Пред некој ден слушнав разговор помеѓу мала внука и баба, и никако не можам да го заборавам. Бабата ни е комшивка, па вуката и беше дојдена на гости. Има само 5 години, а нејзините се разведени откако има 1 година. Како да му објасниш на 5 годишно дете што е развод? Зошто за викенд оди кај тато, а преку недела седи кај мама? Зошто не се сите заедно? Што значи тато? Што значи мама? Јас бев на тераса и го слушам тоа милозвучно мало гласче: Девојче: -Бабо, зошто чичо Тони (новиот маж на мајка и) живее кај нас а јас не го викам ТАТО?...Зошто оној човекон што живее во Ѓорче го викам ТАТО? Мене тато ми е чичо Тони ли? Баба: -Тебе татко ти е Гоце...Не викај за него -оној човекон- ...Тој ти е татичко, а Тони ти е...хммм...само чичо Тони...така викај го... Девојче: Ама и Ана и Мила и Марко и Давид, си го викаат тато оној што живее со нив...Нивниот тато не живее во Ѓорче? Тие немаат ли со нив чичо Тони? И учителката Сања ни рече дека мама, тато, братче, сестриче и куче си живеат заедно...А тато Гоце зошто не живее со мене? Во Ѓорче се сите татковци? Баба: ..... Многу жал ми падна. На некои луѓе им е пишано да пораснат така. Со безброј прашања...Со нови ликови околу нив...Несфатливи ситуации... Само се надевам дека тоа мачо девојче во иднина ќе си има среќа, ќе си створи свое семејство и ќе и се разјаснат многу работи.
Луѓето се лепат ко оси на мед кога гледаат дека тонеш во жива кал; се тешат ли вака ситејќи се на туѓите страдања не знам, но знам дека во истиот момент кога сетат дека се разбудила пролетта во тебе, си го фаќаат патот ко птици-преселници. Секако, остануваат само оние два-тројца, а можеби ни толку; оние кои знаат искрено да се радуваат на нечија туѓа среќа која не засега нивни лични интереси. Ако, нека ги...на крајот од денот, што ќе ти се луѓе кои не знаат што е искреност?!
Дали само јас приметувам дека скоро сите нови членки што пишуваат тука се крајно дрски? Не ми се ни прави муабет со нови членови најискрено. Многу попријатно се чувствувам со овие што веќе имам дискутирано на некоја тема на форумов ова другиве ке почнам да не ги есапам.
Па ако се даде инјекција против болка ќе се рашири низ крвотокот, па нема да е убаво месото Убаво си прават луѓето, зошто психопатите така си почнуваат, прво на животни па на луѓе.
Понекогаш подадената рака која сака да ни помогне,наместо да ја фатиме ние ја плукаме. Е оти вака чудна работава Шо му е на народов бее браат Продавам тикви без семенки цена инбокс се знај
Модератори.. Темава е чат муабети како во нејзините "најдобри" времиња. Читам наназад... Најдобри години 30 тите.. Не е точно. Тоа е индивидуална работа. Секоја доба од животот си има по нешто за кое е најдибра. А она најдобар дел од животот? Укусив доста убавини,скапоцено болни моменти,но тек во исчекување на уште подоброто. Сакав онака писмено да размислувам на темава. Она да биде хартијата. Затоа влегов. Уморот го поразува она парче кое сакаше да се опушти. Се предомислив и сакам на ништо да не мислам. Да уживам во тишината,мирот и мирисот на моето богатство.
Немам кај да ја истурам нервозава што ја чувствувам во мене. Мислам дека ќе пукнам. Не сфаќам што цел имаат некои луѓе,ем ги игнорираш ем се понашаат како кралеви. Боже сешто крпи земјава.
Некогаш од што сме добри и наивни не гледаме подалеку од сопствениот нос, а на само некое метро од нас "пријателите" ни се потсмеваат на нашата наивност и ја плетат мрежата во која откако ќе паднеме стануваме свесни во каква "бајка" сме живееле... Keep your friends close and your enemies closer..
