Повторно изгубена. Веќе година и пол помина откако го заборавив, а денес.. Денес повторно го видов на начинот на кој порано го гледав. Повторно се распламтија оние луди чувства во мене.. Иако бев уверена дека тој тотално излезе од мојот живот, еве го.. Го погледнав, тој ме поледна мене.. Нее.. Повторно разочарување од самата себеси.. Девојкоо, животот оди понатаму, во средно можеби и заедно ќе учитее.. Уфф, постојано ми е во мислите.. Не беше вака порано. Воопшто.. Денов ме замисли.. Си ги отворив чувствата на самата себе. Сфатив дека никогаш нема да се сруши ѕидот помеѓу мене и потполната среќа.. Никогаш. Но, тоа е..
Знаете во што е тајната на среќен живот? Да не дозволите врз вас да влијаат реченици од негативни личности кои ќе ви го расипаат денот,а и што е уште полошо да се чувствувате потиштено. Не доволувајте во вас да се појави некој страв само поради што ќе ви речат: ,,де, полека, немој да се разочариш не се обидувај’’ или ’’ти си таква (слаба,дебела)‘‘. Стравот секогаш ќе биде присутен во секој еден од нас,но најважно е да собереме сили и да веруваме силно во себе.Да не се грижиме што мислат другите за нас, туку ние како се гледаме себеси. Дури и кога најблиските нема да ве поддржат,не грижете се.Секогаш правете го она кое навистина го сакате и борете се за тоа без разлика на се’.А што се однесува до изгледот прифатете се самите , секое тело е убаво, не разбирам како така денес вреднувате ? Сте се запрашале ли самите дека не е се’ до изгледот? Дали знаете што значи вистинска убавина? а? ** Како и да е, денов максимално ќе го искористам за одмор. Најважно од се е да имате насмевка на лицето. Замислете колку е убаво да видите наоколу среќни лица? Пријатен ден на сите
Незнаев дека мојата насмевка и мојата самодоверба можат толку да влијаат на некои луѓе. Пред некое време една личност во контекст на реченицата со зборови потчинети со гнев отворено ми го кажа тоа. И да ќе продолжам да одам гордо со исправена глава, ќе продолжам да ја носам насмевката на моето лице и кога солзите се спремни да потечат од моите очи. Бидејки научив да не покажувам слабост пред оние кои со нетрпение чекаат да ме видат поразена. Нека ме гледаат силна и среќна, тоа ги боли.
1мај е трудов ден и него го прославуваат САМО работниците. Јас незнам што толку децава се возбудуваат,као у работен однос да се.
Се појави сонце и оп Вестлајф веднаш расположена,мотивирана,прекрасно се чувствува штотуку си дојде дома веднаш се фати за книжето. Ајде дај боже секој ден и тоа и јас да сме си такви. Имајте убаво попладне феминки.
Ја имав честа да минувам време со отпадници на игралиштето. Од оние, школските отпадници. Фини деца. Бидејќи немаше со кого, се договорив со една намќореста другарка. Требаше, нели, баскет да играме. Игравме. Но, тоа беше најлошиот баскет во мојот живот. Полн со грешки, но нели на некои луѓе не може да им се објасни. Нема врска. Велам, дружењето со отпадници... Кога стигнав таму, налетав на три деца и мало девојче кое многу „елегантно“ се бесеше по стативи и кошови. Си помислив - се дружат. А всушност момчињата се обидувале да ја избркаат. Ја нарекуваа к*рва. Помислив дека не е во ред така да велат и дека секое девојче смртно ќе се навреди од тоа. Еден од нив на шега ја праша „колку пари за една вечер“.. Ми се смачи. Морав да изберам страна, да се предадам на субјективноста и да им кажам на момчињата дека треба да престанат. Потоа седнавме на клупата со другарка ми. Дојде едно девојче кое ми беше познато. Веројатно сум ја видела во ходникот на училиштето. Беше со ролерки. Ни рече дека само што побегнала со ролерките бидејќи мајка и не дозволувала. Рече и дека пропушта тренинг и дека цел месец не се појавила. А потоа почна да ни зборува за девојчето кое го нарекуваа к*рва. Рече дека на новогодишната ноќ... сите момчиња ја...допирале, а нејзе и било сеедно. Сега гледам зошто. Сомнително ми беше тоа нејзино бесење по стативи. Премногу...перверзно изгледаше... А помала е од нас. Шесто одделение.
https://www.youtube.com/watch?v=1Mj8EtdQPI0 Јер се тужне девојке љубе најлепше. Одевме на двете страни од улицата, не беше сам. И секој на своја страна. По 15 минути ѕвони. Врати се да се видиме, да пиеме кафе. Некако не сум за викам и немам одоговор на прашање зошто, убаво си го одеше патот пред себе и оној до тебе. И не знам зошто срцево сол ми е кога мислам на завршени приказни, дечки кои веќе имаат девојки со кои очигледно глумат љубов? Од друга страна имам една ни завршена, дури и се прашувам дали била и почната и ме исполнува што веќе низ уши ми излегува убост. И еве сонце ѕирна малку и се прашувам до кога ќе си ги шетам овие кг качени од зимава. Не дека ме ужаснуваат, ама па и не ми се омиленки.
Сакам да кажам дека вакво пријателство како што има во моето друштво на друго место нема. Толку слога и љубов на едно место. Никогаш нема да се помирам со тоа ако некогаш ги загубам. Господ никогаш да не не раздели
Добро мор summerke, не се паничи, не се нервирај, кроце...сакала да си каже нешто членката :geek: Ама добро и така сакаше и ти да кажеш нешчо