебело платени.СИТЕ !Далеку од еден тон разочарување и од сагата-мило за драго која се протега околу нас. Далеку од стравот кој се чувствува во разговорите, во домовите, на фејсбук, во сонот.. Далеку од градски промет, далеку од се. Сакам да сум таму каде луѓето си го слушаат срцето и си го гледаат чајот. Бистрат глава а не политика, се радуваат на сонце а не на туѓи неуспеси и грешки.Таму каде што се живее под истово сонце, а со поинаква енергија.Таму каде што има само една страна, страна на љубовта. А не распетие од две или три... Таму каде што ми е душата. Таму.
СДК дека акцентот на претходното мислење ми беше ставен на колнењето како патолошка дијагноза во нашево општество, затоа и мислењето беше во оваа тема. Нејсе... И прашање до модераторите на темава, кога се преместува мислење, дали ние треба да добиеме нотификација, информативно за истото или не мора? Паметам кога прашував за цвеќиња тука, па ми беше преместено мислењето, добив нотификација, а сега не. Благодарам од напред.
Секој ден јадеме стекови,пилешки паштети,пршути ама тоа дека убиле едно куче со секира е јака вест па дури и се збирале на протест у Дебар маало. Лицемерство...што демек пилето го убиваат хумано со инекција против болка
Мислам дека не зависи толку до нив колку до самата платформа врз која е направен/лежи форумот. Не знам како да објаснам но мислам дека автоматски оди тоа со нотификациите освен они ако не ги контролираат кои нотификации да пуштаат кои не, што чисто се сомневам. Работам со вакви ствари па од тука имам некое мало познавање, може грешам, нека се изјаснат они. Иначе СДК дека цел ден онака лагно си работам на еден мал проект кој можам у рок од саат време да го завршам, ама не. Кафе, ручече, па ај ке забришам, па ај форумов малку, па ај нешто др по малку. И така ке ми помине денот
Дефинитивно во животот на една јака и несопирлива жена има само два мажи. Еден кој ќе и го промени ликот, кој ќе и даде сила, сон, мотив, енергија, кој ќе ја научи да се сака и по кој ликот на сликите ќе и се промени, светот ќе и се промени. И еден, ете еден кој му претходи на овој, кој ќе ја запоставува и оттурнува, кој неважна ќе ја стори, комплекси и болки ќе ја наполни цела и кој чим го помисли ќе ја веднее главата пред себе. Е по овој таа ќе успее се, бегајќи , преродувајќи се, давајќи се, создреваќи..... ете само овие двајца се важни...а другите, другите се само станица каде морал возот да застане...
Едно бе не ми е јасно..Дава интервју на новинар од соседна држава и со сите сили јазикот си го искриви да "прича српски". Зборувај си на својот јазик,на крај ако до толку не те разбираат,ќе си преведат во нивната телевизија. Сами јазикот не си го почитуваме,а очекуваме некој друг тоа да го направи.
Сакам да кажам дека ... Размислувам дали @k.i.m која е креаторка на темава сеуште е активна - Како се чувствува поради популарноста и успешноста на темава !? Штотуку се најадов сега, леле лук изедов колку што можев. Толку лук не сум изел последниве година дена. Сестра ми ми вика да не зборам затоа што многу и мирисало Да му се сневиди, колку е нежна, не може природен парфем да поднесе Правда за лукот. Да ЖИВЕЕ ЛУКОТ !! Лук 4 life !! ПозЗ3³ ®
Мразам што мора постојано да си го подесувам интензитетот. Јас сум интензивна личност ставена зад решетки да не наруши нечие инфериорно и кревко его кое нонстоп стрела со очи полни осуда! ..ме изморува сето тоа. Кога ке биде доста? Кога ке научите за прифаќање на се што е поразлично и не се вклопува во вашиот безличен шаблон? Кога ке си ја смирите безпричинската омраза длабоко всадена во душичките ви празни? Кога само би погледнале во себеси наместо во другиот и би си ги решиле проблемите со вашата незадоволност од себеси и не би ги проектирале љубоморно врз секој еден кој навидум ви делува како да има нешто повеќе од вас, светот ке беше едно подобро и посветло место за живеење. Или па можеби премногу идеализирам, еве не знам. Ама знам дека секој еден од нас треба да дозволи малку емпатија да им го огрее срцето. Индивидуи со ниска емоционална интелегенција.. подалеку од мене!
што не сум на работа,на школо, да не ги слушам моите како се караат. Не се поднесуваат како стареат, не можам да ги гледам вака. ахх
СДК... Продолжен викенд е одлична работа после бурен петочен ден на работното место. Се чувствувам како ученик на распуст. На ред е избор на лектира...
Ах, оваа моја Македонија, еден голем брод на сред бура, полн со лудаци и една иста посада, само капетаните се менуваат
Сакам да кажам дека добро е ова со нотификацииве, штом се вклучив веднаш забележав дека @Читател размислувал за мене И да ти одговорам, не се мои заслугите за темава, веќе претходно беше отворена од Marley, јас само ја продолжив традицијата Ама мило ми е што е успешна и што се уште активно се пишува тука. И не знам која случајност ама само што се прејадов лук. Добро е што цитати постојат, вака испаѓа ко да си направивме сами муабет, да не им мирисаме на другиве околу нас
Книгите се најтивките и најпостојаните пријатели, тие се најдостапните и најмудрите советници, тие се најтрпеливите учители.
СДК дека секој ден ми е се' повеќе мило што последнава година почнав редовно да пишувам на форумов... Добив многу совети, научив многу за тоа колку животот може да биде убав, но и суров... Добив и коментари дека сум оставила впечаток, што значително ми ја зголеми самодовербата... И најважното,почнав да стекнувам пријатели,кои, иако виртуелно (засега) знам дека се тука за мене во секој момент