При напуштање,треба да постои причина,а на другиот да му се даде право да одговори. Не се заминува тукутака. Тоа би било детски постапка
Најчесто сочувствувам со другите, дури и да станува збор за не толку добри луѓе. Кога ќе ги стигне правдата Божја и ќе се најдат во големи проблеми и маки, од една страна ми е драго заради правдата, таа треба секогаш да си го најде својот пат, но од друга страна го сожалувам истиот, не му се ситам и радувам, сепак е човек. Мисла која ме води да го напишам ова е нешто што прочитав овде, а тоа е неверството во бракот. Ужасно дело. Е тоа никако не го оправдувам и тој што изневерил не заслужува од мене никакво сожалување и никаква милост. Јас ценам човек, со карактер, со ум, со вредности. Каде е човечкото, карактерот, умот и вредностите кога ќе дадеш збор дека ќе останеш со еден човек и со него ќе изградиш тврдина, а после одиш и легнуваш со други? Па уште и да забремениш со тие други и на крај да се чудиш што ќе правиш?? Некои работи не ми се за верување. Но најважно е што има правда Божја.
У последно време почнаа да фрчат поздрави кон Петрета наш @Petar80 Шо стори бе другар? Јас денов ке го работам јер одвај до пола сработев вчера ама не е страшно Имајте убав ден другари и другарки
Некогаш се лутам за глупости, велам зошто Господе ме казнуваш, што згрешив? Но, кога ќе размислам подобро си помислувам колку сум будала. Здрави и живи ми се најблиските друго не ми треба. Прости Господе за лошите мисли и ти благодарам што ми ги чуваш најмилите.
Убав е денот за да не знаеш што да правиш. По ливади и по планини не сакам да одам, освен во зима за скијање. Крајно време е да се запишам на автошкола. Ај за некој месец... уште такви нерви ми фалат и нервен слом ќе доживеам @Peco Се читаш ти бе што пишуваш ? Само кај нас животните немаат права, секаде на друго место одговараш за нивниот живот. Убаво прават што протестираат, можеби некој се грижел за кучето. Луѓето се приврзуваат за животните зошто со нив чувствуваат среќа. Ако некој му го направи тоа на моето куче, ќе биде исто како да ми убил член од семејството и ќе се погрижам да сноси последици за делото што го направил. Психопати се тие што го поддржуваат, а не тие што се против него , а ти по ова изгледа на негова страна си.
Ем први, ем понеделник. Дупло обожавам има денов за мене. Ем ми е прв работен ден, ем празнично слободен. Ако по почетоците се познава...нека тера само
За денес имав покани повеќе страни, ме викаат да не сум седела дома сама, а мене ми се седи дома сама, оти тој не е тука. И да одберев да отидев со некој од друштвата немаше да си поминам лошо, ама самата помисла дека тој нема да е до мене и помислата на уште еден празник далеку од него не ми е удобна. Со секој изминат ден ми недостига се повеќе, се дружам и социјализирам колку да не седам дома, ама се што сакам е да седам дома со него, да гледаме филм и да се гушкаме. Искрено, најискрено се молам да ми одобрат виза и да си летнам таму оти во спротивно до септември мислам дека ќе си пукнам. Тешка е далечинава многу, десет години константно бевме заедно и сега да не го видам со месеци, ептен ми е мака. Си ја носам маичката негова по дома, ама веќе не мириса на него, а толку многу ми недостига неговиот мирис. И ме расплакуваат онака банални работи и секој разговор на скајп завршува со некоја солза. А и покрај другото многу се плашам. Имам константен страв да не му се случи нешто, а јас не сум крај него. Толку лоши работи читам дека се случуваат таму што од мислење не можам да спијам како што треба. Со денови не сум наспиена, на штрек сум и се будам 100 пати да видам дали ми пишал дека си дошол од работа и дека е на безбедно. Многу ми е тешко, ако не добијам виза не знам, не сакам ни да мислам како ќе издржам уште толку месеци...