Ако неможеш да се справиш со негативната енергија во себе,потруди се да не ја шириш наоколу. За некој луѓе важна е нашата насмевка многу повеќе од намуртено лице.
Кога стана родителството битка за надмоќ меѓу родителот и детето? Не може мене едно дете, прцле, да ме манипулира, пих. Од каде тој комплекс? Така воспитуваме идни генерации, во постојана борба да не завршиме изманипулирани. Што со љубовта, со согледувањето на потребите на детето, на суштеството кое ние сме го создале зашто сме имале љубов за давање? Од кога почнавме да мислиме дека се што прави детето е за нас да ни го "загорчува" животот? Се почесто слушам, нема оно кога сака и каде сака, мене ли ќе ме команда... Јас како дете не се сеќавам дека сум имала такви мисли. Сум сакала да спијам со моите некогаш зашто сум осеќала дали потреба, дали страв... Не за да ги мачам нив. Сум сакала да одам сегде со нив зашто сум имала анксиозност, не од инат за они сами да не одат. Со моето дете не водам битки, нити планирам да го правам тоа. Секој има избор, а мојот е љубов, толеранција и разбирање. Не манипулација, надмоќ и наметнување.
Ме измени трајно, твојата желба да ги спознаеш сите причини, кои тебе те измениле. Толку многу сакав да ти помогнам, а сега сум немоќна, вака изменета. Сакам да ти кажам, благодарам, иако се чувствувам како предавник. Сакаш да го вратиш времето, но премногу си чесна, дури и не спомнуваш дека ти недостига, мојата поранешна насмевка. Ајде, ќе видиме, предолго си моја, не те оставам сама. Верувам дека на крајот од нашата патека, те чека она,што со години го посакуваш. Другарке моја, мислев дека ќе биде полесно многу.
Чуден разговор денес со тип постар од мене некои 5+ години. Демек немало потреба да размислувам многу за мажи барање, туку да си најдам некој и да си оформам фамилија па бракот ако не успее ке си ги имам децата. Не бе! Каде вака? Може е во право дека годините ми течат ама по секоја цена да оформам фамилија со некој туку така па не можам бре. Како тоа сега? Па јас идам од таков брак и сега истата раб да ја направам и јас? Да направам традиција у фамилија од распаднати бракови? Нека ми дојдат и 40те ама нема да создадам фамилија се додека не го најдам тој некој со кој ке си се чувствувам убаво, своја, како дома. Не би јас за таква работа уште...
Не знам зошто постарите постојано велат дека се поискусни и затоа се во право. Сфаќа ли воопшто некој што е искуство? Дали си искусен ако сè ти оди како подмачкано во животот за потоа на некој дупло помлад кој преживеал сè и сешто да му велиш дека ништо не видел во животот? Дали си искусен ако животот си го поминал на безделничење и да ги лажеш другите околу тебе дека си се обидувал нешто да постигнеш, но не си успеал? Или пак си искусен ако не знаејќи што си сакал во животот, самиот, по своја вина си се одвлечкал до пропаст за потоа да ги тераш другите да те сожалуваат бидејќи "многу си преживеал"? Ако животот е само да се родиш, да јадеш, пиеш, запознаеш (добри) луѓе, да се омажиш/ожениш, имаш деца и со нив безгрижно ја дочекаш староста....во ред искуство е, но само настани кои самите бираш да ги искусиш затоа што те исполнуваат... Што е со случувањата кои не можеме да ги контролираме? Што е со искуствата кои не ги бираме? Што е со луѓето кои не можеме да ги бираме во животот, а кои само ни ја одземаат волјата за сè? Што е со оние моменти кога не сме сигурни што нè чека утре? Деновите кога ни било смачено да живееме, но сме решиле да продолжиме, дури и без поттик од никого... Токму тие искуства ни го покажуваат животот, ни покажуваат дали вреди да продолжиме напред, дали вреди да се бориме токму за позитивните искуства кои ќе нè исполнат и ќе ни покажат дека добро што не сме се откажале некогаш... Никогаш не кажувајте на еден млад човек, тинејџер, па дури и дете дека ништо не видел од животот затоа што малку време живеел... Искуството ни зависи од тоа како сме го живееле животот, а не колку. Искуството го кажуваат очите на повредената личност, нејзините раце изморени од носење преголема тежина, не бројот на годините... Едно искуство е доволно да го сфатиме животот, кое за жал не бира на која возраст ќе му се случи на еден човек.
