Ќе помине и ова, но за да помине треба борба. Тешка борба со ноките, празниците и деновите. Треба борба со солзите и разумот. Ќе помине.. А вие ќе излезете победници на крајот од борбата со солиден живот и преубава љубов во едно. Ова ти го кажува жена што над 2 години го поминуваше овој пат. Плачеше на секој празник, на секој делник и на секоја навлака од перница во нокните мугри.
pupi.girl и кокошка е животно :/ Како мала на викендица чувавме коковчиња и се играв со нив, ги галев а после знаете кај завршија, нели? Не сум месождер ама слаба сум во одбивање на јадења што ке ги направи баба ми некако ми е жал да ја одбијам а знам дека со цело срце ме чекала да дојдам и да ми направи за јадење.
Значи ако го јадам дозволено е да се убие.Во Кина кучињата ги јадат значи дозволено им е и нека им е Наздравје мевцето
Во последно време многу љубоморни нешто на Петрета, шала другар. Си ме почитуваат виртуелниве другарки. Ајде одам скара да направам убав ден на сите
Не знаев дека треба да имам дечко, за да бидам поканета за денес..... Буквално се осеќам ко црна овца.
Ауу извини вегану. Протеини мора да се внесуваат, а најдобар извор за тоа е месото. Во Кина ти не си, туку во Европа. Ако ви е исто убивање на куче и кокошка мислам до вас е проблемот, а не до мене. Повторете си кои животни влегуваат во ланецот на исхрана кај човекот, а кои спаѓаат во миленичиња. Убав ден
Не сакам повеќе да се социјализирам. Каде ќе го воспитувам моето дете? Со луѓе со его до плафон а никакви вредности? Не. Јас не сум станала сноб. Само не сакам да сум опкружена со проста ограничена и привидна раја, делумно неписмена и восхитувачки самозаљубена. Никаква самокритичност интроспекција, емоционална интелигенација. Смрдат на глупавост. Предолго бев изолирана од простата раја. Бев опколена со интелектуалци чија најголема мана беше воздигнатоста. Ама после вракањето во реалноста денес... згрозена сум. Игнорантноста е на секој чекор. Ова ми е последна грешка. Ќе си истанам настрана од рајата. Мал круг одбрани луѓе ми се доволни. Може сум и сноб. Како и да е... мноооогу прост народ има.
И јас како и @1209 имав повеќе покани за денес, ама кога си тесен во џебот си бараш подобра опција да поминеш со толку колку што имаш. За жал имата такви личности за кои сама им дозволив многу права да си земат за право да наредуваат. Од кога се пронајдов себе си која сум и што сум и си ги бранам своите интереси и си кажувам своите ставови некои си го покажаа лицето. Не сум јас ничиј роб за мене некој да ми командува што да правам и со кого да одам. Само верував дека ми биле пријатели и дека ми мислат добро напротив тие ми копале гроб. Се додека ми е мирна совеста немам што да се грижам. Се обидоа да ми го расипат денот на крај самите се расипаа во душа.
Јас разбирам дугарка да ти се меша во врска, па и братучетка, ама мајка ли? Па згора на тоа да ти рече мило ми е што раскинавте ете тоа никако не ми влегува во обрачот на мојата разумност. Прости им Господе незнаат што прават.
Сите ние секојдневно се бориме. Некои имаат здраствени проблеми, некои проблеми со пари, трети проблеми во врската. Толку многу се фокусираме на таа борба што преживувањето ни станува единствена цел! Заборавме дека животот треба да биде многу повеќе од преживување. Се додека целта ни е само преживувањето, не можеме да стигнеме до местото во нашиот живот каде што ќе имаме се.
Мислам фино што излеговме и прошетавме на денов но како чичковциве и теткиве со 150/200 евра плата денов го испратија со песна? Или важи она среќата со пари не се купува... Ах, мојата чудесна земја
Јас празников си го поминав дома со мајка Едноставно не ми се идеше ама баш нигде, и решив дома да си седам со неа. За мене 1ви мај е обичен ден. Така да и дома убаво си поминав со мајка.