Во последно време многу пијам бело вино,а до скоро не сакав ни да мириснам бело вино(ова за црвено не важи,оти црвеното го пијам со ќеиф одсекогаш ). Ете плус работа за која сум рекла нема да ја направам никогаш,ама ми прераснала во навика ко што гледам
Се уште постојат мажи што мислат дека ако и развикаат и ја понижат во јавност сопругата, ќе изгледаат ко прави МАЖИ во очите на другите. Што не се најде некој паметен и да им каже дека изгледаат ко неизживеани сељаци, а не ко нормални луѓе. Инаку многу се интересни оние мигови додека се тушираш, и наеднаш ти текнува дека си го заборавила бојлерот приклучен, а во исто време некој ти ја гаси сијалицата во купатило, па ти едноставно не си сигурна дали си жива уште или веќе патуваш во небесата....можеби те удрила струја...можеби безболно си поминала...можеби ова е твојот дух... Па си трепкаш со очињата по темница...
Пoмoгнaв некoму. Непoзнaт. Не е битнo. Тукуу мијaтa симпaтијa билa 3 гoд. Пoмaлa oд мене. Штетa. Кревaм рaце.се oткaжувaм. Ахх
Е денеска ова ми се случи е баш ова отклучувам врата од колата влагам го пуштам радиото,ставам појас,и сега нешто ми фали е погодете што клучевите ми ги нема да ја упалам колата Кај се бре Зоки кај ги стави барам во ташничето ги нема и сега се чудам како отворив се мислам,мислам мор изгубен на врата ти беа 5 минути како удрен вмозок ги бараше Некој ден и јас ќе се изгубам,остај све нема да ме најдат којзнае кај ќе зафатам усвет Купувам GPS навигација за понуда на цена се знајт во инфобокс
Boli......do srzta na koskata boli...te molam Boze ova da bide posleden pat da me razdelis od cedoto samo te molam ne te prasuvam ZOSTO....Cuvaj mi GI trite angelcinja gore zaedno ....Milo moe morame da se razdelime utre ama imas dvajca batkovci gore na neboto ke bidete zaedno ke se cuvate zaedno oti mama nemoze ...Boze te molam ne davaj ja ovaa bolka na niedna zena ,na niedna majkicka...offff lele tesko e mnoguu ama morame, imavme mnogu planovi zaedno mnogu sonista,l....
Сакам да кажам дека .. Моментално седам and dreaming about Америка. Ми згасна надежта повторно да отидам таму. Има само уште една шанса која математички веројатноста да се оствари е 50:50. Дали да плачам од напорот за последниот обид или за каењето од пропуштањето и на оваа последна шанса !? Ќе пробам уште еднаш и што да се случи нема да плачам, затоа што ќе знам дека сум отишол до крај ... ! ПозЗ3³ ®
Сакам да кажам дека денеска сфатив дека за луѓето повеќе да ве ценат морате да научите да им се лутите заради нивните постапки кои ве повредуваат.
Сакам да сум еден голем облак,да се изплачам силно,најсилно на свет,моите солзи да паднат на земја и таму да останат,да испарат..... Сакам додека јас плачам да плаче и цел свет,знам на луѓето тешко им е да се исплачат,затоа вака би имале изговор дека водени се од дождот... Сакам потоа да изгрее силно и ново сонце за сите,сакам нашите очи да не дознаат повеќе за болка и солзи,душите наши да се сплотат,човек да му подаде рака на нечовек,и да се создаде мало делче од рајот тука на земјата. Сакам....
Непамтам последниве неколку години дали има ноќ во која не сум плачел,се сеќавам секоја ноќ на последниот ден кога ти кажував колку те сакам МАЈКО,колку ке ми недостигаш,колку ке ми фали твојата насмевка,твојот глас,твојата мајчинска љубов,се сеќавам дека ти имав купено црвено срце на кое пишуваше(МАМО ТЕ САКАМ).Проклето ми фалиш,те барам низ сонови,мечтаам да те видам барем уште еднаш,барем уште еднаш да ти го слушнам гласот,ме боли све,целиот живот ме боли,целата снага ме боли,веќе ништо не е исто без тебе,срцево колку и да го крпам џабе,ке помислам на тебе и пак се крши на милион парчиња,аххххххх животе што ми направи.
Никогаш не се откажуваjте од вашите планови или сонови. Кога тогаш ке се остварат. Моjот сон почнува од 10 маj. Иако го чекав подолго време, секогаш се исплати. Конечно после подолго време се чувствувам исполето и корисно. Иако ке бидан далеку од моите, барем знам зошто одам. Премногу сум сум врзана за моите(посебно за мачката), ама кога државата ни е аут, чарето надвор си го бараме.